top of page

Кој се крие зад „Soft White Underbelly“?

автор: Лени Гелева





Facebook како предлог почна да ми дава видеа од проектот наречен „Soft White Underbelly“. Овие видеа не се за секого, благо кажано. Преку нив, авторот го каталогизира најранливиот слој во американското општество, зависници, сексуални работници, бездомници, па се до членови на Ку-клукс-клан, членови на банди, педофили и семејства со инцестуозни врски. Видеата се едноставно направени со статична камера, но сериозно со добро светло и како серија на документарци со интервјуа со луѓе кои имаат потреба да ја споделат својата приказна, со хумано водени прашања. За некои субјекти има повеќе видеа, односно продолжение на нивната приказна. На почеток темата изгледа како обид да се шокира, но гледајќи неколку од нив гледачот увидува дека не е така и дека се работи за автор кој автентично се интересира за ближниот, автор кој се интересира за животната борба - да се најде љубов, среќа, реализираност, да се преживее во светот.


Ме заинтересира кој е човекот кој толку посветено се нафатил да работи со толку тешки субјекти и затоа решив да истражам за него. Дознавајќи ја неговата лична приказна, неговата работа ми стана пофасцинантна. Се работи за фотографот Марк Лаита, своевремено комерцијален фотограф кој работел за најголемите брендови како Адидас, Кока-Кола, Мерцедес итн. Во еден момент презаситен да работи за други го почнува проектот „Soft White Underbelly“ кој е целосно негово чедо. Од него вели дека не заработува туку напротив парите што ги заработил во текот на својата успешна кариера ги троши на него. Има многу луѓе кои што го ценат она што го работи, но има и критики дека таа е експлоататорска. Тој на тоа одговара дека фотографијата и видеото се најчесто експлоататорски, кога сликаш некоја убава девојка ќе се каже дека ја експлоатираш нејзината убавина, но луѓето треба да знаат дека некои работи постојат. И дека не го прави ова за другите, туку за себе и не се задржува на коментарите, без разлика дали се тоа позитивни или негативни коментари.

Тој не заработува од своите видеа затоа што за темите што ги обработува не може да добие спонзори, но не ја исклучува можноста дека еден ден ќе почне да заработува, но како што вели сака да ја подигне свесноста за тоа што се случува во неговата земја, особено за сиромаштијата, насилството, зависноста и се што е деструктивно. Претежно работи во своето студио во Лос Анџелес, но исто така патува низ цела Америка и продолжува да негува односи со своите субјекти и по завршување на снимањето. Има строга работна дисциплина што значи 8 часа на ден секој ден и за викенд.

Неговото најгледано видео е за семејство кои живеат во инцестуозна заедница во рурална Западна Вирџинија во крајна беда и кои комуницираат со лаење и гровтање.

Можете да ги видите неговите виде на неговиот Youtube канал:

или неговиот Facebook page: https://www.facebook.com/SoftWhiteUnderbellyOfficial.


Comentários


bottom of page