Настапот на Супербол полувремето гарантира дека ќе направи една работа: луѓе, многу луѓе ќе се поплакуваат колку е тапа, не чини, Принс го направил тоа подобро, па дури и ќе бидат скандализирани доколку видат малку повеќе кожа.. Но Ашер во петокот успеа да ги обедини дури и најкритичните мрчатори во воодушевување од настапот.
Ашер (Usher) ја презеде сцената на Super Bowl LVIII Halftime Show во неделата вечер на величествен начин и изнесе неколку големи иимња како специјални гости. Шоуто се одржа во неделата во Allegiant Stadium во Лас Вегас, Невада, а пејачот од Атланта се потруди на сите можни начини да донесе настап перформанса кој брзо се рашири по социјалните медиуми.
45-годишниот Ашер изведе микс од хитови, вклучувајќи "Caught Up," "U Don't Have To Call," и "Love in This Club," но специјалните гости го подигнаа шоуто на посериозно ниво. Алиша Кис се придружи на Ашер за изведба на "If I Ain't Got You" и "My Boo" пред да се појави Џермејн Дупри и да му помогне со "Confessions, Pt. II." Потоа 45-годишниот продолжи со мајсторски микс на "Burn" и "U Got It Bad" додека H.E.R. и Will.i.am беа следните кои се придружија на забавата. Ушер го затвори полувремето со Lil Jon и Ludacris кои се придружија за електрифицирана изведба на нивниот сингл од 2001 година "Yeah!".Во скорешно интервју со Good Morning America, Ашер откри дека настапот е посветен на сите црни уметници кои го инспирирале. „Размислувам за тоа што нашата земја претставуваше за Црните уметници. Во одреден момент, требаме да поминеме низ кујните за дури и да имаме можност да настапиме пред публика. Тие мора да се измолкнат низ задната врата, стравувајќи за своите животи, и да одат во друга држава за да го прават истото. Со овој настап влегувам низ влезната врата“.Тој продолжи, "Не започнав каде што сум сега, и не стигнав таму сам. Затоа, секој кој беше дел од тоа, ги носам со мене. Сите мои фанови, моите драги луѓе- луѓето кои можеби чувствуваат дека се заборавени, не се. Вас ве носам со мене кога ќе влезам на таа сцена таа вечер." Супербол полувремето емомент кога музиката и спортот се среќаваат на една сцена, креирајќи уникатен спектакл гледан милиони(па и милијарди). Оваа платформа им овозможува на уметниците да ги покажат своите таленти на глобално ниво и да го искажат својот став. За Ашер, ова беше можност да ги почести Црните уметници кои го инспирираа и да ги носи со себе нивните приказни и борби. Тоа е момент на солидарност и признание, и еден од најголемите настани во светот на спортот и музиката.
П.С. Нашата миленичка останува Рири
Comments