top of page

Пргавиот зајак е анимиран


Неделава беше промовирана сликовницата ,,Пргавиот зајак" во авторство на Пандалф Вулкански а илустриран од Будимка Поповска. Пријателството беше посочено како темел, во целата своја комплицираност - посебно кога ќе се вовлече во креативна соработка. Но и како гравитациона точка, оган на кој се загреваме во средбата на промоцијата на сликовницата. Затоа мислата дека книгата потенцијално ќе патува со тој лајтмотив: како подарок или посочување на децата од сите(СИТЕ!) возрасти, буди раздрагано чувство...


Зајакот во оваа динамична басна, не е типичниот, традиционален зајак: кој својата плашливост ја компензира со итроштината или брзината. Тој е директно, отворено и дури луто борбен и со тоа им нуди на потенцијалните читатели сознание: припишаната, очекуваната улога не мора да значи ништо. Доколку решиш дека ќе биде така, или сфатиш дека е твојата реалност - која ќе ја прилагодиш на својот ритам, со мило или со сила.




Еве ја анимацијата, а на Окно можете да видите кој е тимот позади нејзе.


Еве како пројде промоцијата:


bottom of page