Македонскиот рапер Да Џака Накот го најавува својот нов сингл со настан кој ќе се одржи на 27 јуни во 18 часот, на Школка во Парк .
Да Џака Накот, кој е дел од македонската музичка сцена од 1991 година, изјавува дека сега како никогаш досега има услови и можности да биде креативен и да снима музика со висок квалитет откако живее и работи во Полска. Во своето обраќање до фановите, тој вели:
,,Другари, праам музика од 91'ва.Сега како никогаш во животот имам услови и можности да бидам креативен и снимам до бол.Физички копии нема да вадам на музиката, ама дигитално можам секо месец нова песна. Послушате го новиот сингл и претплатете се на моот канал за нова музика-цело време. Благодарам на поддршката другари, многу ми значи“
Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации и да се пријават преку настанот на Facebook.
Comentarios