top of page

Скицирање на судењето Џони Деп против Амбер Херд

Цртежите се повеќе од доволно интригрантни, во својата „уметничност“, и си поигруваат со стандардните бирократски и документаристички скици, на судења затворени за јавноста, но - и текстот можеше да стои сосема надвор и автономно од моментот кој не́ проголта сите нас: судењето на Џони Деп против неговата поранешна сопруга за клевета. Изабел Браурман инсистира на објективност но сосема суптилно се насетува наклонетост кон Херд. Сепак - таа не е задолжена со ниту една од понудените позиции. Тоа што не́ пецка, е поистоветувањето на Амбер Херд со последниот феминистички момент, и #MeToo движењето... често сервирано од софистицираните ПР кујни на нејзиниот камп. Но кога ќе се земат во предвид сите критики на мас-феминизмот: драмско-литературна секција на жени, помалку „Госпоѓи Бовари“ во залутаноста од здодевност - можеби Херд и скроз тамам, таму каде што се најде.



Како официјален набљудувач, застапник, жртва и граѓанин, влегов во вртоглавица влошена од непопустливите претпоставки на фанатиците и вистината.


Ова го пишувам од тоалетот во Капитал Грил. Судскиот процес Деп против Херд влезе во фазата на вкрстено испрашување на Амбер Херд, а по улицата, нацрт-мислењето на Врховниот суд за поништување на Роу против Вејд протече во злобно претскажување за смртта на 50-годишниот преседан минатиот месец. Тогаш, во соодветна метафора на Алито(судијата кој конечно го поништи Роу вс Вејд), во срцето на главниот град на нацијата, во овој комерцијаен, со фино јадење, црно-бел шаховски под, со бесплатен леб, вистинско дрво, а лажно сребро, ресторан за бифтек, седам на шолјата во тоалетот и размислувам за Холивуд. Како американски турист кој изгледа како карикатура, судењето на Деп против Херд ужасно заталкува во секој разговор на масата за вечера, незгодно се судира заедно со вестите за меѓународна војна, сè порутинските масовни пукања и надреалниот упад на домашен Гилеад.




Неодамна му кажав на еден љубопитен пријател дека се чувствувам како да сум карактер во претставата Деп против Херд. Не само што глумеа актерите, туку и сите оние кои беа под камерите на Судската ТВ приспособени на нивните улоги: адвокатите како несимпатични крвави и лојални витези; судијата: рамнодушна и повремено искрена во нејзината огорченост; Џони: топол стоик, понекогаш сериозен (ги проучував неговите раменици), повремено се смееше на „колку апсурдно!“ начин; неговите обожаватели: посветени, по цена на сопствената благосостојба и финансии; полицајците: ја заштитуваа на светоста на судот со силен надзор, и исфрлање на фановите доколку телефонот направеше звук, или доколку и самите фанови задремуваа; и Амбер: мрачна, самозадоволна, нелагодна на нејзиното столче, брадата крената нагоре или вратот наведнат за неговиот отсјај непоколебливо блеснеше во заштитените очи на нејзиниот поранешен сопруг. И јас, цртачот, секој ден пристигнувам со моите материјали за цртање и со билет за во окото на најозборуваниот ураган во културата.

Да се црта оваа драма, значеше да се оставам себеси отворена на сочувство на секој поединечен лик - нивната намера, што требаше да изгубат, луѓето што ги сакаа, луѓето што посакуваа да им ја одгризат главата. Онлајн, Интернетот го протече ова судење од секоја негова пора, барајќи дури и оние кои сакаа да се оттргнат или да ги напуштат своите уреди на два месеци или да размислат на кого да ги откријат своите верувања. Посветеноста не можеше да се игнорира. Се чувствував можеби како најсреќната девојка на светот: мојата работа ме исклучуваше од притисокот да бирам страна.

Архитектурата на судницата беше таква што Џони и обвинителството седеа покрај поротата. Помеѓу нив имаше подиум за адвокатите да поставуваат прашања, а од другата страна, на километри од жирито, седеа Амбер и нејзиниот тим. Џони, веќе толку блиску до сонцето, ги загреваше заморните поротници од ден на ден, доделувајќи им пристап до неговиот интимен фантастичен живот како поет со дрога во крвта на чудни насилни текстови („ајде да ја удавиме пред да ја запалиме!! Ќе и го ебам изгорениот труп потоа за да се уверам дека е мртва“) на што тој не се гордееше, туку го воздигна преку припишувањето на пораката Монти Пајтон.



</