top of page

Тори Лејнз осуден на десет години затвор поради нападот врз Мег Ди Сталион





Кога Меган Ди Сталион (Meghan Thee Stallion ), раперката која е добитник на Греми, сведочеше во судницата на минатогодишното судење за нападот од страна на раперот Тори Лејнз (Tory Lanez) , таа сведочеше дека добивала смртни закани на социјалните мрежи и дека сè уште имала оштетување на нервите откако тој ја застрелал во стапалата во расправија.




Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Петерсон ( Daystar Peterson) на крајот беше осуден за три кривични дела, вклучително и напад со полуавтоматски пиштол. По неколкумесечни одложувања и дводневно рочиште, тој беше осуден на 10 години затвор.


Пред судењето, случајот се одвиваше на социјалните мрежи и во музиката објавена од двајцата рапери. На албумот објавен во 2020 година, повеќе од два месеци по инцидентот, Лејнз го отрфли обвинувањето на Меган; таа се бранеше на Инстаграм, во интервјуа и со сопствената пркосна песна.


Обвинителите рекоа дека во јули 2020 година, во раните утрински часови по забавата во Лос Анџелес, Лејнз ја нападнал Меган Ди Сталион откако таа ги критикувала неговите вештини за рапување, пукајќи кон нејзините стапала додека таа се оддалечуваше од возилото во кои биле и двајцата. Одбраната оспоруваше дека Лејнз ги испукал истрелите, сугерирајќи дека можеби била друга жена за која тие тврдат дека била вознемирена што затоа што двајцата рапери биле интимни еден со друг.


Пукањето се случи во периодот кога растеше славата на Меган Ди Сталион. Неколку месеци претходно, нејзината соработка со Бијонсе на ремиксот на „Savage“ стана нејзиниот прв хит на врвот на Билборд. Таа година, блокбастер песната „WAP“ - виралната соработка со Карди Б - ја претвори во уште поголема ѕвезда.



Што се случи по пукањето?


Првично, деталите околу она што се случи таа ноќ беа магливи.


Неколку дена по пукањето, Меган Ди Сталион, родена како Меган Пит, објави на својот Инстаграм профил дека „претрпела прострелни рани“ за кои е потребна операција, но не наведе повеќе детали. Но, озборувањата и шпекулациите стануваа се́ поголеми, таа откри дека пукачот бил Лејнз, кој беше уапсен и обвинет за сокривање огнено оружје во возилото.

Лејнз се осврна на ситуацијата во рап стихови кои сугерираат конфликтно сведочење , вклучувајќи: „И двајцата знаеме што се случи таа вечер и што направив/Но не е тоа што тие велат“.


Во октомври 2020 година, канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес го обвини Тори Лејнз за напад.



Што рече Меган Ди Сталион?


Во интервју со Гејл Кинг од Си-Би-Ес минатата година, Меган изјави дека таа и пријателката се возеле со Лејнз по забавата во домот на Кајли Џенер, магнатот за козметика, кога избила расправија во џипот.


Откако таа излегла од возилото, рече таа, Лејнз извикал „ Играј кучко!“ пред да пука во неа. Потоа се извини и на нејзе и на пријателката Келси Харис им понуди милион долари за да молчат за случувањата.


Кога пристигнала полицијата, вели таа, им рекла на полицајците дека повредите на стапалото и биле нанесени кога згазнала на стаклото.


Таа подоцна се осврна на својата првична одлука да ги скрие информациите од полицијата во нејзината песна „Shots Fired“, рапувајќи: „Да не бев јас/Истата недела, ќе беше обвинет“. На судењето, Меган Ди Сталион сведочеше дека тензиите биле високи по убиството на Џорџ Флојд.


Таа, исто така, сведочеше за тоа како последиците од средбата ја направиле депресивна и ја попречиле нејзината кариера. Таа рече дека ја цени својата приватност но мораше да се огласи за да го одбрани нејзиното име и дека била цел на навредливи коментари на социјалните мрежи.


„Бидејќи Тори излезе и кажа многу лаги за мене, а сето ова го преиначи во секс скандал, луѓето не сакаат да ме допрат“, рече таа. „Се чувствувам како да сум болна птица“.


Меган Ди Сталион (28) отворено зборуваше за пукањето и за она што таа го гледа како пошироки прашања во игра, пишувајќи во есеј за Њујорк Тајмс дека „скептицизмот и проценката“ што следеа по нејзините наводи се симболични за тоа како се црните жени. „Непочитувани и игнорирани во толку многу области од животот“.



Што рече Тори Лејнз?


Лејнз, 31, не сведочеше за време на судењето и не даде интервјуа за неговата конкретна приказна за таа ноќ. На албумот од 2020 година на кој тој се осврна на пукањето, во песната наречена „Daystar“. Тој рапуваше: „Ако те застрелаа одзади, како можеш да ме идентификуваш?“


Адвокатот на Лејнз, Џорџ Мгдесјан, им кажа на поротниците за време на завршните зборови дека Меган Ди Сталион лажела за да привлече внимание. „Обвинителството не се приближува до докажување на случајот“, рече тој. „Нивниот случај е полн со дупки и шпекулации“.

Мгдесјан рече дека расправијата во џипот била помеѓу Харис и Меган Ди Сталион, и дека тоа произлегува откако дознале дека Лејнз имал секс со двете жени.


„Овој случај беше на љубомора и сексуална врска“, рече Мгдесјан.


Кои докази беа во центарот на случајот?


Обвинителите испратија СМС порака за која велат дека г-ѓа Харис му ја испратила на телохранителот на г-дин Ланез таа вечер, пишувајќи „Помош“ и „Тори ја застрела Мег“. Тие, исто така, покажаа СМС порака во која Лејнз и се извинува на Меган по инцидентот.


Мгдесјан рече дека извинувачкиот повик во затворот од г-дин Ланез - „Многу ми е жал“, рече тој - делумно - не беше за пукањето, туку за откриените врски.


Мгдесјан, исто така, сугерираше дека немало физички докази за да се докаже случајот против г. Лејнз надвор од разумно сомневање. Експертите сведочеа дека ДНК на Лејнз не била пронајдена на магацинот на пиштолот.




ความคิดเห็น


bottom of page