Дарко Рундек: ,,Некои песни копнееја по џез биг бенд”
top of page

Дарко Рундек: ,,Некои песни копнееја по џез биг бенд”


Во деведесетите се́ уште заплиснуваа на бреговите на нашата свест брановите на југословенската култура и оние кои во кој било капацитет (од деца до возрасни луѓе) успеале да се потопат во нејзе - тешко дека ќе им треба некое посебно претставување на Дарко Рундек и Хаустор. Во доцните деведесети Дарко Рундек успеа да се помести, како уметник во нова фаза внимателно чекорејќи по линијата, која доколку ја занемареше ќе станеше или трибјут уметник на Хаустор, или во обид да го избегне тоа - карикатура на себе која полека се стишува до немост.


Дарко Рундек на 14 септември (четврток), во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг бенд- Здружение на џез музичари ќе одржат концерт, еден од низата на на ЗЏМ со музичари кои традиционално не настапуваат со џез оркестри - но последниот албум на Дарко Рундек е со биг бенд оркестарот на ХРТ „ Uhode” - неговиот репертоар во џез аранжман:



Раде Шербеџија ве карактеризираше како врвен рокер. Дали се согласувате со таа категоризација и од каде ова ненадејно и целосно отклонување кон џезот (последниот албум со биг бендот ХРТ и настапот во Скопје)?



-Можеби така изгледам од перспективата на Раде Шербеџија, кој многу го ценам како уметник и пријател, но не верувам дека Горан Баре или Мик Џегер би се согласиле со тоа. Се гледам себеси целосно надвор од жанровите. Повеќе од 30 години се занимавам со експериментална музика во групата Cul-de-Sac, пишував музика за филм и театар, а како кантавтор користев елементи на џез, традиционална музика, рок итн. Така, соработката со џез оркестар не е толку отклонување (otklon) колку што е подарок (poklon), судбината беше што некои песни копнееја по џез биг бенд, а јас не знаев да напишам аранжман, ниту бендот со кој свирев ќе знаеше да го свири тоа, па постоеше можност тие да бидат аранжирани од вистински аранжери и да ги бидат изведени од одлични музичари од тој жанр.

Неутрална маска: Слично на вашиот став за смртта и ослободување на нагоните како што годините напредуваат, велите дека се ослободувачки? Што од вашиот идентитет сметате дека е товар, обврска од која се ослободувате кога ќе ја изгубите обврската на вашиот карактер?



-Тоа е премногу интимно прашање. Без да навлегувам во детали, неутралната маска, како што јас ја перципирам, е слободата од идентитетот како таков и можноста за трансформација во било што.

Вие последниве години живеете во голем дел од времето на Брач, а се занимавате и со земјоделство. Оваа година беше најжешката во историјата - и беше протолкувана како предупредување од нашата осамена сина планета. Што научивте за Земјата работејќи директно со рацете на неа? Како е морето различно од она пред неколку години?



-Дел од времето на Брач ​​се занимавам со маслинки и по малку со градинарство, со што жена ми повеќе се занимава, но имам и мало студио, па се занимавам и со музика. Работењето на земја не ми е непознато, бидејќи голем дел од моето детство и младост поминав со баба ми и дедо ми на село, работејќи ја целата работа заедно со нив. Морето опасно се опустоши во последниве дваесет години, на многу места каде што имаше алги и треви , морски ежови, морски краставици, морски саси, сега дното е сиво како површината на месечината, има многу помалку птици и инсекти. .. во тек е шестото масовно истребување.


Иако работите како соло артист веќе 3 децении, каталогот на Хаустор не само што не го губи контактот со публиката и не се исцрпува енергијата што ја гледаме на концертите во живо. Што мислите, која е причината зошто едноставно никогаш не станавте legacy музичар? Дали станува збор за носталгија која ги одржува овие песни во состојба на вечна младост или пак за нови интерпретации одново и одново?



-И првата и втората, но и третата, што е содржината или, ако сакате, поезијата на тие песни е доволно реална што и денес публиката може да ја препознае.

Вашето флертување со world жанрот веќе се насети со Хаустор, но потоа многу непосредно влеговте во етапа каде свирите светска музика но и во различни музички традиции кои се надвор од тој жанр?


-Тоа најмногу го одговарав на почетокот. Се разбира, човек бара нешто ново и интересно. Повторувањето е досадно.


Илустрации/фото манипулации: Milk of Dreams;

Разговорот го водеше: Ана Чушкова;


bottom of page