Euphoria прејде во дисфорија

Пред две недели по насловите на интернет се појави: “ D.A.R.E. Ја осудува Еуфорија затоа што ја гламоризира употребата на дроги кај тинејџерите! “ Главниот одговор и коментар на тоа беше: зарем таа организација се́́ уште постои?! Била активна во Регановата Америка - кога Реган ја објавил славната и несреќна „војна на дрогите„ и рекламите „само кажи не„ - зошто неславно? Затоа што активирал правно решение на медицински проблем. Ги наполнил затворите со луѓе кои правеле и минимални прекршоци. Ги стигматизирал дополнително корисниците како морално слаби луѓе кои едноставно не знаат и не сакаат да кажат не. И секако дека таа војна е изгубена а ситуацијата ја искористиле фармацевтските компании кои фрлаат опијати на американското население „шаком и капом„ и за најмали болки(на пример вадење заб) - а како САД тоне во епидемија, почнува да се регулира употребата на опоидите, опијатите - а компаниите слично како и со цигарите полека се селат во Азија.

Режисерот на Еуфорија Sam Levinson ја знае оваа ситуација интимно - и самиот ја има поминато - и тоа многу добро се чита на приказната на Ру. Централниот лик во ансамблот на глумци, уверена сум затоа што ја глуми суперпопуларната Зендаја се бори со зависност- останатите ликови кои се борат со свои индивидуални премрежија се еднакво релевантни .




Зендаја како одговор на обвинувањата на D.A.R.E. во интервју кажа: „Нашето шоу не е во никој случај морална приказна кои ги поучува луѓето како да го живеат животот или што треба да прават. Ако ништо друго, чувството позади Еуфорија или што и да се обидовме да правиме со нејзе, е надежта да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат помалку осамени во нивните искуства и во нивната болка. И можеби да осетат дека не се сами , во што и да им се случува или со што и да се справуваат. Целта на шоуто е да им помогне на луѓето да имаат малку повеќе разбирање и емпатија околку искуството на зависноста што им прави на луѓето, што им прави на нивните семејства„



Но последната епизода беше за Ру, чиј обожуван татко има починато од рак, и нејзиниот начин да се осети повторно блиску до него е да - шмрка таблети - го видовме и сликовито: како тоне во Еуфоријата - паѓа во прегратката на татко си.

И токму таму D.A.R.E.зезнаа: се истрчаа, и не препознаа дека серијата ги раскажува приказните темелно. Инаку ќе заклучеа дека е неминовно овој тип на Еуфорија да прејде во Дисфорија. И тоа речиси цел час, медицински прецизно дисецираа пто се случува утрото после. Како гледач комотната дистанца беше невозможно да се постигне со толку интимен пресек, соочување со тоа колку далеку оди деструкцијата кога чувството на дисфорија настапува и телото се отвара како жива рана.