top of page

Harry Styles во фустан!

Но, не се сите среќни! Чујте зошто….



Harry Styles е на насловницата на Vogue во фустан. Со тоа е пионер, барем што се однесува до Vogue, до сега таму немало маж во сукња или фустан. Но, не се сите среќни. Billy Porter во интервју со британскиот The Sunday Times, вели: “ Имам чувство дека модната индустрија ме прифати затоа што мораше. Јас го создадов разговорот (за небинарна мода), и Vogue сепак го стави Styles, стрејт бел маж во фустан на насловницата по прв пат. Јас бев прв кој што почна да го прави тоа, а сега сите го прават….

Не сакам да го направам лом Harry , ама…. На него не му е гајле, тој тоа го прави затоа што сега тоа е нешто што се прави. Но, ова е политика за мене. Ова е мојот живот. “


Скроз те разбираме Billy , но Harry се облекува небинарно целиот негов возрасен живот, далеку пред Pose (после која имаше шанси да ги прошеташ црвените теписи - легендарни моменти)… иако не сакаме gatekeeping сфаќаме зошто си огорчен, доаѓа од цел живот искуства… но Harry помага, и е позитивна сила во приказната. А фустани на мажин во поновата историја гледаме прилично често…. Прво во рокенрол, а потоа во хипхоп (кој е рокенролот во моментов)..


Comments


bottom of page