Pete Davidson си ја кажа својата вистина
top of page

Pete Davidson си ја кажа својата вистина

Уф. Толку е напорно да се следи Кање, што сме уморни само што го следиме на Инстаграм, а можеме да замислиме како е да си имаш работа со него во секојдневието. Тој и Ким Кардашијан решија да се разведат пред година ипол откако Кање тргна на претседателска трка(дознаваме деновиве дека бил во соработка со републиканската партија, за да може да им откине малцински гласови на Демократите) и таму откри дека најстарата ќерка сакале да ја абортираат, додека плачеше. Неколку дена подоцна папараците ја фатија Ким како плаче и самата. Не многу после тоа таа објави дека се решила за развод. Годината што следеше беше прилично мирна, додека Ким не се појави на Сабота навечер во живо емисијата каде што се опроба како комичар. Имаше скеч и со Пит Дејвидсон - тој во улогата на Аладин а таа на Јасмин. Не помина долго кога излегоа вести дека тие се пар, а од тогаш до сега Кање Вест не може да се смири од правење јавни испади. Кога излезе со спот за Easy каде во анимирана форма претставува како го киднапира и убива Пит Дејвидсон пошироката јавност беше згрозена, и инсистираше дека веќе не е смешно и дека ова однесување е малтретирање и злоупотреба, и тоа што Ким Кардашијан е богата не ја поштедува - се правеа паралели со Оџеј Симпсон: рагби суперѕвезда кој ја уби поранешната жена(блиска пријателка на мајката на Ким) на нејзината врата. Ким беше генерално тивка, но откако заврши со разводот - тоа се чини дека се смени. Таа во следните денови ја направи врската со комичарот Пит Дејвидсон „Инстаграм официјална„ - објави слики од нив двајцата - и со тоа станаа и официјално пар...





А, пријател на Пит објави преписка на неговиот Инстаграм …она што паѓа во очи е дека овој 27 -годишник е многу позрел од 44годишниот Кање. - Ej Скит овде. Може да застанеш за секунда ида се смириш, 8 сабајле е и не мора да биде вака. Ким е буквално најдобрата мајка што сум ја сретнал. Што прави за децата е прекрасно, и треба да бидеш ебено среќен твоите деца што имаат таква мајка. Решив дека нема да ти дозволувам да се однесуваш на овој начин повеќе со нас. Ебено порасни веќе. -О, користиш пцовки. Каде си сега? -Во кревет со жена ти. -Драго ми е да видам дека си надвор од болница и рехабилитација. -Да, исто и мене, чудо е што тие места можат да направат за тебе кога ќе побараш помош. Треба да пробаш. Во Лос Ангелес сум денес, ако сакаш да престанеш да бидеш интернет кучка и да зборуваме. - Дојди на Неделната служба - Ова не е јавна расправа. Не сум овде да се сликам и за медиумите. Што е единствена работа што очигледно те интересира. Мојата понуда уште стои. Би сакал да бидеш маж еднаш во живот, дозволи ми да ти помогнам, човек, се борам со ментални проблеми исто така, не е лесно да ги изодеш, не мораш да се чувствуваш вака повеќе. Не е срамно да побараш малку помош. Ќе бидеш толку среќен и мирен. Немаш поима колку фин бев со тебе и покрај начинот на кој се однесуваше кон мене. Ги запрев SNL да зборуваат за тебе, или да се исмеваат со тебе нешто што сакаа да го прават со месеци. Запрев комичари да кажуваат шеги за тебе затоа што не сакав децата на мојата девојка да изгледаат лошо. Ти го чував грбот и покрај тоа што се однесуваше како гомно кон мене затоа што сакам се́ да проаѓа мазно... Ама ако продолжиш да ме притискаш како што правеше минативе 6 месеци ќе престанам да бидам фин. Не ме плашиш брат. Твоето однесување етолку пичкарско и засрамувачко. Тажно е да гледаш како си го уништуваш наследството на дневна база -Повеќе од добредојден си на Неделната служба. - А зошто не се сретнеме после Неделната служба и натпреварот на Сејнт?Ќе бидам во Беверли Хилс Хотелот можеме да нарачаме за јадење и да зборуваме во соба кај мене. Маж со маж. Што и́ правиш на твојата фамилија е опасно и ќе им остави лузни за цел живот. Те молам овие прашања приватно да ги средиме те преколнувам. - Сакаш да ме видиш. Дојди на Неделната служба. - Ова не е за јавноста човек Веројатно не е изненадувачки дека после објавувањето на оваа преписка Кање имаше Инстаграм сесија каде што имаше вербална дијареја - во неговата глава се чини дека тоа е еднакво со едначење на наративот. Можеби треба да знае дека кога нешто ќе изустиш не станува автоматски земање на контрола на наративот - има цела вештина во тоa….








bottom of page