Најголемите хитови на PMG за почетници
top of page

Најголемите хитови на PMG за почетници

Апсолутно - и буквалнo - хит број 1 :🎶 станав диџеј ради манекенки .... 🎹 сите други женски се кретенки 🎹🎹 🎶🎶





Скопјанка - која предизвикуваше две спротивставени реакции на подиумите: дел од цурите во тивок леден бунт се повлекуваа за чекор-или два, дел - се затрчуваа напред. Исто како Ребис танчерките во спотот! Скопјанка!!




Чисто да го задржиме вајбот, одиме во 80ти, со флешови што евоцираат што Блонди, што Трејнспотинг.... со 406к прегледи на Јутјуб: 80тите водат за ПМГ!




Во 1997ма Каролина не беше ни полнолетна, а камоли да флертуваше со македонскиот мелоз: тогаш беше длабоко во RnB звукот (и изгледот) и од некоја причина, соработката со ПМГ колектив звучеше како бунтовништво:





"ОВАА ПЕСНА е напишана веднаш по излегувањето на нашиот прв албум во 2007 година и е насловна тема на СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ, театарска претстава пишана од еден извонреден тукуречи СКопјанец, Бранислав Нушиќ, а за оваа прилика ја режираше Синиша Евтимов, кој токму во тој миг, некаде на крајот на 2007 и почетокот на 2008 и телесно му се приклучи на бендот. (Мирко Попов)."




За крај, за сега ќе ве оставиме со ,,Диско бенд", многу рано во ноќта е да ја привршиме листава, но ...



Затоа ќе ве однесеме на настанот за да може да се информирате за Greatest Hits концертот на ПМГ колектив оркестар, и да размислите: без кои хитови не може листава?


П.С. А бе! Без хит можеби може да преживее- без принцеза - тешко!



bottom of page