top of page

Tech војни - Твитер, Мета (Фејсбук), Дел... почнуваат со своите рестрикции кон Русија



Вчера вечер сензационалистички се проби вест: Путин забрани употреба на Facebook! Колку и да е тешко да се поверува од прва на такви наслови, во исто време: не беше тешко да се поверува со оглед на тоа што веќе ја имаме видено таа пракса кога и да има немири во одредени региони, на пример Турција - социјалните медиуми се исклучуваат, за да може мобилизацијата, и организацијата на протести, револуции, немири, биде отежната ако не и оневозможена. Но во случајот со Русија е малку посложено. Парите кои се врзани со Русија ја заблажуваат евентуалната огорченост на нејзините постапки: во вестите за првиот пакет на санкции кои дојдоа веднаш откако Русија се пушти по Русија, се протна веста дека имало земји кои барале да бидат исклучоци, како на пример Италија за нејзините модни луксузни брендови.

Рускиот регулатор за комуникации го обвини Facebook дека ги цензурирал официјалните сметки на Звезда, ТВ канал управуван од руското Министерство за одбрана, државната новинска агенција РИА Новости и два новински сајтови, Лента.ру и Газета.ру.

Не е јасно што ќе подразбираат ограничувањата на Кремљ на најголемата социјална мрежа во светот или дали тие ќе важат и за другите апликации на Мета, вклучувајќи ги Instagram и WhatsApp." Иако Facebook не открива колку корисници има во Русија, минатата година анкетата покажа дека 9% од испитаниците рекле дека ја користат социјалната мрежа, а 31% рекле дека користеле Instagram ." - пренесува NPR news.

Претседателот за глобални прашања на Мета, Ник Клег, потврди дека компанијата одбила да ги исполни барањата на владата „да престане со проверката на фактите и етикетирањето на содржината објавена на Facebook од четири руски државни медиумски организации. Одбивме. Како резултат на тоа, тие објавија дека ќе го ограничат користењето на нашите услуги“.

Како одговор на ова од својат страна пак, Facebook ги блокира руските државни медиуми да објавуваат реклами на нивната платформа насекаде во светот. Натаниел Глејхер, шеф за безбедносна политика на Facebook , твитна: „Сега им забрануваме на руските државни медиуми да објавуваат реклами или да заработуваат."


Twitter, кој забрани рекламирање од медиумите под државна контрола во 2019 година, во петокот објави дека привремено ги паузира сите реклами во Украина и Русија „за да се осигура дека се покачени критичните информации за јавната безбедност и дека рекламите не го намалуваат тоа“.

Во саботата, Twitter соопшти дека е „ограничено за некои луѓе во Русија“ и дека „работи на одржување на нашата услуга безбедна и достапна“.

Мета, матичната компанија на Facebook , вели дека одлуката да им се забрани на руските државни медиуми да заработуваат на таа платформа, како и на Instagram, доаѓа како одговор на инвазијата на Украина. Социјалната мрежа вели дека продолжува и со етикетирање на државните медиумски сметки“.

Украинските медиуми, пак од своја страна известуваат дека забраната на Twitter се однесува на сите нови сметки креирани во Русија.

Dell, Lenovo и Intel исто така ја запираат соработката со Русија. Тие од своја страна се чини дека се спремале за оваа ситуација веќе неколку години, па овие рестрикции нема да ги почувствуваат, барем не веднаш.

Comentários


bottom of page