The Smile – Оглед на „Wall of Eyes“: мајсторски час за туркање на рок музиката напред
top of page

The Smile – Оглед на „Wall of Eyes“: мајсторски час за туркање на рок музиката напред


23 јануари 2024 година


Не е претерување да се сугерира: The Smile се еден од најдобрите и најинвентивните рок бендови на планетата во моментов. Ова не треба да изненадува: двајца нејзини членови,Том Јорк и Џони Гринвуд, се клучни архитекти на Radiohead, додекаТом Скинер имаше успех како тапанар на џез-трупата  Sons Of Kemet. Тие се немирни, поврзани и технички чудесни низ нивниот втор албум „Wall Of Eyes“.



Она што започна како „страничен проект“ за Radiohead сега делува дека е централно за музичкиот идентитет на Јорк и Гринвуд. Поминаа осум години од последната плоча на бендот„A Moon Shaped Pool“ – што на некој начин изгледаше како крај – при што секој член се занимава со соло проекти, филмски партитури и ремикси. Тизерите за повторна средба,од кои имало многу, допрва треба да се реализираат. Во меѓувреме, ова лето, The Smile ќе свири на арени и ќе биде хедлајнер на фестивали, а работеше со Пол Томас Андерсон на нова низа музички спотови. Треба да се запрашате дали уживаат во ова свежо бело платно, недостапно на историјата и багажот на нивната „вистинска работа“.Во 2022 година „A Light For Attracting Attention“ нивниот звучен идентитет беше консолидиран. „Wall Of Eyes“ е слично експанзивен во својата визија, но и воздржан, внимателно избирајќи ги моментите каде што треба да се зголеми интензитетот. Нејзината воведна насловна нумера е сличен на синглот на Radiohead од 2003 година „There, There“, но наместо тоа се определува за бујна оркестрација за разлика од крајот кој крчи, на вториот; „Friend of A Friend“ е лесен на своите нозе и изненадувачки интимен. 



„Bending Heretic“ – нивната најсилна композиција досега – го отелотворува овој нов начин на размислување: триото остава простор еден за друг, но не се плаши ниту да навлезат Започнува со истражувачкиот гитарски риф на Гринвуд, оној што ја поттикнува песната напред и покрај нејзината блескава форма, додека Јорк дава живописна слика на„60s soft top“ се пробива низ „Italian mountainside”. Тие - и слушателот со нив - на крајот се лизгаат на остра кривина  и музиката ја дочекува претстојниот гибел: на прагот од пет минути, грациозното збогување отстапува место за чиста паника, како затегнатите Психо-ескни жици набабруваат и на крајот се струполуваат во моментот на ударот.„The ground is coming for me now“(Земјата доаѓа по мене сега) - Јорк предупредува, но вината е споделена:„We’ve gone over the edge / If you’ve got something to say, say it now“ (Поминавме преку работ/ Ако имаш нешто да кажеш, кажи го сега)



Тоа е момент на чиста брилијантност, еден од многуте на „Wall Of Eyes“. Онаму каде што претходно споредбите со нивниот каталог на Radiohead можеа да ги искриват очекувањата, широчината на понудениот материјал овде сугерира дека тој, на крајот, би можел да ја преврти таа динамика директно на главата.


Дата на издавање: January 26, 2023

Издавачка куќа: XL


Извор: The New Musical Express;

bottom of page