top of page

Tinder нуди Festival Mode™ пред почетокот на фестивалската сезона

  • Apr 15, 2022
  • 2 min read

Updated: Apr 20, 2022

Мување по фестивали, си е посебен тип на романтично доживување само по себе, кое ги вади највпечатливите приказни вредни да се раскажуваат по клупи, и по кафиња. И по филмови и книги: на пример 9 песни од Винтерботом е цел филм кој се врти околу врска на пар раскажан околу фестивали и концерти... Фестивалите пред пандемијата годишно собираа лесно над 10 милиони посетители: само Donauinselfest во Виена имаше 3 милиони гости пред пандемијата, а стандардот на поголемите фестивали е помеѓу 100 000 - 400 000 посетители. Кал, алкохол, шатори, пот гласна музика,нема што да не се сака. И штета е да не се заработи, и ете го Тиндер...

ree

Тиндер соработува со водечката светска компанија за забава во живо Live Nation, како и со продуцентите на настани во живо AEG Presents и Superstruct Entertainment за да го воведат Festival Mode™, функција дизајнирана да им помогне на корисниците да си ја најдат својата нова фестивалска екипа додека се подготвуваат за првата вистинска фестивалска сезона во две години.

Фестивалскиот опција е во живо во Tinder Explore, како еден од многуте начини на кои членовите можат да откријат и да комуницираат едни со други преку заеднички интереси и искуства. Членовите можат да изберат на кој од најпопуларните музички фестивали оваа година планираат да присуствуваат и ќе можат да се наоѓаат со другите, дури веќе еден месец пред настанот.


Фестивалскиот режим ќе има над 20 најголеми фестивали од целиот свет, како што се The Governors Ball, Bonnaroo, Stagecoach и EDC Las Vegas. Исто така, ќе вклучува и простор за „Посетителите на фестивалот“, за да се поврзат оние кои не се на настанот и се само љубители на фестивалската култура.

„Толку многу од нашите членови се возбудени што ќе се вратат на одење на настани. Сакавме да се надоврземе на таа возбуда и да им понудиме шанса да се најдат уште месец пред една од најголемите фестивалски сезони во последните години“, рече тој. „Фестивал-опцијата ви дава шанса да се вратите таму, да запознаете нови луѓе и да стекнете пријатели пред да стигнете на фестивалот. Тоа е одличен начин с повторно да се воспостават врски во реалниот свет“.

Од сега, „Режим на фестивал“ е достапен преку вашата страница за истражување на Тиндер, каде што можете да изберете на кои музички фестивали ќе одите и да свајпнете. Но, дури и ако вашиот фестивал не е меѓу наведените, сепак ќе има страница „Посетителите на фестивалот“ за други настани и луѓе кои „едноставно се љубители на фестивалската култура“.

Супер шанса и да убедите некој што не планирал да оди на фестивалот сепак да дојде.


Еве ја листата на фестивали, со чии посетители ќе можете да се поврзете засега.


USА

  • Bonnaroo

  • EDC Las Vegas

  • EDC Orlando

  • Hard Summer

  • Lovers & Friends

  • Stagecoach

  • The Governors Ball

Australia

  • Falls Festival

  • Festival X

  • Splendour in the Grass

France

  • Lollapalooza Paris

Germany

  • Lollapalooza Berlin

  • Parookaville

Hungary

  • Sziget Festival

Norway

  • Palmesus

Spain

  • Sónar

Sweden

  • Lollapalooza Stockholm

The Netherlands

  • Vunzige Deuntjes Festival

  • Milkshake

UK

  • All Points East

  • American Express presents BST Hyde Park

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page