Како е слушан и оценет првиот албум на Кендрик Ламар во пет години
top of page

Како е слушан и оценет првиот албум на Кендрик Ламар во пет години

„Извинете што не го спасив светот“, вели Кендрик Ламар во последните моменти од неговиот нов двоен албум Mr. Morale & The Big Steppers.



Извинувањето не е саркастично. Ламар навистина потроши речиси две децении рапувајќи, обидувајќи се да ги отвори умовите, да спаси души и да донесе мир… а сепак, сето тоа (диво гестикулира) продолжува. Ламар пее на својата песна која го затвора албумот „Mirror“, со лесен глас додека зад него вијат сирупести виолини. Би можеле да го замислите како излегува од Генералното собрание на ОН потскокнувајќи и кренат среден прст. Тој е неоптоварен. Гајле му е. Ќе треба сами да се спасиме.


До тие последни моменти, Mr. Morale & The Big Steppers, петтиот албум на Ламар, зачудувачки доколку има недостатоци, има врел интензитет што никогаш не попушта - силата на пеколот кој прочистува, или барем тешка масажа. Тој најпрво се здоби со речиси универзално признание со две ремек-дела, Good kid m.A.A.d city од 2012 година, и To Pimp a Butterfly од 2015 година, кои беа како раскошни, бескрајно пречитливи романи. Потоа, неговиот албум од 2017 година, Damn, заработи историски Пулицер со пренесување на мајсторство: гласот на Ламар беше остар и пискотлив, неговите размислувања сосема нѝ ги стопија умовите, а неговите песни постигнаа привлечна комплексност. Ги покрена темите за расата, одговорноста и гревот, овие албуми имаа месијански аспирации - желба да се каже вистината и да се донесат промени.




На некои начини, подемот на Ламар до суперѕвезда се вклопува со бумот од 2010-тите кога поп-ѕвездите се третираа како пророци. Интензивирањето на фанството на социјалните мрежи, споделувањето на музиката со стриминг и општото културно свртување кон политизацијата на сè - овие фактори ги преплавија личностите како Бијонсе, Лејди Гага и Џеј Кол со аура на значење што наводно оди подалеку од забавата. Движењата како „Black Lives Matter“ и „#MeToo“ се хранеа со и се нахранија од селебрити уметност— цртичка - активизам, но истото го направија и медиумските трговци на жестоки повратни реакции и поделби. На Ламар сега се чини дека му е смачено од извиканоста и дисекцијата кои го опкружуваат секој негов збор - сепак г-дин Морал исто така боледува по влијанието што би заслужило токму таква реакција. Тој е заглавен во познатaта фидбек јамка, иако неговата борба со нејзе, е пофасцинантна од на повеќето.


До овој албум, Ламар очигледно не успеал да се спаси ниту самиот себе. Завесата се отвора со него ( или барем лик кој екстремно наликува на него) кој известува дека во изминатите 1.855 дена - периодот помеѓу објавувањето на овој албум и издавањето на Damn - “ been going through something “(“преживува нешто“ .)Тоа нешто вклучува признавање на „зависност од страста“, одење на психотерапија и пресметување со страшните трауми од детството. Тој ја споредува оваа фабула со искуството на црнците во Америка пошироко, илустрирајќи како расизмот влева чувство на загуба што опасно загнојува во заедниците што ги ранува. Изразено во виткање, живописни рими -“Fought like pitbull terrier, blood I spilled could fill up aquariums”( „Се борев како питбул териер, крвта што ја пролеав може да наполни аквариум“)стои во еден стих од монументалната „Count me out“(„Изземи ме“) - ова е вид на виртуозна анализа по која Ламар е познат.



Но, сега неговиот трактат доаѓа со фуснота “Тајната е откриена, јас не сум твој спасител / подеднакво ми тешко да ги сакам ближните“, рапува тој на „Saviour“, песна која исто така се обидува да ги разоткрие очекувањата насочени на другите црни познати личности, вклучувајќи го и Lebron James и Future. Без сомнение, библиското анти-идолопоклонство лежи во основата на дел од оваа реторика (иако Ламар се означува себеси како „надмен Буда“ и „Христос со убиец“ на „Rich Spirit“, песна со која ќе кимате со глава и се издвојува по недостатокот на инхибиција). А Ламар ја истражувал човечката злоба многупати во минатото (нараторот на „The Blacker the Berry“ од 2015 година признава убиство). Сепак, неговата предност никогаш не изгледала толку само-заштитничка како овде.

Прво ја слушате таа предност во музиката. Иако неколку нумери прават солидни обиди за слушливост на радио , ова е албумот на Ламар кој досега најмалку од сите предизвикува зависност. Се разбира, продукцијата на Ламар не е позната по лесното слушање - една сатира од 2017 година го замислуваше како го мачи својот инженер со непрестајни промени на ритамот и семплови со звуци од жирафа. Но, почетната песна на Mr. Morale , „United in grief“(Здружени во тага) , го турка тој фан-хаус сензибилитет понатаму додека се движи помеѓу осветлувачки скандирања, удирања на пијано и соло на грубото удирање на тапаните како чекан. Ефектот е: ја крева косата на главата и го прочистува непцето. Додавајќи му на џезот, фанк и гангста рап од Јужна Калифорнија од неговите минати албуми, Ламар позајмува од модерната класична и хорска музика за да постигне силен вид на величественост.


Астрингентниот звук на албумот одговара на неговата адстрингентна порака. „Take off the fake deep, take off the fake woke “(Соблечи ја длабоката лажност, соблечи ја лажната освестеност) рапува Ламар на „N95“, каталог на работи што луѓето ги користат за да ги прикријат вистините за себе. Траката е неспорно одлична - жестока, урнебесна, незаборавна - сè додека ритамот не испаѓа и Ламар прашува "What the fuck is cancel culture dawg?"(Кој кур е кансел култура, царе?) Еве ја фуснотата. За да го каже своето мислење низ албумот, Ламар расфрла дисклејмери отфрлања и анти-одрекувања во очекување критичарите. Оваа тенденција умртвува дел од музиката. Со оглед на тоа колку ефикасно тој секогаш ги остварува своите права од Првиот амандман, пофалбата за „слободата на говорот“ на „Worldwide Steppers“ се чувствува неубедливо. Стих во „Die Hard“ кој прашува:" Can I open up?"(„Можам ли да се отворам?“) - прашање имплицитно поставено и на љубовницата и на публиката што слуша - е многу помалку интересен од моментите кога Ламар едноставно се отвора.


Ранливоста поради која тој има толку трема, да ја покаже, пресекува, без разлика. Ужасните лични наративи на Ламар - вклучително и за неговата мајка која била злоупотребувана кога тој бил дете, и за обидите на неговата вереница да го натера да се соочи со неговите дисфункции - бараат внимание во темата и во испораката. Битот на „Father Time“ е истовремено сонлив и абразивен, соодветно надополнување на сеќавањата на татко кој го турка својот син да биде поцврст отколку што би требало да биде било кое дете. Ламар фотореалистично ги доловува не само неговите спомени, туку и подлабоките ефекти што ги имале. "This made relationships seem cloudy, never attached to none"(„Ова ги направи односите да бидат матни, никогаш приврзан за никого“), рапува тој - „ So if you took some likings around me, I might reject the love( „Па, ако ви се допадна некој околу мене, можеби ќе ја отфрлам љубовта“.)

Некои од најдобрите моменти на албумот првично играат како тролање - но брзо ја откриваат нивната суштина. Кога Ламар навлегува во својата сексуална историја со бели жени на „Worldwide Steppers“, тоа е еден од ретките пасуси на кои публиката ќе праша: Што, по ѓаволите, слушам? а потоа се наведнуваат поблиску до нивните звучници. На крајот на краиштата, песната се пробива низ начинот на кој предрасудите и историјата ги обликуваат дури и нашите најинтимни моменти. Уште подобро парче за разговор е „We cry together“, брутален театар во кој Ламар и брилијантнaтa актерка Тејлор Пејџ играат љубовници кои се расправаат. Песната е документ за емоционално насилство, но исто така изобилува со увид, хумор и чудна музикалност. Со други зборови, се гледа дека Ламар го прави она што го прави најдобро, за што никогаш не треба да се извинува.


Единствениот момент на Мr.Morale and big steppers што всушност може да доведе до откажување на Ламар е „Auntie diaries“, кој раскажува дека тој преминува од недоразбирање кон прифаќање и љубов кон двајца трансродови роднини. Да бев на местото на Ламар, едноставно ќе најдов начин да напишам про-квир песна без да го повторувам зборот педер, да ги оцрнувам луѓето и да си поигрувам брзо и слободно со заменките. Многу транс слушатели се разбирливо вознемирени од неговото засилување на самиот јазик што редовно се користи за нивно демонизирање. (Што не значи ништо за злосторството на Ламар, Меклмор-иновото фалење за неговата сопствена толеранција над жиците на мадлин.)

Дискутирањето за песна како „Auntie Diaries“ вклучува обид да се направат невозможни пресметки за трошоците и придобивките. Можеби бројот на слушатели на кои ќе им се промени мислењето на подобро го надминува бројот на луѓе кои ќе се чувствуваат охрабрени да рапуваат заедно со навреди (или уште полошо). Но запомнете, ова е албумот на Ламар „Јас не сум твој спасител“. Тој наводно ја соблекол обвивката на општествената одговорност за понизно да ја сподели својата вистина, на јазикот што му е природен. Дали слушателите ќе го сфатат или ќе се согласат со него, не е негова работа. Овој пристап создава досаден парадокс. Како може албум со толку многу искреност, енергија и емпатија да се испорача со кревање раменици?


„Видете, ме научија дека зборовите не се ништо повеќе од звук“, вели Ламар доцна на „Auntie diaries“, објаснувајќи што дошол до него: дека зборовите, всушност, имаат моќ. Прашањето до каде таа моќ се протега, а до каде не, е клучната тензија на mr.Morale - како што е тоа низ општеството во нашата ера на злобни расправии за реториката. Ламар не може да ја реши таа тензија, но очигледно задржува многу надеж за тоа што уметноста може да постигне. Кога албумот кулминира со хроника на трауми на треперливата „Mother I Sober“, Ламар изгледа убеден дека зборувањето на неискажливото може да заздрави. Потоа упатува молба — всушност, фрла магија — за олеснување на сите „срца исполнети со омраза“. Ако не функционира, тоа е на нас, а не на него.

Спенсер Корнхабер писател во Атлантик.




bottom of page