Како помина првиот Верзуз на Јадро: Марко и Ненад го свртеа на глава!
top of page

Како помина првиот Верзуз на Јадро: Марко и Ненад го свртеа на глава!

Антропологијата нè учи: ритуалите се различни од игрите. Игрите се карактеристични за „врели“ општества и се таму да создаваат настани во кои ќе ги одвојат губитниците од победниците. Додека „ладните“ се потпираат на ритуали: конјуктивни,таму се да ги зближуваат луѓето. Како Нокиа.


Кога племето Гахуку-Гама од Нова Гвинеја ги научиле да играат футбал, тие ја измениле играта: играле додека не го го изедначиле резултатот!


Тоа беше и суштината на Верзузот на Марко и Ненад: од игра каде што сме гледале и закачки, па скоро и тепачки, лути ривалства, но и блискост и пријателства – тие направија ритуал. Ги поканија присутните да си купат пиво од блиската продавничка пред да затвори: и главно пред своите колеги, Ненад го чешлаше каталогот на Марко и Обратно. Всушност, видете сами.


Овој ритуал се одиграJ пред КСП Јадро кој продолжува да го укотви во македонската култура како нешто подруго од улична разбибрига.




bottom of page