,,Книга по Хов” изложбата во Бруклинската библиотека во чест на Џеј Зи
top of page

,,Книга по Хов” изложбата во Бруклинската библиотека во чест на Џеј Зи




Кога текстови од хитовите на Џеј Зи, како “Hard Knock Life (Ghetto Anthem)” и “Justify My Thug” се појавија на арт деко закосената фасада на Бруклинската јавна библиотека минатата недела фановите и минувачите можеа само да шпекулираат која е поводот за наглото преуредување на зградата. Концерт кој би бил изненадување во родното маало на раперот? Посвета по повод на 50-годишнината на хип-хопот ова лето?





Одговорот е, излезе, ниту едно од двете- и беше тајна дури и за човекот во прашање.


Во четвртокот навечер, кога Џеј Зи влезе во библиотеката во посета на приватен настан опкружен со најтесниот круг од семејството, пријателите и деловните соработници, тој беше поздравен од неговиот бенд кој ги свиреше неговите хитови надвор, и архивска изложба која ја опфати целата негова кариера внатре. „Знам дека немаше да ни дозволи да го направиме ова. Ова никогаш немаше да се случи доколку тој беше вклучен“ - рече Дезире Перез, главната директорка на Рок Нејшн - империјата на Џеј Зи.





Вклучени беа насловници, сувенири, дребулии и рекреации од големи размери од клучни моменти на обемната кариера на раперот. „Книгата по Хов“ која ќе биде изложена во текот на летото, можеби се чини дека би била дома на свое во Бруклинскиот музеј на истата улица. Но со инсталирање на изложбата преку осум зони во функционална библиотека, нејзините архитекти имаат за цел да донесат аспирациона екстравагантност на славата во бесплатен јавен дом само неколку километри од Мерси куќите каде што Џеј Зи пораснал.


„Џеј Зи им припаѓа на луѓето“ - рече Перез, „ Тоа е место што е удобно. Не заплашува. Многу луѓе одат во музеи, но и многумина не одат“



Дури и неговата таинствена сопруга Бијонсе се мешаше повеќе со луѓето, барем за кратко време, како што луѓе се собраа пред библиотеката да уловат понекој поглед во проширениот универзум на Џеј Зи - спортисти како Џејсон Татум и Робинсон Кано, музичарот Лил Узи Верт, ДиЏеј Калед и Куестлов, режисерот Џош Сафдај и бизнисменот Мајкл Рубин.


До петок изложбата ќе се отвори за јавноста, ордеврите и пијалоците, кои се природно, брендови на Џеј Зи, веќе нема да бидат таму. Но ќе останат статуи, патики, цртежи, платинумски плакети, трефеи и исечоци од вести кои се поврзани со 13-те албуми на Џеј Зи и компаниите кој тој ги основа како Рокавеар и Тајдл.



Библиотеката првично предложија Џеј Зи да ја добие годишната награда за добротворната гала. Но кога нивниот директор Линда И. Џонсон - сопруга на еден друг Џеј Зи сојузник, Брус Ратнер - ја предложи идејата до Перез на Рок Нејшн, се здружија.

„Само ја прашав колку е голема библиотеката… и кога ми кажа 32 000 метри квадратни не ми се веруваше“ - се присетува Перез.


За време на пандемијата Перез и Рој Нејшн планираа да прикажат артефакти што го прикаживаат влијанието на Џеј Зи во музиката, бизнисот и пошироката култура, вклучувајќи ги и мастерите на кои ги откупи и го доби повторно сопствеништвото со текот на годините. „Таа архива припаѓа во Бруклин“ - кажува Џонсон кој го надгледуваше спојувањето на Бруклинската јавна библиотека и Бруклинското историско здружение. Заедно почнаа да го планираат „Книга по Хов“ во јануари ангажирајќи ги продукциските дизајнири Брус и Шели Роџерс, кои се Еми-добитници за полувремето на Суперболот као и креативната агенција Џенерал Ајдија за да го зачнат и остварат сложениот проект.



Не стануваше збор само за изложување на сувенири. Позади главниот атриум на библиотеката, под огромен колаж од Џеј Зи, сега има реплика во реална големина од Бејслајн Рикординг Студиос, каде што Џеј Зи ги направи некои од неговите најпознати песни. Секој детал мораше да биде точен, до димензиите на телевизорот и пакетче Дам-Дамс на плотната.



Студио за снимање со дрвени панели со голема миксета, звучници, синтизајзери и грамофон.


Брус Роџерс, продукцискиот дизајнер кој сега работи на 18-то Супербол полувреме го нарече проектот „веројатно најинтензивната инсталација во која некогаш сум бил вклучен. Ние не сакавме да го попречиме нормалното функционирање на библиотеката, но сакавме да направиме поента.“ Тоа вклучи носење на „нинџи“ од Западниот Брег кои ќе ја припремат зградата за да ја инсталираат лиричната фасада на време.


„Луѓето мислеа дека сум го изгубил умот помалку. Нема да погрешам ако кажам дека ова е најголемата инсталација која сме ја направиле.“



Додека вредните експонати бараат дополнително обезбедување, Бруклинската јавна библиотека не вложи пари во продукцијата на шоуто „Рок Нејшн прави доста за нас, финансиски“ - рече Џонсон вклучувајќи и значителна донација врзана со галата во октомври, кога Џеј Зи и неговата мајка Глорија Картер, ќе бидат почестени.

Не само што изложбата ќе привлече посетители, библиотеката ќе направи 13 библиотечни картички, со варијации на домашната ѕвезда - секоја за еден од албумите. „Загрижен сум за бројот на посетители“ - рече Џонсон со еднакви делови на трепет и возбуда. „Ќе бегаме ми се чини’.





Автор: Џое Коскарели.


bottom of page