Лаги на Александар Велики
top of page

Лаги на Александар Велики

Носталгијата е за ПМГ музичкиот звук што е темата Скопје, за текстовите на Мирко Попов.





Македонските фестивалски евергрин шлагери се сретнале со најкул екс-ју бендовите во нивното златно доба ...не, не се сретанале: се лупнале еден во друг, катапултирани 5метри над техно журка и направиле бебе од искри, огномет, драма, искрено бебе.


Македонските музичари имаат направено обилни дискографии во поранешната држава, и многу од нив го издржале тестот на времето, но она што не успеале да го направат е конзистентна сцена на кул бендови или рок ѕвезди(Бастион после еден албум исчезнуваат во тој формат, а доколку мислите на Леб и сол, многу опасно газат на границата на чобански рок, а и во прекрасните моменти кога не земале од македонскиот мелос пееле на српски, и најпосле – само би биле исклучокот што го потврдува правилото.) Мислиме на оние кул, авангардни, прогресивни ликови, како Идоли, Булдожер, Видеосекс, Хаустор, Шарло... Зошто ги спомнувам? Затоа што Лаги на Александар Велики има повеќе од минлива сличност на Лаки Пингвини во каденцата, напевот, кои во полу-шега ги нарекуваат „првиот југословенски рап“ точно поради тоа. Носталгијата или навраќањето и рефенцирањето во музиката (и со музиката воопшто) не е ниту нешто ново ниту спорно – дури Кендрик Ламар си игра со екс-ју семпл од психоделичен рок од 70-тите (Остави Траг) во Damn (Duckworth) - се прави од најразлични причини, и со различни намени, но она што се чини во ПМГ е случајот на: македонските музичари немале шанса да се доискажат во таа епоха, да дадат свој коментар и интерпретација во сцената во која учествувале па сега си го даваат правото да го направат тоа. Слушајќи ја дискографијата на Александар Велики, тоа не се однесува само на екс-Ју музиката, туку сите музички бранови и жанрови интересни за него, и за чудо, се помирени во неговиот музички звук и хармонични: Гачо почна како радио водител (како средношколец), продолжи како Диџеј, па басист, а сега и фронтмен – страсен љубител на музика, кој можеби го прифатил амбициозниот дух на Попов во нивното пријателство и заедничка работа, а можеби и сосема автономен порив да си го каже своето.


Туку имам анегдота за вас.

Во Сараево се сретнува комшија на Елвис Џ Куртовиќ со него, и му кажува: знам дека имавте журка, слушнав беше гласно и јасно...

- Па зошто не дојде?

- Што знам рокавте народњаци, па контав, не беше за мене..

„Народњаците„ биле Нервозни Поштар. Така и македонската сцена тогаш, барем гледана од денешна перспектива, ги фаќала воглавно само народњачките фреквенции. Таа дистанцираност не знам дали се однесува со недозреаноста на тогашната македонска сцена, или пак провинцискиот дух во кој што верувале повеќе од она што реално бил случајот, и ги угушил. Или можеби недостаток на храброст да се вокализира својот уникатен глас и порака. Некои инсистираат дека потиснувањето на тој глас било намерно и издизајнирано. Секако дека постудиозен и внимателен поглед ќе покаже дека имало навистина богат културен живот, посебно во 70-тите и 80-тите, но тоа не се рефлектира и не доаѓа до пошироката екс-Ју сцена -и нема македонски нов бран, или пандан на новите примитивци.




Самиот Александар Велики, ја најавува „Лаги“ на овој начин, а со тоа и следниот албум: „Па ова е убава песна. Радио хит. Кул поп песничка. ПОП, не ни се свиѓа? Вистинско ПМГ рекордингс издание. Само вклучете го, и обрнете внимание на Александар Велики...Одлична најава на неговиот трет соло албум и среќен повод. О, да...и бесплатен е за симнување„

bottom of page