Македонскиот стрип гостуваше на фестивал во Ужице
top of page

Македонскиот стрип гостуваше на фестивал во Ужице





Ужице, Србија – Во светот на деветата уметност, македонските стрипаџии блеснаа со полн сјај  на третото издание на стрип фестивалот Ужички стрип сусрети“ во Ужице, Србија. Поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Томе Трајков, програмскиот координатор на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес, беше еден од претставниците на овој настан.



Трајков ја искористи приликата за да ги запознае присутните со активностите и успесите на македонските стрип артисти и стрип центарот, истакнувајќи го нивното делување во интерес на македонската стрип сцена. Како врв на неговото учество, Трајков организирал изложба со дела од новата генерација македонски стрип цртачи и сценаристи.



Со презентацијата на делата од реномирани и надежни стрип артисти како Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, и Евгенија Трајковска, меѓу другите, македонскиот стрип покажа зошто важи за значаен учесник на меѓународната стрип сцена. Наведени се и важни сценаристички имиња како Ване Трајков и Александар Стеванов, кои со своето дело придонесоа кон богатството и разновидноста на изложеното.


-Престојот во Ужице го искористив да присутните,преку посебна панел дискусија но и неформална комуникација ,  ги запознам со актуелната стрип сцена  во Македонија .  Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија и делување во интерес на македонските автори, стрип групации и воопшто целокупната наша стрип сцена. На крај организирав стрип изложба од домашни автори , учесници на последниот Интернационален стрип салон во Велес , како најзначајна стрип манифестација(фестивал ) во светот на 9та уметност во Македонија.
Беа изложени дела на македонски цртачи  од понова генерација : Славица Купенкова, Ангела Петрушевска,  Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма Дамњановска,Елена Апостоловска, Влера Чиче, Катерина Тери Николовска (сите од Скопје) ,потоа Методија Андоновски и Анастасија Недељковска од Куманово, Оливер Цветковски од Велес  и на крај  Теодора Христова и Михаела Васкоска од Битола. Како сценаристи на некои од делата беа застапени Ване Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип.
Од другите гости на овој фестивал ,повеќето реномирани стрип артисти од регионот, се слушнаа доста комплименти  за талентот на изложените стрип автори, и изразена подготвеност за развивање на идна меѓународна стрип соработка ..-нагласи Трајков

Ова претставува уште еден значаен чекор напред за ,,Македонскиот стрип центар” и македонската стрип сцена во целина, продолжувајќи да ги испишува страниците на глобалниот стрип наратив.




Со своето учествување на фестивалот во Ужице, македонскиот стрип не само што ја зголеми својата препознатливост на меѓународно ниво, туку и потврди дека стрипот е уметност без граници, соопштувајќи пораки и емоции до широк аудиториум преку својата уникатна визуелна и наративна сила.

bottom of page