Најнезаборавен моден момент на Оскарите: македонскиот лебед
top of page

Најнезаборавен моден момент на Оскарите: македонскиот лебед

Во многуте содржини кои „фрчат„ на сите страни како што се приближуваме до неделните постпандемиски, пост - немаме водител затоа што го откажавме-Оскари, еден наслов ми го улови вниманието. Разбирливо: Teen Vouge, ја имаше истакнато Bjork во „лебедовиот фустан„ на Марјан Пејоски како најмногу запаметен, најмногу незаборавен моден момент во историјата на оскаровскиот црвен тепих. Тоа не е мала работа. Воопшто.




И не претеруваат, ретко кога се зборува за оскаровската мода без да спомне - стана иконичен поп арт момент. Секако и Бјорк има своја заслуга. Подоцна го има носено на насловницата на албумот Vespertine, како и за турнејата на тој албум...



„ Бев многу свесна кога отидов на Оскарите дека тоа веројатно ќе ми биде прв и последен пат. Затоа мислев дека мојот придонес навистина треба да биде за плодноста и мислев дека ќе донесам јајца...

Не гледам многу холивудски филмови, а затоа што сум од Исланд, сосема инцидентно е она што налетува таму од Холивуд. Повеќето холивудски филмови што ги гледам се мјузикли од Базби Беркли и ... како се вика тој филм со целото пливање? Естер Вилијамс, такво нешто, па мислев дека би било многу соодветно да носам лебед. Претпоставувам дека веќе не ги прават тие работи, нели? Но, тоа беше почит за Базби Беркли и тој вид на елеганција“

Овој настап/фустан беше и прекурсор на Лејди Гага и нејзините перформанси на црвениот тепих (во еден од нив и самата беше во јајцето) .



Но ова не беше инцидент кој не се повтори за Марјан. Тој заедно со Сашко Безовски базирани во Лондон го водат KTZ, бренд кој со години беше изборот на А листата на славни личности, како Rihanna, Katy Perry, Jay Z, Kanye.... посебно Ријана(од 2015 има мноштво пап фотки во кои таа е облечена во КТЗ).. а доколку ги изгуглате нема ниту еден релевантнен медиум, посебно моден медиум како Vouge, GQ, New York Times, да не ги споменуваат и покриваат, и нема ниту една од централните модни недели на кои не биле присутни .





И тогаш - после 2018 медиа покривањето згаснува.

Што се случило? Имале несреќа да го закачат почетокот на кансел културата: кога забележале свастика во еден од дезените GQ го отпишаа тоа како ироничен коментар, во тој период Кање Вест беше горд од својата бомбер јакна со знаменце на конфедерацијата(синонимно со расизам) .. Но за жал не поминало со тоа: беа прилично страсно обвинети за културна апропријација на домородните племиња во Америка. Mноштво гневни текстови илустрирани со фотографии од нивните ревии и со црвени букви испишано „РАСИСТИ„ .. Единствениот одговор кој „Кокон и Заи„ го дале бил: „ Ова е наш трибјут за таа култура„ - секако тоа не било доволно. Не можеле да знаат колку потентна ќе стане кансел културата.





Но -Daily Mail се чини им го дала бакнежот на смртта со сензационалистичкиот наслов: „Топ дизајнер кој го направи лебедевиот фустан на Бјорк, продавал препарирани загрозени животни вклучувајќи и крокодил и Индонезиски прасиња од неговиот бутик во Западен Лондон„ . До овде навивав за нив, секако, но - јасно ми е и да би сакала, тешко може да се рехабилитира еден бренд после ваков момент.


Но без гајле Кокон и Заи се добро! Новинарката(во францускиот Ел и Воуг на пример) и воопшто позната фигура за сите работи мода Diane Pernet ни го даде среќниот крај кој сакавме да го чуеме во предвечерието на Оскарите на апокалипската на нејзиниот сајт во 2018та...





„Почитувани засенчени гледачи,


Само што се вратив од магични неколку дена славејќи ја љубовта и пријателството. Марјан Пејоски и Сашко Безовски или КТЗ… се заедно 29 години и решија да се венчаат и повторно да ги посетат своите корени. Двајцата се запознале кога биле во војска во Македонија, се кладам дека не сте ја знаеле таа ситница ... Како и да е, беше многу забавно што двајцата направија сами за да го направат магично патување за нивните пријатели кои дојдоа од цела планета.. Европа , Јапонија, Кина, Бали, САД………..


Еве мал документ од првиот ден. Останав на тој брод во центарот на градот.


Подоцна,


Дајен„


Нивниот Инстаграм исто така ни́ кажува дека секако се́ уште и те како работат!

bottom of page