top of page

Патувачкиот фестивал „Културен амалгам“ пристигнува во Куманово

📍 Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово

📅 четврток, 7 август 2025

🕗 20:00


ree

Патувачкиот фестивал „Културен амалгам“, кој ова лето се одржува во неколку градови низ Македонија, продолжува со својата следна станица: Куманово. Настанот ќе се одржи во четврток, 7 август, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.


Програмата опфаќа две содржини: изложбата „ФотоСинтеза“ и проекцијата на документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“.



Алтернативна фотографија во фокусот на „ФотоСинтеза“



Изложбата претставува ревијална селекција на дела изработени со алтернативни фотографски техники како цијанотипија, гумоил и вандајк, ретко присутни на домашната сцена. Вклучени се работи на над 40 автори, кои преку рачни процеси и експериментални пристапи се навраќаат на фотографијата како медиум на материјална меморија.


„ФотоСинтеза“ досега беше претставена во Скопје и Крива Паланка, а изложбата во Куманово ќе биде поставена во фоајето на центарот за култура.



Филмска вечер со документарецот за Манакиевците



По отворањето на изложбата ќе следи проекција на документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“, посветен на животот и делото на Јанаки и Милтон Манаки. Филмот обработува значајни моменти од нивната работа како први кинематографери на Балканот и го истражува нивното културно наследство преку архивски материјали и современи толкувања.



Фестивал со фокус на децентрализација



„Културен амалгам“ е иницијатива на Културно-информативниот центар – Скопје, со цел да се поттикне децентрализација на културните содржини и подобрена соработка меѓу културните институции низ државата. Програмата е замислена како патувачка платформа што комбинира изложби, филмски проекции и јавни настани, достапни надвор од централните урбани средини.


Настанот е бесплатен и отворен за јавноста, а се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија.



подготви С.А. за diva.mk

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page