Паф Деди осуден на четири години затвор
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Oct 7
- 1 min read
Судот во Менхетен го осуди музичкиот магнат Шон „Паф Деди“ Комбс на четири години и два месеци затвор, поради два случаја на превоз на лица со цел на проституција.

Со оваа пресуда завршува еден од најпознатите случаи во американската поп-култура последниве години , процес кој ја отвори темата за злоупотребата на моќта и култот кон славата во музичката индустрија.
Комбс беше ослободен од потешките обвиненија за трафикирање лица и криминално здружување, но прогласен виновен за „transportation for prostitution“, дело што носи максимална казна до десет години. Судот одмери 50 месеци затвор, финансиска казна од 500.000 долари и пет години условен надзор по отслужувањето на казната.
Времето кое тој веќе го помина во притвор (околу 13 месеци) ќе биде пресметано во вкупната казна.
Во своето обраќање пред судот, Комбс со солзи изјави дека „се срами од дел од своето минато“ и дека сака да стане „човек достоен за простување“. Судијата, сепак, оцени дека казната мора да биде „јасна порака дека славата не штити од одговорност“.
Случајот против Паф Деди започна во 2024 година, по серија сведоштва и тужби кои открија систематски злоупотреби и „жестоки“ приватни забави, документирани во видеа и пораки. Судскиот процес го следеа голем број јавни личности, а медиумите го означија како момент на пресврт за пост-MeToo ерата во хип-хоп културата.





Comments