top of page

Пол Макартни и Ринго Стар конечно во прв официјален дует

  • 5 hours ago
  • 2 min read

Првата официјална дуетска песна на Пол Макартни и Ринго Стар, „Home To Us“, ќе се најде на новиот албум The Boys Of Dungeon Lane, заедно со гостувања од Криси Хајнд и Шарлин Спитери.

Извор: Instagram;
Извор: Instagram;

Легендарниот Пол Макартни потврди дека неговиот нов албум The Boys Of Dungeon Lane ќе ја содржи песната „Home To Us“ – првиот официјален дует што некогаш го снимил со Ринго Стар.


Песната беше претставена на специјален listening event во легендарното Abbey Road Studios, каде што Макартни пред фановите откри детали за албумот што излегува на 29 мај.


„Home To Us“ е интимна песна за нивното растење во Ливерпул, градот што ги обликуваше и од кој започна приказната на The Beatles. Макартни изјавил дека песната била напишана „целосно со Ринго на ум“.


„Ринго дојде во студио и отсвири малку тапани. Му реков на Ендру: треба да направиме песна и да му ја испратиме. Оваа песна е создадена целосно мислејќи на Ринго,“ изјавил Макартни.


Освен Стар, на песната гостуваат и Криси Хајнд и Шарлин Спитери, додека продукцијата ја потпишува Andrew Watt.

Според првите информации, The Boys Of Dungeon Lane ќе биде едно од најличните изданија на Макартни досега. Албумот обработува спомени од детството, семејството и раните години во Ливерпул, а многумина веќе го опишуваат како негово „најинтроспективно“ дело во последните децении.


Макартни, како и на неговиот култен соло-дебитантски албум McCartney, повторно сам свири најголем дел од инструментите.


Веста за дуетот предизвика силни реакции кај фановите на Beatles, особено затоа што иако Макартни и Стар со години соработуваат и настапуваат заедно, ова е првпат нивните гласови официјално да се спојат во дует на песна потпишана како соло-издание на Макартни.


Во време кога рок легендите најчесто живеат низ архиви, ремастери и документарци, „Home To Us“ делува како доцно но емотивно враќање дома: два гласа од Ливерпул што сè уште звучат како да носат цел еден век поп /рок култура во себе.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page