top of page

Поткаст лектира: Ace of hearts (Кец на срца)

Новиот неделен поткаст кој дебитираше во август, веќе успеа да ни даде содржини кои се информативни, нови, и кои најверојатно ќе остават впечаток на повеќето... Тоа е подвиг сам по себе, во океанот на содржини по кој пловиме секојдневно на Интернет.



Водителката е Меди Гошорн - асексуална девојка која е во потрага по партнер, објаснува:


„Моето име е Меди Гошорн и јас сум асексуална. За оние кои не знаат, тоа значи дека

немам до никаков вроден интерес за секс од кој било вид. Па како резултат, дејтингот беше прилично ретка појава во мојот живот. Сепак, сè уште сум заинтересирана да најдам партнер, но кога сексот е надвор прашање тешко ми е да најдам луѓе кои сакаат да ми дадат шанса.


И тогаш една вечер вечерав со неколку мои пријатели. 20-годишна Италијанка и двајца разведени татковци (од кои едниот има дворфизам). Сите тие активно бараа партнери.. И ми стана јасно колку е различно патешествието на сите, и уникатните замки со кои се соочуваат кога бараат романса. А сепак беше неверојатно што сите тие можеа да сочувствуваат и да си дадат совети за истото: дејтинг, љубов и интимност.


Така, бев инспирирана да продолжам да зборувам, но не само со нив, туку со сите!


Секоја епизода ќе интервјуирам неколку поединци со спрецифична позадина. Ќе разговараме со луѓе од различен пол, попреченост, националности, ориентации и многу други идентификатори кои можат да нè натераат да се чувствуваме поделени. А потоа повторно да се обединиме со разговор за нешто што сите го сакаме: Вистинска врска.“


Во првата епиздоа таа го интервјуира Скот Страсбоу, мала личност - со дворфизам, кој раскажува од анегдоти во периодот на адолесценцијата до сложеноста на бракот - и улогата на децата во него... Ни разјаснува како изгледал неговиот роматничен живот, и како светот реагира на атипичните луѓе воопшто а посебно во сферата на интимното.


Втората епизода се сретнуваме со полиаморен брачен пар, а во третата со возрасен човек кој има 70 години искуство на дејтинг.


Го има на сите поткаст платформи, ние ви ги посочуваме линковите од Епл Поткастс, и Спотифај.





bottom of page