Поткаст лектира: Кет Вилијамс не се воздржуваше во дисекцијата на колегите комичари
top of page

Поткаст лектира: Кет Вилијамс не се воздржуваше во дисекцијата на колегите комичари

Се сеќавате на Последниот танц? Документарецот кој едноставно МОРАШЕ да се гледа на почетокот на 2020-та година, во кој Мајкл Џордан, размислувајќи за неговата последна шампионска кампања и наследство во НБА, го воодушеви светот со тоа што конечно ги отфрли своите поранешни соиграчи, ривали и насловите што го следеа во текот на неговата кариера? Па, замислете дека Последниот танц се состои само од едно долго интервју, го смени фокусот од кошарка на стенд-ап и наместо Џордан како легендата во фокус, е легендата на комедијата Кет Вилијамс.



На 3-ти јануари, еден дел од интернетот експлодираше токму поради тоа, кога Вилијамс седна на речиси тричасовно интервју со дописникот на ЕСПН, Шенон Шарп на неговиот подкаст, Club Shay Shay (Клуб Шеј Шеј.) „Причината поради која морав да дојдам е затоа што направивте безбедно место за да се каже вистината“, рече Вилијамс во кулминацијата на интервјуто. „И ги гледав сите овие комичари на припроста комедија како доаѓаат овде и не те почитуваат и ти кажуваат лаги додека те гледаат во очи“. Дали тој беше таму за да го „ги расчисти сметките“? - праша Шарп како одговор. Очигледно тоа беше случајот.

Во текот на интервјуто, Вилијамс дава неверојатни тврдења (тој рече дека Харви Вајнштајн понудил „да ми го цица пенисот пред сите мои луѓе во мојата агенција“); си ги каже јавно сите лични поплаки со околу десетина легендарни комичари, како Cedric the Entertainer  (кој наводно украл една од неговите шеги) и Мајкл Блексон (комичар кој не е „исвиркуван доволно“);  и ги отфрла гласините за неговиот личен живот. Можеби не е секогаш најдоследниот наратор, а има свои моменти - како кога ја нарекува Ким Кардашијан  „курва“ или кога има фиксација на машки комичари кои носеле фустани во филмовите - што е зачудувачки. Но, ова е во голема мера „врзи го појасот и уживај во возењето“ - ситуација.

Уште пред да заврши премиерата на интервјуто на YouTube, тоа почна да станува вирална на Твитер.инспираше мемиња,вицеви, и проверка на факти; но и предизвикува одговори од некои од луѓето кои ги спомна; го започна дискурсот за тоа како младите Црни комичари ретко ја добиваат изложеноста на постарите Црни комичари ; и уште еден куп реакции.

 За да го постигнете целосниот ефект, мора да ја погледнете епизодата на поткастот во целост, но доколку уште не сте убедени дека треба да го направите тоа, ви нудиме краток избор на најинтересните моменти, флагрантни обвинувања и можно клеветење.


За Кевин Харт:



„За 15 години во Холивуд, никој во Холивуд нема да се сеќава на распродадените шоуа на Кевин Харт, дека луѓе чекале во ред да влезат, дека некогаш добивал овации во кој било комичарски клуб. Тој веќе имаше свои зделки кога дојде овде. Дали сме слушнале за комичар кој дошол во Л.А. и во првата година во Л.А., тој имал свој ситком на национална телевизија и имал свој филм наречен Soul Plane во кој имаше главна улога?
 Не.
 Никогаш не сме слушнале за нешто такво пред таа личност или откако таа личност дојде. Што мислите дека е “industry plant” ( Калем на индустријата е уметник кој е поддржан од голема мрежа,  но се претставува себеси како „домашно израснат продукт“ за да создаде псевдо-органски следбеници. Тие се поставуваат како работите чудесно им се случуваат врз основа на нивниот талент (преку пишување на блоговите, медиумско покривање, интервјуа по телевизии итн.)  Можеби луѓето не ги разбираат дефинициите на овие зборови. Тој штотуку го направи својот документарец со Крис Рок, каде што ви покажува дека целото негово воспитување во комедијата е на источниот брег. Па, како, истовремено, тој овде во Лос Анџелес го правеше истото? Никогаш не се случило. 
Во период од пет години, секој филм што го правеше Кевин Харт беше филм што некогаш стигнал на моето биро. А се́ што кажав беше „Можеме ли да тргнеме малку од ова Степин Фечит срање па после може да го снимам филмов? Не треба да биде отворено хомосексуален, бидејќи јас не сум хомосексуалец. Не му треба тоа за да биде смешно, нели?“ И јас го кажувам тоа, а тие велат: „О, да, нема проблем“, а потоа ќе му го дадат на другиот тип и ќе го натераат да го прави тоа  а јас ќе излезам како да сум лоша личност, затоа што стојам на мојот стандард.“
Тие ви велат дека нема вратари, но ние продолжуваме да го гледаме истиот човек како ја отвора портата. Зарем Кевин не ја пушти Тифани [Хадиш] да влезе? … Како мислиш - нема вратари? Овде има сто врати. Секоја што ја видов имаше чувар“. (На 4 јануари, Харт му одговори на Вилијамс Твитер во објава за промоција на неговиот претстоен филм на Нетфликс  Lift. . „Морам да го исфрлиш целиот тој гнев од тебе шампионе“, напиша тој. „Искрено е тажно.“)

За Cedric the Entertainer:



„Седрик седи овде и кажува зошто не е филмска ѕвезда. Седи овде личи на морж... Не може ни да ги тргне рацете од стомакот. Седи овде и вика: „Зошто не сум филмска ѕвезда?“ Никогаш не си напишал ништо! Запомнете, кога започнува Cedric the Entertainer, тој треба да знае да пее, танцува и кажува шеги. Затоа го нарекуваат „забавувачот“. Дознавме дека не знае да пее, не може да танцува и не пишува шеги. Направил четири комичарски специјали. Тие се толку лоши, Шенон, не се достапни на Нетфликс или Туби. Може ли да го кажам тоа уште еднаш за публиката? Тие се толку лоши што не се достапни на Нетфликс или Туби“.  

За Кање Вест:



„Се сомневам дека сме прилично ужасни луѓе ако кажеме дека некој има ментална болест и потоа гледаме што прават. Ако кажете дека некој има посебни потреби, тогаш зошто би ги набљудувале и барате од нив одговорност како и со сите други? Зарем не би ги оцениле соодветно? Затоа што, мислам, на што реагираме? Вие сте тие кои го ставивте во позиција каде што мислеше дека е Бог и може да се нарече Yeezus. Вие сте тие кои му кажавте на типот што пишува  текстови за музика дека е генијалев. Вие сте тие. Значи, што очекувавте? Типот се ожени со курва! Мислам, се ожени со неа бидејќи таа беше тоа. Не дека не знаеше. Сфати дека го сака тоа. Тој се додворуваше на идеата. Тоа е она на што сакаше да го заснова своето семејство. Ако она што го велам не е точно, тогаш како таа заврши со Пит Дејвидсон? А што ако не е доволно добра за Пит и тој те остави? Што значи  дека бил производот? Не, јас не го поддржувам и не го злоупотребувам Кање, бидејќи не разбирам што бараме од него. Не знам зошто би гледале во кошаркар да кажеме: „Тој не постигна голови во хокеј цела сезона!“ Тој не игра хокеј!“

За Харви Вајнштајн:



„Ме откажаа затоа што зборував за Харви Вајнштајн пред се́ да излезе на виделина. Но, тој ми понуди да го цица мојот пенис пред сите мои луѓе во мојата агенција. Што треба да правам? Тој го направи сето тоа. Мислам дека сум единствениот црнец на сценариото. Отидов таму - таму има уште тројца Црнци. Ха?! Му реков „не.“ Што направивте вие?”

За Стив Харви:



 „Не можеше да бидеш филмска ѕвезда. Секоја година во Холивуд има 30.000 нови сценарија. Ниту едно од нив не побара Црн селанец  кој не знае добро да зборува и да личи на Компироглав.
Стив ти кажа дека престанал да се занимава со стенд-ап бидејќи имал седум ТВ емисии. Единствениот проблем во приказната е што кога престана да се занимава со стенд-ап, ги немаше тие седум ТВ емисии. Тој престана со стенд-ап бидејќи влезе во комичарска битка наречена Шампионатот на стенд-ап комедијата со еден Кет Вилијамс во Детроит пред 10.000 луѓе и загуби. Затоа што Кет Вилијамс рече дека тој всушност е ќелав и дека носи перика. И не се воздржав, и затоа тој не можеше повеќе да прави стенд-ап. Замисли тој доаѓа да ти раскаже друга приказна во која тој станал толку голем и дека Берни [Мек] и тие се виновни затоа што сакале да бидат филмски ѕвезди. Што? Ти се јавуваше на Ocean’s Eleven да му ја земеш улогата на тој н - - - -. Што сакаш да кажеш дека не сакаш да бидеш филмска ѕвезда?
Ова е како кога Стив Харви им кажува на луѓето дека порано бил бездомник. Тоа е мојота приказна. Тоа не е негова приказна. Стив Харви никогаш не бил бездомник. Марк Кари беше на турнеја со него пред 25 години. Заработуваше 3.000 долари по емисија во готово и правеше пет емисии неделно. Тие само ги раскажуваат приказните: „Благодарение на мојата сопруга, јас сум таму каде што сум.“ Тоа го кажуваше и за првата жена! Го забораваш тоа? Ни кажа дека е таа. Потоа отиде и се ожени за друга која „размислува како маж“(*алузија на неговиот бестселер „Мисли како маж,однесувај се како дама“)  За што зборуваш? Тие мислат дека можат да ја препишат историјата“.



За Диди:


„Дојдов во овој бизнис велејќи дека ќе разоткривам. Кога зборував за Мајкл Џексон, кога зборував за Р. Кели, ме откажаа поради овие работи. Затоа што „Зошто би зборувал за друг Црн маж?“ Расата не е местото каде што се повлекува црвената линија. Тоа е Божјата страна и страната отаде. И не ни е грижа за другата страна - точка. Точка. Сите овие девијанти со големи курови им следи пекол во 2024 година. Важи за сите нив. Не е важно дали сте Диди или кој и да сте. Т.Д. Џејкс (пастор) - било кој од нив. Сите лаги ќе бидат откриени“. 






За Faizon Love:




„Ги препорачувам само комичарите кои се посмешни од мене. Секој што некогаш ви кажал поинаку бил дебел Фајзон лажго. Нема никој како мене во бизнисот… Фајзон рече дека е лесно да се добие специјал на Netflix. Имам 12 специјали. Погодете колку Faizon доби? Нула. Зошто му е дозволено да разговара за вистински стенд-ап комичари? Не дозволуваме луѓето кои се допингуваат да дискутираат за вистински спортисти“.

За Мајкл Блексон:


„Повеќето комичари не се исвиркувани доволно. Така завршувате со Мајкл Блексон, кој е вистински Африканец, но кој користи лажен африкански акцент.
Ако сте африканскиот крал на комедијата, господине, всушност има комичари во Африка кои прават комедија. Ако сакаш да го кажеш тоа, мора да одиш во Африка и да учиш таму. Мора да вложите малку труд. И овие момци, го прифаќаат мојот совет, ја менуваат целата своја личност, а потоа ме мразат поради тоа“. (Блексон му одговори на Вилијамс во серија твитови на 3 јануари, велејќи, меѓу другото, „Кет Вилијамс е многу паметно џуџе нига, тој ги спомена најдобрите 10 живи комичари денес за да можеме сите да одговориме и да го направиме повторно релевантен“). 

За Џо Роган:


„Џо не ме сака [во неговото шоу]... Џо доби шест комичари кои никогаш не биле смешни што сака да ги промовира“. 


За Тараџи П. Хенсон:



„Тоа беше најтажното нешто  бидејќи замислете да сте во вашиот жанр - во вашата ниша, што и да е. Замислете дека сте во вашата лента, замислете дека сте еден од најдобрите во вашата лента до точка каде што, ако не ве најмат за улога нема три Црни актерки за кои можат да кажат дека се поголеми од тебе, на кои можеме да им ја дадеме улогата. Замислете дека сте во тој момент и да треба да се понижите и да кажете: „Не ми плаќаат, и не ми ја зголемуваат платата Тие сакаат да ме платат  истото што  и  плаќаат на новата девојка, а јас страдам на овој начин веќе една деценија и само трпам. Едноставно се разочарав, но само требаше да да кажам дека ова е погрешно“..“ Треба да се срамиме. Но, ова е земја во која не ги плаќаме наставниците, а потоа велиме дека децата се најважното нешто. Не можете да ги имате и двете! … Во овој временски период [се наоѓаме]. Тоа е периодот кога жртвите можат да кажат: „Ме повредуваа долго време, а јас едноставно не кажав ништо“.


bottom of page