Поткаст лектира: Мирко Попов
top of page

Поткаст лектира: Мирко Попов

И ете не́ на ваков ден, тежок, емотивен, со шок кој одѕвонува во ушите, кој заглушува, полека се помируваме со фактот кој звучи неверојатно: дека со смисла на конечност треба да правиме резимирања и да ставаме точки, да го заокружуваме креативниот опус на Мирко кој се чини од друга страна дека е бесконечен, и кој ќе бара експертско знаење да биде целосен и приближно до точен.


Затоа ќе почнеме со поткастите каде што поради нивниот формат, Мирко имаше простор да се опушти и раскомоти и да ни даде шанса да го запознаеме и поинтимно.


На 15-ти април, 2022 гостуваше во „Парк шема“ со Андреј Игњатовски и Петар Марковиќ каде јасно заблескува она за кое се зборува во тагувањето - пасијата кон музиката, почитта и одговорноста која ја негуваше кон помладите генерации, и љубовта која потцртуваше се́ што правеше:




Мирко во Celebrate life поткастот со Индог ја отворија годината, „ го разбиваме и митот на Порано беше боље 🧐 103јка и начинот на размислување. Слободата во општеството и дискриминацијата, комплетната подиумска автономна слободна зона во Метропол и носењето на градот во прогрес. Иднината и нај новиот културен центар во Скопје Лабораториум каде што во петок на 5ти јануари со Мирко по повод промоција на #celebratelifepodcast ќе пуштаме заедно плочи. 🥳“






Во Амок радио имаше редовен сет, но гостуваше/соработуваше и на/со Microdosing со Galatheia каде имаа PMG recording showcase




Не́ опушти и почасти со дневно матине во МКЦ со концерт:




...но и со опуштена вечерна Амок сесија:




Wax preservation society: Градот убав - Мирко со сет пред 26 јули гаражата, пред галерија од графити:






Но најдовме и поткасти чиј автор е самиот тој, но се музички и со тоа сосема соодветни - тоа е јазикот кој најмногу го сакаше, и инсистираше дека имплицитно содржи од идеи до идеологии.












На битолската „Не ја конзумирај културата - креирај нова!“ Мирко со уште еден музичи поткаст насловен како


„ЧОВЕК СО 615ЈСЕТ ЛИЦА“




И пред пар недели, дојде во Јадро на муабет со Брза Кучка:




bottom of page