top of page

Светски ден на голо градинарство: Отворете го вашиот двор и - тела -кон природата

Updated: Nov 13, 2024

Секој мај - па и април, многумина од нас се собираат околу идејата за работа низ градината, но првата сабота во мај е посветена на  - голо градинарство, нудистичко градинарење. Светскиот ден на голото градинарство е повод да се прослави слободата, природата и човечката уметност во наједноставна форма.


ree

Секоја година, на Светскиот ден на голо градинарство, ексцентричните и најентузијастичните од сите градинари, ја соблекуваат својата облека и се поврзуваат со земјата во нивните градини, без срам и без перде.


Но зошто голо градинарство? Причините се многубројни, а  главната идеја е да се ослободиме од бариерите на облеката и на најнепосреден начин да се вратиме во природата. Голото градинарство не е само чин на слобода, туку и начин да се доближите до земјата, воздухот и сонцето, да ја почувствувате нивната енергија и да се споите со циклусите на природата.


ree

Овој ден е совршена можност да се исклучите од вашите електронски уреди и да се вратите на природата. Размислете за засадување на вашиот омилен зеленчук или цвеќе, ако е можно, без облека. Почувствувајте ја топлината на сонцето на вашата кожа и слушнете ги звуците на природата околу вас. Овој ден е време да го прифатиме нашето тело, да ја прославиме во неговата природна форма и да се чувствуваме слободни и цели, со себе и со природата.


Светскиот ден на голото градинарство не е само за луѓе со огромни градини или експерти за градинарство. Време е секој од нас да го истражи искуството на голо градинарство, било да е тоа на нашите мали балкони, дворови или градини.  

Сепак, доколку се одлучите дека е добра идеја која ќе ја испробате, треба  да бидете свесни за околината и луѓето околу вас. Нудистичкото градинарство може да биде пријатно и ослободувачко искуство, но исто така може да биде премногу за некои од комшиите, или минувачите. Затоа, пред да ја испробате оваа идеја имајте ги на ум вашите соседи и бидете сигурни дека сте во рамките на законските и културните норми.



Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page