top of page

„Силата ЕУ младите“ ви го носи „Поп култура - фестивал на современа поп-хоп музика“

Updated: Mar 25, 2024



ree

Поп културата, или популарната култура, е дел од нашето секојдневие, таа е нашето секојдневие во голема мера: музиката, филмовите, модата и сериите што ги гледаме, книгите што ги читаме и во социјалните медиуми што ги користиме. Но, зошто поп културата е важна за културата воопшто и дали има уметничка вредност?Поп културата е важна затоа што е рефлексија на современите друштвени трендови и вредности и веќе најмалку 70-на години е мост помеѓу различни култури и генерации, овозможувајќи им на луѓето да се поврзат и да се разберат помеѓу себе, без разлика на нивните разлики.


Поп културата од кога постои седи на дебатата која се одвива околу нејзината уметничка вредност. Некои  - кои некогаш беа мнозинство, но нивниот број е во опаѓање - ја сметаат за ниска форма на уметност, во споредба со 'високата' култура како што се класичната музика, балетот и фините уметности.




Но, оваа дихотомија често е мислење на елитизам, а не на вистинската вредност на уметноста.Уметничката вредност не треба да биде мерена по елитноста на публиката, туку по нејзината способност да дојде до луѓето на значителен начин. Во овој контекст, поп културата има огромна уметничка вредност. Таа има способност да ги промени нашите погледи, да ни ги отвори умовите и да ни го обогати разбирањето за светот околу нас.Во заклучок, поп културата не само што е важна за културата - таа е и неодвоив дел од неа. Таа има уметничка вредност и има силно влијанието врз нашето општество. Затоа, таа заслужува да биде ценета и разбрана, а не само потценета или одбиена. 




Во овој контекст беа и нападите, насочени кон Јанг Дади кога настапи на ПМГ концерт. Нивната поврзаност беше доживеана како шлаканица на „алтернативните“(како што беа нарекувани) уметници традиционално поврзани со ПМГ брендот. 


ПМГ сепак, true to form одговара на тие замерки, со полна сила: Фестивал наречен „Поп култура“ со назнака - поп кој произлегува од хип-хоп културата, или како што го нарекуваат поп-хоп.  Во сржта на овој одговор е препознавањето на виталноста и свежината на оваа „поп-хоп“ сцена која ја држи самата македонска култура исправена со тоа што и́ нуди јазик кој ја поврзува во современоста и духот на времето.


  



Поп култура е настан кој е дел од платформата Силата еу младите. Тоа е покана за секојдневно активирање, ангажирање и учество на младите во современиот свет. Поп-културата е изјава дека речиси сите форми на уметност се обединуваат, а оваа можност дава платформа за младите да ги изразат своите идеи, текови и апели.

Оваа година, за да апелираме на младешката енергија и креативност се обраќаме на кремот на актуелната македонска поп-хоп генерација, во која членуваат Јанг Дади, Зи, Матеј Фолц, Вански и Димчуга. Но, тоа не е се, ќе има специјална покана и ексклузивен настап на прекрасната Млада Беба, директно од Србија.

Ова се само мал дел од оние кои со задоволство ги гледаме на претстојниот фестивал. Настанот ќе се одржи на 17 февруари, во лабораторијата ЕКЦ. Билетите се веќе пуштени во продажба во Лабораториум или онлајн за само 200 денари.



Но, Поп култура не застанува тука. Ќе ги надмине физичките бариери и наскоро ќе биде дистрибуиран како винил! Ова е вистинска вест за сите љубители на ретро музички формати.

Се надеваме дека го споделуваме ентузијазмот за оваа иницијатива, која на нашите млади ќе им даде простор да го изразат својот креативен дух како никогаш досега. Се гледаме на 17 февруари во Лабораторија. 


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page