top of page

Три кратки-кратки раскази од Јун Фосе




СЕКОГАШ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОНИЕ КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ


Разбирам дека дел од она кое е најмногу битно, недостасува во нашите животи. Затоа мора да има револуција.




ОНОЈ ЧУДНИОТ ТИП


После неколку години одење на игранки во различни месни заедници и воглавно танцувајќи сам, една ноќ сфатив - мора да беше доцна, и веројатно ми беше дадено доста за пиење - дека требаше да прашам една девојка да стане и да танцува со мене. Ја имам видено толку многу пати. Таа ретко танцуваше. Таа изгледаше срамежливо. Таа изгледаше различно од останатите девојки. Јас веројатно мислев дека мора да има девојка и за мене. Во секој случај, ми се допаѓаше. Таа категорично одговори - не. И тогаш ја слушнав како му кажува нешто на пријателот за оној чудниот тип.



УЖАСНО ДОБРО


Мајка ми кажува приказна за две момчиња кои направиле чорба во конзерва. Тие ставиле вода и компири и едното од нив додало парчиња колбас. Тие ја држеле конзервата приклештена со две стапчиња над мало огниште кои самите го запалиле. После тоа тие јаделе, и уживале. Мајка ми ги прашала дали чорбата била добра и тие и́ одговориле дека била ужасно добра.

Беше ужасна или беше добра? прашувам.

Дефинитивно не беше добра чорба, но им беше вкусна на нив, вели мајка ми.

Но зошто рекле дека е ужасно добра? велам.

Тоа е само начин на којшто луѓето се изразуваат, вели мајка ми.

Но ужасно значи не е добро, велам јас.

Тоа е точно, во право си, вели таа.

Значи беше ужасна или добра? велам јас.

Беше добра, беше ужасно добра, вели мајка ми.

Не разбирам. Не оди едно со друго. И нема поента да се поставуваат повеќе прашања.

Тоа е само начин на којшто луѓето се изразуваат, вели мајка ми.


* * *



Јун Фосе е норвешки автор и драматург, роден на 29 септември 1959 година во Хаугезунд, Норвешка. Тој е познат по својот минималистички и лиричен стил, и пишува романи, кратки приказни, поезија, детски книги, есеи и драми. Фосе е најизведуваниот норвешки драматург по Хенрик Ибсен. Во 2023 година, тој беше награден со Нобеловата награда за литература "за неговите иновативни драми и проза кои го изразуваат неизреченото". Неговите дела се преведени на повеќе од четириесет јазици, и тој е нашироко сметан за еден од најголемите современи драматурзи во светот. Фосе беше одликуван како витез на Орденот на националната заслуга на Франција во 2007 година.


Фосе дебитираше со романот "Raudt, svart" (Црвено, црно) во 1983 година. Неговата прва драма, "Og aldri skal vi skiljast" (И никогаш нема да се разделиме), беше изведена и објавена во 1994 година. Тој е рангиран на број 83 на листата на Топ 100 живи генијалци од The Daily Telegraph. Од 2011 година, Фосе е награден со Гротен, почесно пребивалиште во сопственост на норвешката држава кое е сместено во областа на Кралската палата во центарот на Осло.


Во 2023 година, Фосе беше награден со Нобеловата награда за литература „за неговите иновативни драми и проза кои го изразуваат неизреченото.“


bottom of page