Хејдер и Кариган од духовитата Бери разговараат за алопецијата, анксиозноста и комичарскиот тајминг
top of page

Хејдер и Кариган од духовитата Бери разговараат за алопецијата, анксиозноста и комичарскиот тајминг

Бери се врати за нивната трета сезона, на големо задоволство на страствените фанови на комедијата која е шесткратната добитничка на Еми. Еден од најистакнатите ликови на серијата е НоХо Хенк, напален чеченски мафијаш кој си доби култно следење во текот на четиригодишната продукција на HBO. Разоружувачкиот блесав мафиозо, кој го игра Ентони Кариган(Anthony Carrigan), првично сценариото го убива, по пилотот на серијата, но штом Бил Хејдер(Bill Hader) - ѕвездата и ко-креаторот на Бери - ја виде снимката од аудицијата на актерот, знаеше дека е на ред препишување на сценариото. За Кериган враќањето на Хенк во живот е повеќе од собирање бодови за смеење - искуството му ја врати решителноста, во индустријата која е премногу често преокупирана со површното. За да го одбележи објавувањето на последната сезона на Бери, Кариган и Хејдер тркнаа на телефон да разговараат за како се погодуваат совршено аудициите, совладување на вашите стравови и моќта на добриот тајминг - комичниот и инаку.



———


БИЛ ХЕЈДЕР: Се запознавме кога ми испратија снимка од твојата аудиција за Бери. Дозволи ми да те прашам: Што се случуваше пред тоа? Каде беше во кариерата, во твојот живот?

ЕНТОНИ КАРИГАН: Го играв овој лик наречен Виктор Зазс на Готам. Прекрасно си поминував таму, но глумев апсолутен, безмилосен психо. Бев подготвен да го размрдам малку и да направам нешто поинакво. Овој лик влезе и ја подели разликата.



ХЕЈДЕР: Дали комедијата беше нешто што си го правел порано? Играше на Родителство(Parenthood), тоа беше смешно.

КАРИГАН: Никогаш не се сметав себеси за комичар, но сакам материјал што е добро напишан, и смешен. Бев нервозен за таа аудиција. Влегов внатре и почнав со моите реплики, а очите [на кастинг режисерот] се разгорачија. Таа почна навистина силно да се смее и моравме да почнеме од почеток. Во тој момент знаев дека имам погодено нешто.

ХЕЈДЕР: Беше како... колку помалку правеше, толку беше посмешен. Сто пати сум паднал во стапицата, каде што одиш на аудиција и премногу силно притискаш.

КАРИГАН: Многу е лесно да се претера. Многу е потешко да се тргнеш од сопствениот пат и само да дозволиш твоите инстинкти да се развијат.

ХЕЈДЕР: На млада возраст ги гледав Спајнал тап, и Монти Пајтон и Светиот Грал. Таквите работи ме научија: „Вака треба да играш комедија.“ Знам дека звучи чудно, затоа што тоа се глупави филмови, но изведбите никогаш не биле претерани во нив. Се чувствуваш како ликовите да веруваат во она што им се случува.

КАРИГАН: Тие се толку длабоко посветени и го сфаќаат тоа толку сериозно. Тоа е она што ги прави смешни. Секогаш кога некој со сила притиска да насмее, е неуспешно. Тоа не функционира. Буквално треба само да верувате дека сте во драма и работите ќе почнат да се обликуваат.




ХЕЈДЕР: Многу од правењето на срањево е као: „Ова е мојот вкус“. Што гледаше во тој период што можеше да влијае на твојата изведба - свесно или несвесно?

КАРИГАН: Она што е смешно, е дека не црпев од комедии за инспирација. Пораснав сакајќи акциони филмови од 80-тите. Жан-Клод Ван Дам беше огромна инспирација за ликот. [Двајцата се смеат] Има една сцена, мислам дека е во Kickboxer, каде што тој почнува да танцува во еден бар. Тој стварно влегува во филм, си се свиѓа, навистина посегнува по тоа. Почнува постепено да се опијанува и на крајот почнува да ги искрши од тепање сите. Начинот на кој тој лик навистина си се допаѓаше на себе и ја прифати оваа бесмислена премиса, тоа беше една од најголемите инспирации за Хенк. Во суштина го пројдов целиот каталог на акциони филмови на Жан-Клод Ван Дам од 80-тите. Беше супер корисно.




ХЕЈДЕР: Постои верзија на Кикбоксер што може да биде одлична комедија.

КАРИГАН: Апсолутно. Сега ти е редот - која беше твојата инспирација?

ХЕЈДЕР: За Бери? Знаеш како е. На некој начин само влечеш од дел од себе. Но, секој пат кога Бери е спомнат во разговор, сите веднаш велат: „Леле да, НоХо Хенк!“. Го наоѓате овој вистински патос во него затоа што го играте толку приземјено. Она што природно го правеше беше навистина интересно. Се најдовме да пишуваме кон тој став.

КАРИГАН: Се сеќавам по аудицијата, ти ми се јави. Мислев дека сакаш да се увериш дека јас не сум комплетен кретен, но наместо тоа, ти рече: „Човек! Начинот на кој ја кажа репликата беше толку смешно. Кога ја сврти главата, тоа беше стварно добро. Може ли да го направиш сето тоа, уште еднаш на ист начин, за тестот?
[Двајцата се смеат]

КАРИГАН: А јас бев као: „Не можам да направам ништо од тоа по втор пат“. За среќа вие дечки ме вработивте директно од снимка , што никогаш не се случува.

ХЕЈДЕР: Ти и Д’Арси [Карден] и Мајкл Ирби, кој го глуми Кристобал, бевте ангажирани само од снимка. Сите други мораа да дојдат и да читаат еден куп.

КАРИГАН: Штета за нив, друже.

ХЕЈДЕР: Една работа за која многу зборуваш е алопеција. Не ни помислив на тоа, но се сеќавам дека снимавме, а ти ми спомна за тоа и за прекрасната кауза што ја поддржуваш. Никогаш вистински не сме разговарале за тоа какво беше тоа искуство за вас.

КАРИГАН: Голема причина зошто сакав да бидам актер, чудно, беше мојата алопеција. Додуша, јас сега речиси немам коса, но од кога ми беше дијагностицирана на тригодишна возраст ми недостасуваа само некои точки. Немаше ни да го забележам тоа додека некој друг не го посочи, и одеднаш сето внимание ќе се насочеше кон мојот изглед. Тоа е оваа истрипана работа, како да не сте повеќе личност. Станувате предмет што некој го испитува. Ми даде еден тон анксиозност и само сакав да се повлечам во себе. Секогаш кога носев капи ги ставав преку веѓите и никогаш не сакав да воспоставам контакт со очите.


ХЕЈДЕР: Кога започна тоа за тебе?

КАРИГАН: Почнав да го правам тоа кога бев околу шест или седум. Но, имав и нагон да се изразам себеси, и бев исфрустриран што бев срамежлив. Почнав да одам на сцената и да се чувствувам како да имам простор за да бидам присутен. Поради глумата, повеќе не се грижев за мојата алопеција. Но, како што напредував како актер, секогаш ми беше во задниот дел на умот дека, во одреден момент, работите може да станат навистина тешки. Само се надевав дека тоа нема да се случи. На крајот, сепак се случи. Ова нешто што го чував толку приватно излезе на најкошмарниот можен начин. Бев на големо ТВ шоу, а продуцентите ми се јавија велејќи: „Знаеме што криеш“.

ХЕЈДЕР: Тоа беше нешто што го криеше?

КАРИГЕН: Да, со сета моја сила.

ХЕЈДЕР: Како го криеше тоа? Дали ти падна целата коса?

КАРИГЕН: Не ја изгубив целата коса. Изгубив многу прамени од косата. Нарачав да ми направат делови со коса, и ги цртав веѓите со креон. Не знам човече. Бев во режим на бори се или бегај. Бев као: „Ова е она што треба да го направам“. И сè уште го чував многу преградено, но имав комплетен напад на паника на тоа шоу. Имав огромна сцена напишана на пет страници и тотално ги згрешував. Тогаш светот почна да се стеснува, сè стана супер мрачно и целото мое тело се згрчи, што не сакаш да се случи кога си на снимање.

ХЕЈДЕР: Што рекоа?




КАРИГАН: За среќа, продуцентите и режисерот беа супер кул. Тие можеа да видат со камерата со висока дефиниција дека моите веѓи се размачкани, а косата - парчињата вештачка коса искривена. Мислам дека она што го предизвика нападот на паника беше тоа што истовремено се криев но и се обидував да бидам ранлив, што е целосен парадокс. Не можев да го оддржам тоа. Мојата репрезентација – агентот, публицистот, менаџерот... - сакаше сето тоа да исчезне. Тие не мислеа дека од тој момент натаму е возможно да добијам работа.

ХЕЈДЕР: Навистина? Некој ти рече: „Ако излезе ова, никогаш повеќе нема да работиш?“

КАРИГАН: Да. И во одреден степен го разбирам. Тие ме потпишаа како сонувачки замислен, секси, и згоден дечко. Потоа одеднаш, тие добија нешто сосема друго и не знаеја што да прават со него. Индустријата е прилично непостојана и површна, но дефинитивно ме погоди. Некој ми кажа дека повеќе не сум привлечен. А јас реков: „Иако немам коса, сепак се чувствувам привлечно“. Таа беше као: „Не. Многу ми е жал, не си“, на начин како да ми прави услуга велејќи ми дека повеќе не сум привлечен.

ХЕЈДЕР: О боже. Ова беше агент?

КАРИГАН: Да. Поминав толку долго стравувајќи да го слушнам тоа. Мислев дека тоа целосно ќе ме уништи, но сепак не се случи тоа. Беше болно некое време, но под мене запали оган. Си реков: „Сè уште сум тука и сепак ќе го сторам тоа“.

ХЕЈДЕР: Каков беше тој процес тогаш? Дали си рече: „Веќе нема да ги цртам веѓите. Нема повеќе да ја средувам косата“?

КАРИГЕН: Да, и се разијдовме со моите агенти. Беше лошо, но не им замерувам. Тие беа ограничени од сопствената перспектива. Ми требаше време да поверувам дека можам да глумам нешто, освен вонземјанин или болен од рак. За среќа, имав навистина добри пријатели кои ми носеа фотографии од сите овие манекени кои ги бричеа веѓите, како: „Ова всушност може да изгледа убаво, особено за камерата“. Една работа што ја научив откако имам алопеција е, ако се чувствуваш дека нешто не е во ред со тебе, тоа е она што го емитуваш. Луѓето го прифаќаат тоа. Откако почнав да се движам без да се кријам, тоа ме направи подобар актер.

ХЕЈДЕР: Какво беше тоа искуство да излезеш од дома и да одиш по состаноци? Беше самосвесен или беше као „јеби га“?

КАРИГАН: Многу бебешки чекори. Во првите неколку месеци се чувствував чудно што ја излегував без шминка и капа или перика. Разговарав со многу луѓе со алопеција кои чувствуваат дека тоа е она што им е потребно за да се снаоѓаат во светот. Но, во одреден момент, ми стана толку мачно од тоа. Си реков: „Знаеш што? Ако ова ќе биде она што ја одредува мојата кариера, би можел и да го прифатам“. Понекогаш да се биде повреден на тој начин може да генерира многу моќ и гнев, а понекогаш фрустрацијата го надминува стравот. Потоа ќе стигнете до место каде што ќе речете: „Ќе го направам ова“. Во суштина припремивновo представување за тоа кој ќе бидам како актер, дека повеќе не сум личноста што ја имав на мојата стара профилна слика од портфолиото. Ќе бидам овој нов тип на лик актер кој нема да биде вистинскиот за сè, но ќе биде совршениот за одредени работи. Потоа, се молев да ги најдам луѓето кои нема да ја забележат мојата коса... Влегува Бил Хадер.

ХЕЈДЕР: [Се смее] Но, пред да се појавам, каква беше таа прва аудиција? Кога одите на аудиција, веќе сте самосвесни. Тоа е како чуден прв дејт. Целата работа е без врска.

КАРИГАН: За среќа, целев на лик кој беше само чист бес и може да се претвори во одвратен гас. [Двајцата се смеат] Можев да станам чуден и да се налутам на аудиција, што беше емоција до која можев лесно да пристапам.



ХЕЈДЕР: Твојата аудиција имаше врвна самодоверба. Кога снимав со тебе, тоа беше мојот прв ден како режисер. Бев неверојатно анксиозен. Излезе, и направи екипата навистина да се убие од смеење. После тој ден, го погледнав Алек Берг (ко-креаторот на Бери на Хадер) и го мислевме истото: „Овој човек умира на крајот од пилотот. Можеби тоа не е најпаметната работа“. Кога HBO го виде пилотот, тие беа како: „Тој не е мртов, нели? Тој човек е смешен“. Џими Кимел ми испрати порака: „Каде го најде тој човек? "Сите те сакаа. Друга работа за која се врзавме е анксиозноста. Дефинитивно ја имав на SNL. Дали некогаш се чувствуваш така во шоуто?

КАРИГАН: Кога сте супер вознемирени, се смалувате и стегнувате. Хенк е овој отворен, голем лик кој прави широки гестови. Кога ќе се отворите физички, тоа чудно ве мами да се чувствувате посигурни.

ХЕЈДЕР: Тоа е вистина. Мојата анксиозност се манифестира на начин каде што навистина ми се врти, понекогаш трае и околу еден месец. Имам направено ТВ интервјуа каде што едвај сум таму. Неодамна, имав терапевт кој рече: „Кажете си: ‚Се соочувам со анксиозност во моментов.‘“ Тоа ви помага да ја прифатите ранливоста што ја чувствувате. Отпорот е како жив песок. Потонуваш подлабоко.

КАРИГАН: Токму така.

ХЕЈДЕР: Јас сум љубопитен, колку долго треба да разговараме?

КАРИГЕН: Мислам дека завршивме. Молња во шише.


Извор: The Interview Magazine

Превод: Дивотно

bottom of page