Пилот епизода: Никола Гелевски | diva.mk
top of page

Пилот епизода: Никола Гелевски

Поткастот го отвораме со Никола Гелевски, со кого сакавме да се чуеме бидејќи неговото медиско присуство е проретчено до целосно-отсуство во последно време. Тој е препознатлив по тоа што секогаш нуди фасцинатни и дефинирачки содржини за македонската култура, преку бескомпромисната посветеност на говорењето на својата вистина, и тоа се докажува до денес како револуционерен чин.


Во отворено, на моменти интимно сведоштво, тој објаснува зошто иако е автор и колумнист, најмногу се наоѓа во улогата на издавач и уредник. Оваа година е 30 годишен јубилеј на литературното списание „Маргина“ и 15 години на ,,Окно”, па се осврнавме како Маргина му делува од оваа перспектива, какви планови има за нејзе, и како и покрај сите предизвици е неверојатно горд на „вебсајтот за култура“, Окно.


00:00 - Уредникот и рефлексијата

08:53 - Маргина и окно

16:16 - Активизам

25:08 - Култура и просветителство

43:49 - Птици и илустрации

51:17 - Млади уметници и промени

01:00:43 - Економија и морализам




Oкно


Следете го остатокот од нашите содржини на diva.mk


На Инстаграм: @divotni


На Фејсбук: (4) Facebook

Лени Галерија

bottom of page