Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Пловен базар Lakescape: Креативна симбиоза во водите на Струга, Пловен базар Lakescape: Креативна симбиоза во водите на Струга, пловен-базар-lakescape-креативна-симбиоза-во-водите-на-струга
На 16 јули, по малку надреална сцена ќе се одигра на Струшкото крајбрежје: неколку чамци ќе испловат од платформата на Пливалиште, секој претворен во мал дуќан – пловен базар што ја брише границата меѓу копното, езерото и човековата имагинација. Овој пазар, дел од меѓународната резиденција Lakescape, е и финалниот чин на проект што ги поврзува бреговите на три големи европски езера: Ванерн во Шведска, Балатон во Унгарија и Охридското Езеро. Настанот започнува од 17 часот, со локални артизани и резиденти од Шведска, Унгарија и Македонија кои заеднички ќе впловат во езерото, со сета своја креативна енергија и љубопитност. Идејата е едноставна, но храбра: занаетчиството, уметноста и дури и самата размена на добра, да бидат подложни на ритамот на водата, на струите и брановите кои отсекогаш го обликувале животот тука. Организаторите од ИНКА – Иницијатива за независен активизам Струга, со поддршка од Europe House Struga и Спортскиот клуб Соларис, го замислија пловниот базар како лабораторија за креативна одржливост и заедничко дејствување со околината. Најавени се весели детали: гостите ќе стигнат до дуќанчињата со кајак или СУП даски, ќе може да купуваат на вода, а целата атмосфера ќе биде дополнета со музика и разладување – доволно за доживување што ја надминува рутината на класичен базар. Покрај чамецот на меѓународните резиденти (дизајнерките Линеа Екелеф и Мариане Хелман од Шведска, Хајнал Ѓевики од Унгарија и Дуото Оаза), на базарот ќе учествуваат и: Sanja Mikrogreens, Порака Нова, Дуќан, Bache handmade design, Макало од Десе, Леска Крафт, Dijana handmade, Another universe manufacture, Kalin ceramics, SAVE – Sustainable fashion shop, Плетени приказни, Дарови од природата. Мали бизниси, ентузијасти, микро-производители и уметници – многу од нив жени, за кои езерото не е само инспирација туку и сцена за експериментирање со нови, поодржливи модели на занаетчиство и заедница. Вода, заедница, одржливост Пловниот базар е повеќе од атракција: тој е манифест за нови форми на заедничко живеење со природата, во време кога езерото Охрид е истовремено под закана и во фокусот на вниманието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија (преку програмата Креативна Европа), како и од Министерството за култура и туризам на РС Македонија. „Кога продаваш и создаваш на вода, сè станува поинтимно и поотпорно на шаблоните“, споделува една од организаторките. „Овде, средината не е само позадина, туку активен учесник во процесот – го обликува и производот, и односите меѓу луѓето.“ Отворена покана до сите љубопитни намерници Настанот е отворен за јавноста, со покана до сите љубопитни – жители, патници, уметници и истражувачи – да се придружат и да бидат дел од ова ретко доживување. Пазарот не нуди само производи – туку и модел за заедничко создавање, грижа и споделување инспирација на едно од најубавите езера во Европа. За повеќе информации, следете ги страниците на INKA Струга, Europe House Struga и проектот Lakescape. Овој текст е подготвен од С.А. како дел од рубриката „Деновиве низ град“ на diva.mk – простор за современа култура, одржливост и инспиративни заедници покрај вода.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Зошто луѓето имаат потреба да споделуваат интимни детали на интернет?, Зошто луѓето имаат потреба да споделуваат интимни детали на интернет?, зошто-луѓето-имаат-потреба-да-споделуваат-интимни-детали-по-интернет
Слики кои дозовлуваат стотици или илјадници луѓе да ве гледаат во најранливите или најинтимните моменти… пост по пост во кој се расправате на Фејсбук со членови од семејството, или пријатели - или она што останало од пријателството до моментот кога го распнувате на дигитален плоштад…. Непрестано објавување детали од кризна ситуација кога менталното здравје не е во најдобра кондиција… Сите сме ги посведиочиле сите од овие ситуации, и иако често се дочекуваат со цинизам ретко кога со разбирање ги погледнуваме механизмите на човековата психа која се обидува да држи чекор со темпото на социјалните мрежи. Во дигиталната ера, луѓето постојано се соочуваат со прашањата поврзани со приватноста. Кога е време да запреме, колку е доволно кога споделуваме информации од нашите приватни животи. Но, самото време кое го поминуваме на социјалните мрежив(најмалку по неколку часови дневно) и безграничниот пристап до информации претставува предизвик за нашата способност во задржување на нашите лични животи само за себе. Од друга страна, многу луѓе имаат силна потреба да споделуваат интимни податоци од нивните лични животи. Оваа потреба може да биде комплицирана и комплексна тема, но постојат неколку можни сценарија кои би можеле да објаснат зошто луѓето ја имаат оваа потреба. Зошто на толку многу луѓе им падна тешко изолацијата за време на КОВИД? Изолацијата и острацизмот секогаш биле социјален механизам за казнување, и тоа еден од најрадикалните. Па затоа потребата да се припаѓа во одредена заедница и желбата за поврзаност нѐ носи на социјалните мрежи каде ги истураме нашите интимни животи, дури тоа да е во завиена форма, фрагментирано или спорадично… Луѓето се социјални суштества и имаат природна потреба да се чувствуваат како дел од некоја заедница. Споделувањето на интимни податоци може да биде начин да се создадат врски, да се поврземе, и да припаѓањаме, а со тоа се чувуствуваме безбедни… Иако здравиот разум ни ја посочува сосем спротивната насока и заклучок: дека претераното споделување на приватни информации може да се искористи на наша штета. Често со споделување на својот личен живот со другите, многумина се чувствуваат прифатени. Потреба за поддршка и совети: Кога сме соочени со тешки ситуации или предизвици во нашиот личен живот, споделувањето интимни податоци може да биде начин за добивање поддршка и совети. Кога ги споделуваме своите искуства и емоции со другите, може да добиеме нови перспективи и да научиме како да се справиме со тешките ситуации. Потреба за потврда дека сме важни, видливи и признавање: Споделувањето интимни податоци може да биде начин да се добие признавање и важност од другите. Луѓето често се стремат да бидат слушнати и приметени, а споделувањето интимни податоци може да го постигне тоа. Кога некој ќе го сподели својот личен живот, може да добие поддршка, одобрување и охрабрување од другите. Влијание на културата и медиумите: Културата и медиумите имаат големо влијание врз тоа како ги гледаме нашите лични животи и дали треба да ги споделуваме интимните податоци. Во некои култури и социјални контексти, споделувањето интимни податоци е прифатливо и често се гледа како начин за изразување автентичност и откривање на самите себе. Сепак, важно е да се зборува и за ризиците поврзани со споделувањето интимни и лични податоци. Прекумерното споделување може да предизвика загуба на приватност и може да ги изложи луѓето на потенцијални негативни последици како кражба на идентитет, кибер мобинг и нарушување на личната безбедност. Да заклучиме, потребата на луѓето да споделуваат интимни податоци од нивните лични животи може да се објасни преку потребата за припаѓање, поддршка, важност и признавање. Важно е да бидеме свесни за ризиците и да проценуваме колку и кои податоци е потребно да ги споделиме со другите. Приватноста е важна и треба да ја чуваме како дел од нашата интимност и само-идентитет. Тишината и молкот можат да бидат подеднакво убиствени како претераното споделување интимни детали, а можеби и се работа на личен избор па дури и принцип. Кој и да е изборот, доколку не е погубен и токсичен, како и со сѐ друго, принципот „живеј и остави да се живее“ се чини дека е универзално добар.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Заврши снимањето на „Нова Енергија“: краткометражен филм за моќта на женската поддршка, Заврши снимањето на „Нова Енергија“: краткометражен филм за моќта на женската поддршка, заврши-снимањето-на-нова-енергија-краткометражен-филм-за-моќта-на-женската-поддршка
Заклучено е снимањето на новото остварување на режисерките Сара Климоска и ко-режисерот Радован Петровиќ. Нивниот краткометражен филм, „Нова Енергија“, што е реализиран под продукција на NEST Продукција со продуцентот Јорданчо Петковски, несомнено ветува да го даде својот значаен придонес во современото филмско изразување. Овој филм ги следи двете најдобри другарки кои, предизвикани од токсичноста на нивните партнери, тргнуваат на патешествие да градат нов, заеднички живот. „Нова Енергија“ не само што ја истакнува женската емпатија и взаемност, туку и нуди инспиративно раскажување за издржливоста и силата на женските врски кои тешко се забележуваат во мејнстрим медиумите. Главните улоги ги толкуваат впечатливите Сара Климоска и Тамара Ристоска, чие актерско мајсторство веќе почнува да привлекува внимание уште пред премиерата на делото. Со нив настапуваат и искусни имиња како Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска, што го збогатува ансамблот и ја поткрепува тежината на филмот. Компетентниот тим зад камерата, предводен од директорката на фотографија, Бојана Андриќ, која има свое уникатно видување кога станува збор за визуелната презентација, ветува дека ќе се погрижи „Нова Енергија“ да има значајна естетска вредност. Останатите членови на екипата, вклучително и костимографот Розе Трајчевска, сценографот Михаил Панев и маскерот Горан Игњатовски, се докажани професионалци кои своите занаети ги применуваат со експертиза. Филмот е плод на соработка помеѓу повеќе продукциони куќи од регионот и е поддржан од бројни донатори и спонзори. Во средиштето на оваа колаборација стојат копродуцентите Вижн Тим (Vision Team) и Филмоскопија од Србија, како и JES Продукција и Контраст филм од Скопје. Предвидено е „Нова Енергија“ да стигне до широка публика: почнувајќи од домашни до меѓународни фестивали, а следната станица за ова дело е широката публика која, без сомнение, ќе ја цени искреноста и силата на пораката што филмот ја носи.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





