top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Фан го праша Ник Кејв што мисли за “песна во стилот на Кејв” од ChatGPT, Фан го праша Ник Кејв што мисли за “песна во стилот на Кејв” од ChatGPT, chatgpt-pisi-pesna-vo-stilot-na-nick-cave

    Го прашав Chat GPT да напише песна во стилот на Ник Кејв, и еве што испродуцира. Што мислиш? Марк, Крајстчрч, Нов Зеланд Одговор: Драг Марк, Откако беше лансиран во ноември минатата година, многу луѓе -повеќето - зујат со некој тип на алгоритмичкa стравопочит, ми праќаат песни ,,во стилот на Ник Кејв” што се направени во ChatGPT. Имаше дузина од нив. Не мора да нагласам посебно, не го чувствувам истиот ентузијазам околу оваа технологија. Јас разбирам дека ChatGPT е во неговото рано детство, но можеби тоа е хоророт кој се појавува со ВИ - дека секогаш ќе биде во нејзиното рано детство, затоа што секогаш ќе има уште пат да изоди понатаму, и насоката е секогаш напред, секогаш побрзо. Никогаш не може да се собере назад, или да се успори, како што се движи во утописка иднина, можеби, или кон нашата тотална деструкција. Кој би можел воопшто да каже кое ќе стигне попрво? Судејќи од оваа песна “во стилот на Ник Кејв”, пак, не изгледа добро, Марк. Апокалипсата сигурно доаѓа. Оваа песна е без врска. Што е ChatGPT во овој случај, е репликација како травестија. ChatGPT можеби е способен да напише говор или есеј, или проповед или посмртница но не може да креира вистинска песна. Би можел, можеби со време да креира песна, која е на површината, неразлучива од оригиналот, но секогаш ќе биде репликација, некој тип на бурлеска. Песните се раѓаат од страдање, со што мислам: тие се предицирани од комплексната, интерна човечка борба на креација и, па, колку што знам јас, алгоритмите не чувствуваат. Информациите не страдаат. ChatGPT нема внатрешно битие, не било никаде, не истрпило ништо, немало одважност да посегне над своите ограничувања и оттука нема капацитет за споделено трансцендентно искуство, бидејќи нема ограничувања од кои може да се трансцендира. . Меланхоличната улога на ChatGPT е дека тој е предодреден да имитира и никогаш не може да има автентично човечко искуство, без разлика колку човечкото искуство со текот на времето може да стане обезвреднувано и незначително. Она што една одлична песна ја прави одлична не е нејзината голема сличност со препознатливо дело. Да се напише добра песна не е мимикрија, репликација или пастиш, туку е токму е спротивното. Тоа е чин на само-убивање што уништува сѐ што некој се трудел да произведе во минатото. Токму тие опасни заминувања кои го запираат срцето го катапултираат уметникот надвор од границите на она што тој или таа го препознава како своето знаено јас. Тоа е дел од автентичната творечка борба што ѝ претходи на инвенцијата на уникатен стих со вистинска вредност; тоа е конфронтацијата без здив со нечија ранливост, нечија опасна, маленкост, наспроти чувството на ненадејно шокантно откритие; Искупувачкиот уметнички чин е што го разбранува срцето на слушателот, каде што слушателот во внатрешното функционирање на песната ја препознава сопствената крв, сопствената борба, сопственото страдање. Тоа е она што ние скромните луѓе можеме да го понудиме, што вештачката интелигенција може само да го имитира, трансцендентното патување на уметникот што засекогаш се бори со неговите или нејзините сопствени недостатоци. Ова е местото каде што се наоѓа човечкиот гениј, длабоко вграден во, но сепак надминувајќи ги тие ограничувања. Можеби звучи како да го доживувам ова помалку премногу лично, но јас сум писател на песни кој е ангажиран, токму во овој момент, сум во процес на пишување песни. Тоа е работа со крв и храброст, тука на мојата работна маса, што бара од мене да иницирам нова и свежа идеја. Ја бара од мене мојата човечност. Што е таа нова идеја не знам, но е таму некаде, и таа ме бара мене. Со тек на време, ќе се најдеме. Марк, ти благодарам на песната, но со целата љубов и почит на светот, оваа песна е срање, гротескно исмејување на она што значи да бидеш човек, и, па, не ми се допаѓа многу - иако, чекај!, препрочитувајќи ја, има во нејзе стих кој ми зборува - ,,Го имам оганот на пеколот во моите очи” ( ‘I’ve got the fire of hell in my eyes’ ). - кажува песната “во стилот на Ник Кејв”, и тоа е некако точно. Го имам оганот на пеколот во моите очи - и тоа е ChatGPT. Со љубов, Ник "

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Тагување: туторијал., Тагување: туторијал., тагување-туторијал

    Македонската колективна тага, нејзините конци се чини дека се провлечени во секој разбој. До таа мерка што веќе ретко што можеме да кажеме за себе без да се повикаме на нејзе, дури и најсреќните моменти. Се чини не знаеме како да бидеме без нејзе. Добрата вест е што е можно да се одучи, и да се прекине таа генерациска клетва. Минативе година-две а посебно минатиов месец, ескалираше во траума. Го пишуваме ова, бидејќи обидите да се ускрати правото на изразување на таа болка (се чини од партиски активисти?) е вознемирувачко само по себе... Па би почнале да ја третираме таа тема со освестување, не само преку уметноста туку и посочување: „Кои се некои од начините преку кои заедниците можат да тагуваат? - Јавни погреби и меморијални церемонии - Состаноци во градски собранија и други јавни форуми - Протести и митинзи - Паради и процесии - Минута молк, или молитви - Терапија за тага понудена од градот, психолошки центри, цркви, и други групи. . - Донации да се помогнат оние кои се најдиректно погодени - Волонтерски акции за чистење, градење, итн... - Постови на социјални медиуми и групи

  • Зошто мојата бугенвилија не цвета? Најчести причини и решенија, Зошто мојата бугенвилија не цвета? Најчести причини и решенија, зошто-мојата-бугенвилија-не-цвета-најчести-причини-и-решенија

    Бугенвилијата, со своите впечатливи, шарени листови (брактеи) кои изгледаат како цветови, е вистински украс за секоја градина, балкон или тераса. Но, што кога оваа медитеранска убавица одбива да нè почести со својот раскошен цут? Фрустрирачки е, нели? Ако и вие се прашувате "Зошто мојата бугенвилија не цвета?", не сте сами. Ова е чест проблем, но добрата вест е дека најчесто има решение. Ајде да ги разгледаме најчестите причини зошто вашата бугенвилија можеби штрајкува и што можете да направите во врска со тоа. 1. Недоволно сончева светлина Проблем: Бугенвилиите се сончеви деца! Тие потекнуваат од топли, сончеви краеви и за да цветаат обилно, им се потребни најмалку 5-6 часа директна сончева светлина дневно. Ако вашата бугенвилија е сместена на сенковито место, најверојатно ќе развива само лисја. Решение: Преместете ја саксијата на најсончевото место што го имате – јужна или западна страна е идеална. Ако е засадена во градина, размислете дали околните растенија или објекти фрлаат премногу сенка. 2. Премногу вода Проблем: Иако им треба вода, бугенвилиите не сакаат постојано влажни "нозе". Тие преферираат почвата добро да се исуши помеѓу две наводнувања. Прекумерното наводнување го поттикнува растот на лисјата на сметка на цветовите, а може да доведе и до гниење на коренот. Решение: Наводнувајте обилно, но ретко. Дозволете горниот слој на почвата (неколку сантиметри) целосно да се исуши пред повторно да наводните. Во есен и зима, намалете го наводнувањето уште повеќе. Мал стрес од суша може дури и да го стимулира цветањето. 3. Несоодветно прихранување (Премногу азот) Проблем: Често мислиме дека повеќе ѓубриво значи повеќе цветови, но кај бугенвилијата тоа не е секогаш случај. Особено ѓубривата богати со азот (N) поттикнуваат буен раст на зелени лисја, но го инхибираат формирањето на цветни пупки. Решение: Користете ѓубриво со ниска содржина на азот и повисока содржина на фосфор (P) и калиум (K), кои го стимулираат цветањето. Побарајте ѓубриво означено како "bloom booster" или со NPK сооднос како 5-10-10 или слично. Прихранувајте умерено, можеби еднаш месечно во текот на сезоната на растење. Понекогаш, целосно прекинување на прихранувањето за одреден период може да ја "натера" да процвета. 4. Неправилно или претерано кроење Проблем: Бугенвилијата цвета на нов раст. Ако ја кроите премногу драстично или во погрешно време (на пример, во средина на сезоната на растење), може да ги отстраните гранките кои би требало да цветаат. Решение: Најдобро време за кроење е веднаш по завршувањето на главниот бран на цветање или во доцна зима/рана пролет пред да започне новиот раст. Лесното кроење за обликување и отстранување на исушените гранки е корисно, но избегнувајте драстично кастрење ако сакате цветови. 5. Големина на саксијата (преголема или премала) Проблем: Иако звучи контрадикторно, бугенвилиите често цветаат подобро кога корените им се малку стегнати во саксијата (т.н. "pot bound"). Ако ја пресадите во преголема саксија, растението ќе ја насочи енергијата кон развој на кореновиот систем наместо кон цветање. Од друга страна, ако е предолго во истата, премала саксија, може да нема доволно ресурси за раст и цвет. Решение: Дозволете ѝ на бугенвилијата да биде малку "стегната" во саксијата. Пресадувајте само кога е навистина неопходно (на секои 2-3 години), и тоа во саксија која е само еден број поголема од претходната. Осигурајте се дека саксијата има добри дренажни отвори. 6. Климатски услови и температура Проблем: Бугенвилиите се тропски растенија и сакаат топлина. Ладните ноќи, наглите промени во температурата или недоволно топлите услови може да го спречат или одложат цветањето. Во наши услови, тие најчесто се одгледуваат во саксии кои се внесуваат внатре во текот на зимата. Решение: Обезбедете ѝ што е можно потопло и постабилно опкружување во текот на сезоната на растење. Заштитете ја од мраз и студени ветрови. Во текот на зимата, чувајте ја на светло и посвежо место (околу 10-15°C) со минимално наводнување, за да влезе во период на мирување кој е важен за идното цветање. 7. Возраст на растението Проблем: Многу младите растенија, особено оние одгледани од семе или млади резници, можеби едноставно не се доволно зрели за да цветаат. Решение: Бидете трпеливи. Со соодветна нега, вашето младо растение ќе созрее и ќе почне да цвета кога ќе биде подготвено. Недостатокот на цвет кај бугенвилијата најчесто се должи на еден или комбинација од горенаведените фактори, при што најчести виновници се недоволната светлина и прекумерното наводнување или прихранување со азот. Внимателно анализирајте ги условите во кои ја одгледувате вашата бугенвилија и обидете се да ги примените предложените решенија. Понекогаш е потребно малку време и експериментирање за да ги погодите вистинските услови. Но, со малку трпение и правилна нега, вашата бугенвилија сигурно повторно ќе ве награди со својот спектакуларен, шарен цут! Среќно градинарење!

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page