Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Каролин Брајант жената која со своето обвинување го уби младиот Емет Тил, почина на 88 години, Каролин Брајант жената која со своето обвинување го уби младиот Емет Тил, почина на 88 години, каролин-брајант-жената-која-со-своето-обвинување-го-уби-младиот-емет-тил-почина-на-88-години
Каролин Брајант која го обвинила 14 годишното момче Емет Тил (Emmett Till) за вознемирување - и со тоа го ,,осуди” на смрт” почина вчера на 88 годишна возраст. Момчето кое било убиено во 1955 година во Мисисипи, САД, додека бил таму на распуст,, бил киднапиран и мачен после нејзините наводи. На 24-ти август 1955 година, Тил отпатувал од Чикаго до Мисисипи за да ги посети своите роднини. Во текот на својот престој, тој ја сретнал 21-годишната Каролин Брајант која работела во гранапчето на нивната семејна фарма. На 28-ми август, Брајант и нејзиниот сопруг Рој влетале во куќата каде што престојувало детето. Тие го киднапирале, измачувале удирајќи го со цевка од пушка и конечно го застрелале. Телото на Тил било фрлено во реката Талахатчи а неговото убиство предизвикало шок и гнев низ целата земја и со тоа го започна движењето за цивилни права во САД. Промисленоста на неговата мајка - да дозволи медиумите да го видат мртвото тело на Тил било пресудно за постигнување на тој ефект. Каролин и нејзиниот сопруг Рој биле обвинети за убиството на Тил, но биле ослободени од поротата составена само од локалните белци. Во 2017 година, Каролин признала дека лажела кога сведочела против Тил и дека неговите наводни вознемирувања не се случиле. Смртта на Емет Тил има големо значење во историјата на граѓанските права во САД, бидејќи предизвикала големи протести и придонела за подигнувањето на свеста за расната нееднаквост.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Загубата ретко е едноставна, колку и да се чини дека е споредна, Загубата ретко е едноставна, колку и да се чини дека е споредна, загубата-ретко-е-едноставна-колку-и-да-се-чини-дека-е-споредна-1
- Ми се јавија вчера, не можат ништо да направат, и отиде. Кучето Пиксел почина 4 дена откако радосно им објавив на моите родители дека сестра ми толку се заљубила за прв пат во куче што ќе го земе со себе во Скопје да го чува. Четири дена подоцна почина од штенечак. Беше толку мирен откако беше роден, што таа кроткост ја збунивме со апатијата. Тој беше селско куче, каде ретко кое успева да дочека една година. Сѐ е против нив во - на прв поглед - идилична средина. Иако растевме со кучиња, иако сестра ми не живее со моите, иако таа е возрасна жена реакцијата на мајка ми беше едно жестоко НЕ! Зошто така реагира од првото кученце кое дедо ми го донесе во кутија од Велес со воз, до сега, навистина не знам. Еден елемент со сигурност е: антиципирање на болката која ќе дојде со загубата. Но што е попогубно? Празнината, музејската стерилност, тишината, или болката, солзите хаосот на тагувањето. Тоа што е изгубено во оваа математика е она помеѓу. Целата љубов радост и сеќавања. Во дворот еден ден од никаде се појави една трошка од маче. Кога татко ми и дал да јаде, толку била гладна, што се удавила во залаците. Имаше лут израз на лицето и во комбинација со необично убавото и слатко маче имаше комичен ефект. Мајка ми смета дека мачките се себични, саможиви и со тоа врската со нив не може да биде толку силна и емотивна како со кучињата. Па така и реакцијата не беше ни оддалеку слична со оние кога ќе дознаеше дека вдомуваме куче. Само ладно дофрли: женско е? Ќе видиш што проблеми ќе ти направи. Лами и јас си изградивме дневна рутина која беше прецизна до минута. Ме будеше со тоа што ми се туткаше на рамото. Кога порасна тоа повеќе беше: Кога Лами ќе се разбуди а јас уште спијам, нежно ме буди со тоа што ми седнува на лицето. Се галевме 10-15 минути и на таа нота, среќна и расположена, го почнувавме денот. Јас кафе, таа доручек .. Првите 5 месеци од својот живот не мрдна надвор од куќата и дворот баш никаде. Не беше плашлива, но беше претпазлива. Мајка ѝ ја научи како да скокне од прозорот на кујната на кровот на соседите. Последната недела од нашиот зеднички живот, поучена од мачето кое се појавуваше да руча и нејзин врсник, почна да шета во околните дворови. Дури и ме испраќаше кога одев до продавница и седеше под колата на комшијата додека не се вратам. Последен пат ја видов Лами во влезот на мојата куќа. Го чистев, а таа се моткаше околу мене. Излезе низ подотворената врата и седна. Кога излегов - ја немаше. Ниту во дворот, ниту на улицата, ниту во околните улици... Кога решив дека ќе ја чувам, ја смирив мајка ми со „не се секирај, ги знаеш мачките, скитаат. Ќе ја израснам, да ѝ дадам шанса да преживее и после тоа ќе си отиде.„ Една недела откако го кажав ова престанав да верувам, ама веќе беше речено. Кога мајка ми дозна дека ја нема рече „ нека ѝ е со среќа, , а ти - се спаси„. Тоа што мајка ми пропушти, се моментите на среќа, блискост и поврзаност. Чистење на влакна, флеки, и разноразни бељи во тој контекст се безначајни! Поентата не е во моментот на загубата, туку на сѐ она што ѝ претходи…




