Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Филмот „Денот на ослободувањето“ го следи Лајбах во Северна Кореа, Филмот „Денот на ослободувањето“ го следи Лајбах во Северна Кореа, филмот-денот-на-ослободувањето-го-следи-лајбах-во-северна-кореа
Филмот "Денот на ослободувањето" режиран од норвешкиот режисер Мартин Травик е авантуристичко искуство на словенечките (или Југословенските) Лајбах. Филмот не́ носи во најинтригантниот и затворен систем во светот - Северна Кореа. Во овој неверојатен проект, Лајбах гостува во Пјонгјанг, додека се спрема за настап со јавноста таму во соработка со тамошните цензори, но испратени со цинизмот на Западот: со коментарот на Џон Оливер. Филмот не само што ни нуди инсајдерски поглед во непознатата земја и култура, туку и го истражува влијанието на уметноста и музиката како средство за споделување на идеи но и нивните граници - дали ги има, и по кој критериум се поставуваат. Лајбах претставува моќна и провокативна авангардна група која си игра со политичките и културните норми, и со тоа со „Денот на ослободувањето“ го прикажува светот од друг аспект, ги пробива на границите и се обидува да ги деконструира стереотипите.
- Јулијана Величковска поднесе оставка од позицијата член на Претседателство на ДПМ, Јулијана Величковска поднесе оставка од позицијата член на Претседателство на ДПМ, јулијана-величковска-поднесе-оставка-од-позицијата-член-на-претседателство-на-дпм
Драги пријатели и почитувани соработници, многумина од вас периодов прашуваа за мојот ангажман и за состојбите во Друштвото на писателите на Македонија, па сакам да ве известам дека денес поднесов неотповиклива оставка од позицијата Член на Претседателството на ДПМ. За причините прочитајте подолу во образложението, а оставката ви ја пренесувам интегрално: До Претседателството на Друштво на писателите на Македонија Почитувани, Со овој допис би сакала да ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од позицијата Член на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија. Образложение: Од моето назначување како член на Претседателството на ДПМ по гласањето што се одржа во мај годинава до ден-денес не учествував на ниту еден состанок на Претседателството, од сите (ЕДЕН!) што беа организирани, на којшто отсуствував поради позитивен тест на ковид-19. Во неколку преписки по мејл изразив незадоволство од тоа како функционираат нештата, а особено бројни се моите забелешки за тоа како НЕ функционираат нештата во Друштвото и се надевав на барем уште еден состанок на кој ќе можам детално да ги изнесам своите ставови, забелешки, но и идеи како да се подобри комуникацијата, работата, но и угледот на ДПМ. За жал, кога и јас и други членови на Претседателството побараа состанок, Претседателот прогласи некаков „летен одмор“ на ДПМ, за време на кој тој активно работеше појавувајќи се на настани, потпишувајќи договори за соработка и изнесувајќи ставови во јавноста по разни прашања во име на ДПМ, за сега, во последниот мејл од пред три дена од Претседателот тој летен одмор да биде прогласен за „завршен“, но поради бројните активности на ДПМ месецов (!), состанокот на Претседателството се вели дека се планира дури за средината на октомври, значи откако ќе завршат сите активности за кои во мејлот бевме известени дека ќе се случуваат. Се остава впечаток дека Претседателот активно работи на својата агенда без притоа да се консултира и да се советува со членовите на Претседателството. Со други зборови, сметам дека на Друштвото му фали точно тоа ‒ тимска работа, дружба, размена на идеи и ставови, заедничко носење одлуки во најдобар интерес за сите членови, како и заложби бројот на членови да расте, сѐ со цел да се подобри низ години нарушениот углед на ДПМ, но и активно и вистински да се заштитат правата и улогата на писателите во општеството, а не само декларативно! Според моето видување на нештата, заедничките интереси не се на прво место во ДПМ, а јас не сакам да фигурирам со име и презиме како наводен одлучувач зад добар дел од активностите што периодов се случуваат во организација и во име на ДПМ. Примерите се бројни - несреќните обиди за цензура на коментари и критики од јавноста, несоодветната комуникација со јавноста преку социјалните мрежи, разните соопштенија со бројни грешки, чудните, па дури и чудесните договори за соработки со познати и непознати здруженија во кои ние како Претседателство немаме увид што всушност подразбира таа соработка, нетранспарентното работење со финансиите итн. Па, имајќи ги предвид состојбите во ДПМ, чувствувам одговорност кон сите членови што го дадоа својот глас и ме поддржаа во оваа идеја да бидам член на Претседателството и да помогнам со сето свое знаење, умеење и искуство да се реформира работата на ДПМ. И токму заради таа одговорност пред нив, а и пред себе, би сакала да се изземам како Член на Претседателството на ДПМ, поднесувајќи неотповиклива оставка од оваа позиција (ако воопшто може да се смета дека ја имав), оти не би сакала никако да ги изневерам очекувањата на оние што имаа доверба во мене и оти мојот впечаток е дека се нема волја за зрел и отворен дијалог по кој нештата ќе се сменат на подобро. Се надевам дека во некои подобри времиња во иднина ќе имам прилика да го дадам својот придонес во Друштвото, а во меѓувреме ќе продолжам да работам во интерес на македонските писатели и книжевни преведувачи како издавач и како организатор на книжевни настани, фестивали и манифестации. Скопје, 15.09.2022 г. Со почит, Јулијана Величковска
- Утре започнува јубилејниот 20-ти АКТО фестивал за современи уметности, Утре започнува јубилејниот 20-ти АКТО фестивал за современи уметности, утре-започнува-јубилејниот-20-ти-акто-фестивал-за-современи-уметности
АКТО слави 20 години со предавања, инсталации, перформанси и работилници во Железничката зграда, 2–5 октомври во Скопје. Утре, 2 октомври, започнува јубилејното 20-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, еден од најдолговечните независни културни настани во земјава. Фестивалот ќе се отвори со преднастан во форма на јавно предавање насловено „Еколошки иднини“, кое ќе го одржи архитектот Даниел Кунерт од германското списание ARCH+ – едно од водечките европски изданија за архитектура и урбанизам. Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет (УКИМ) со почеток во 19 часот. „Еколошки иднини“ е проект на ARCH+ и Гете-институт кој обединува урбани практичари, уметници, локални заедници и институции заеднички да ги истражуваат предизвиците на еколошката и социјалната иднина. Кунерт ќе ја претстави работата на списанието и ќе говори за важноста на иницијативи како „Градот како сцена“ – практика која е во сржта на АКТО последната деценија. Тридневна програма во Железничката зграда Официјалната програма ќе се одвива од 3 до 5 октомври во киното на Железничката зграда во Скопје, каде што е лоцирана и новоотворената Лабораторија за просторно-перформативни практики „Градот како сцена“. Фестивалот носи богата содржина: изложби, проекции, разговори, работилници и музички настани. Ќе учествуваат бројни домашни и странски автори и колективи, меѓу кои Зорица Милисавлевиќ – Милојковиќ (Урбани Оази, Белград), Борис Бакал (Фрлачи на сенки, Загреб), Давид Нил Морси и Кристин Лаз (Floating University, Берлин), ОПА (ЗаУМ архива), Славчо Димитров (Викенд на гордоста, Скопје), Кристина Леловац (Прво па женско, Скопје), Димитар Самарџиев (Бостание – општествена градина, Скопје), Виолета Качакова и Филип Тасевски (ЗЕМЈОТРЕС фестивал на независна музика), Пијан Славеј, група Сиз, група Трето колено и други. „Како се прави?“ – тема на годинешното издание Годинешното издание е насловено „Како се прави?“, фокусирано на процесот на создавање на културни настани: како се конципираат, продуцираат и трансформираат фестивалите, изложбите и перформансите низ времето. „АКТО, од позиција на оние што дејствуваат надвор од институциите, веќе 20 години создава простор за колективност, критичност и дијалог. Ова издание ги отвора прашањата за тоа како културата опстојува и се создава во сложени општествено-политички околности,“ велат од организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, која стои зад фестивалот. Распоред на програмата 📅 Четврток, 2 октомври – Амфитеатар, Архитектонски факултет (УКИМ) 19:00–20:00 – Јавно предавање „Еколошки иднини – Алатки“ (Даниел Кунерт, ARCH+). 📅 Петок, 3 октомври – Кино во Железничка зграда 19:30–22:00 – „Киното во Железничка зграда, изгубена [модернистичка] утопија“ – просторна инсталација, разговор и филмски проекции. 📅 Сабота, 4 октомври – Кино во Железничка зграда 11:00–18:00 – Работилници и дискусии – Лабораторија „Градот како сцена“. 19:00–22:30 – Перформанси, разговори и мултимедијални инсталации. 📅 Недела, 5 октомври – Кино во Железничка зграда 11:00–17:00 – Презентации на студентски и колективни проекти, завршни разговори. 19:00–21:00 – Завршна проекција и дискусија „20 години АКТО – продолжуваме“. АКТО 20 е посветен на слободната мисла, јавниот простор и колективното создавање. Фестивалот ги вклучува младите автори, студентите и заедниците во креативни и едукативни процеси. Јубилејното издание се отвори со кампањата „Годините се само бројка“, преку која организаторите порачаа: „Она што навистина се брои е истрајноста – потенцијалот да се продолжи и да се создава, дури и кога контекстот драстично се менува.“ Проектот е поддржан од Гете-институт Скопје, во партнерство со списанието ARCH+, како и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Продукцијата е на Лабораторијата за просторно-перформативни практики „Градот како сцена“, во рамки на платформата ФРУ – АКТО фестивал за современи уметности.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Деновиве низ град: активизмот во прв план во првата седмица на март, Деновиве низ град: активизмот во прв план во првата седмица на март, деновиве-низ-град-активизмот-во-прв-план-во-првата-седмица-на-март
Во првите мартовски денови, пролетта веќе го почна својот настап, а со тоа нашите градови се преобразуваат во живи полиња на уметнички настани, културни собири и активистички маршови. Духот на пролетта нè носи низ брановите на промена и забава, а она што е пред нас е вистинска парада на богати содржини, таман и нас да не́ распролетат. Еве го прегледот на некои од најавените настани во Скопје, Битола и дури и Њујорк, кои нè очекуваат во неделата што доаѓа. Скопје: Фестивал на семиња и промоција на женската книжевност На 09 Март, Факултетот за Земјоделски Науки и Храна ќе биде домаќин на Фестивал за локална размена на семиња. Настанот е идеален за сите посветени на земјоделството и одржливиот начин на живот, каде ќе се промовираат автохтоните сорти и биодиверзитетот. Повеќе за настанот : овде. Исто така, издавачката куќа „Илика“ на 9 март нè поканува на дружба и прослава на женското писмо. Во нивната книжарница, возбудливите наслови од македонски и странски авторки ќе бидат во преден план, додека музиката и препораките за книги ќе го облагордат ова книжевно саботно матине. За повеќе информации кликнете токму: овде. Вечерта - журка! Што е саботна вечер без ПМГ журка, а овој пат се враќаме во Старата чаршија за целовечерна Танц партија. Мотото е „Лом музика“...па вие толкувајте си го тоа како знаете и умеете. А за повеќе да знаете, кликнете: овде. Музички и театарски вечери во Македонија Социјален Центар Дуња во сабота ќе биде простор каде што авангардниот виолинист Глигор Кондовски ќе нè воведе во својата музичка вселена, заедно со обредната панк-џез дружина СВЕТЛОСТ. Овој настан е обет за едно несекојдневно музичко искуство. Што можете да очекувате ќе читнете: овде. Во Битола, на 9 март, НУ Народен Театар ќе биде домаќин на претставата „Момчето со пругаста пижама“, која на еден длабок и емотивен начин ја раскажува историјата со оглед на Втората светска војна, носејќи пораки за невиноста, човечноста и пријателството. Однесете ги клинците, за сликовит приказ на нацизмот. Повеќе овде. Слобода и права - мотиви на уличните маршови А на 8 Март, граѓаните ќе ги зафатат улиците на Скопје во еден гласен марш за женските права под мотото „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“. Оваа акција ќе почне на плоштадот Скендербег и ќе продолжи до Паркот Жена Борец, каде што ќе се чујат завршни пораки до јавноста и институциите. Повикот за акција прочитајте го овде. После маршот продолжуваме накај МКЦ, на концерт чие учество може да се смета како израз на бунт и активизам. МКЦ се чини дека е ранет, но платформата „Силата еу младите“ не се дава така лесно - ве кани на концерт на Артан Лили и Занаду, за вечер на која ќе се потсетиме зошто го сакаме МКЦ преку концерт на прекрасен жесток рок. Повеќе за настанот овде. Надвор од границите: Македонската уметност во Њујорк И за крај, не запираме кај локалното - доколку сте во Њујорк, ќе ве интересира да знаете дека македонската теоретичарка Сузана Милевска ќе го промовира своето ново дело „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“. Оваа промоција ќе биде сведок на глобалниот отпечаток на македонската уметничка сцена. Што ќе можете да очекувате и кого се́ ќе видите на промоцијата (и изложбата) : овде. Неделата што следува е полна со различни настани што ја поттикнуваат културата, уметноста и активизмот. Независно дали сте во потрага по нови знаења, уметнички доживувања или сакате да изразите поддршка за важни социјални прашања, неделата што нè очекува во Скопје, Битола и Њујорк обеќава дека нема да останете рамнодушни. Нека уметноста и солидарноста бидат вашите водилки низ овие денови.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






