top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Пркосот на Салман Ружди (извадок), Пркосот на Салман Ружди (извадок), пркосот-на-салман-ружди-извадок

    Ружди беше навикнат на настани како оној во Чаутаука. Тој имаше направено безброј читања, панели и предавања, дури и се сладеше со нив. Неговиот партнер на сцената, Хенри Рис, не баш. За да ги смири нервите, Рис зема длабок здив и се загледа во толпата. Беше смирувачки, сите тие пријателски лица во очекување. Потоа се слушна врева - брзи чекори, задишано брефтање, напрегање. Рис се сврте кон бучавата, кон Ружди. Маж облечен во црно, беше вдаден, целосно преку писателот. Отпрвин, Рис рече: „Мислев дека тоа е мајтап, некоја имитација на напад во навистина лош вкус, нешто како шамарот на Вил Смит“. Потоа здогледа крв на вратот на Ружди, крв течеше на позадината со знаците на Чаутаука. „Тогаш стана јасно дека таму има нож, но на почетокот се чинеше како само да го удира со тупаници. Во една секунда се вкочанив. Потоа се вдадов по типот. Инстинктивно претрчав и го соборив одзади и го држев за нозете“. Матар го прободел Ружди десетина пати. Сега тој се сврте кон Рис и го прободе и него, отворајќи му рана над окото. Лекар кој појадуваше со Ружди тоа утро седеше на коридор, во вториот ред. Тој стана од своето место, се стрча по скалите и се упати кон турканицата. Подоцна, лекарот, кој ме замоли да не го користам неговото име, рече дека е сигурен дека Рис, со соборувањето на Матар, помогнал да се спаси животот на писателот. Државен војник од Њујорк, му стави на Матар лисици и го изведе од сцената. Ружди беше на грб, сè уште свесен, крвареше од убодни рани на десната страна на вратот и лицето, левата рака и стомакот веднаш под ребрата. Сега, еден пожарникар беше покрај Ружди, заедно со четворица лекари - анестезиолог, радиолог, интернист и акушер. Двајца од лекарите ги држеа нозете на Ружди нагоре за да го вратат протокот на крв во телото. Пожарникарот ја држеше едната рака на десната страна од вратот на Ружди за да го спречи крварењето, а другата рака во близина на окото. Пожарникарот му рекол на Ружди: „Не трепкај со окото, се обидуваме да го запреме крварењето. Чувајте го затворено.” Ружди реагираше. "О.К. Се согласувам“, рече тој. "Разбирам." Левата рака на Ружди тешко крвареше. Со помош на ножици, еден од лекарите му го отсекол ракавот од јакната и се обидел да ја затвори раната со чисто марамче. За неколку секунди, марамчето беше заситено, крвта прскаше „како свет пекол“, се сеќава докторот. Некој му подаде еден куп хартиени крпи. „Ги стискав марамчињата колку што можев посилно“. „Што се случува со мојата лева рака? - изјави Ружди. „Толку многу боли!“ Во близина на неговиот лев колк се ширеше локва крв. Пристигна амбулантата од прва помош., болничарот го закачи Ружди за инфузија и го спуштија на носилка. Тие го изведоа од амфитеатарот и го качија на хеликоптер, кој го префрли на трауматологија, на второ ниво, Хамот, дел од Медицинскиот центар на Универзитетот во Питсбург, во Ири, Пенсилванија. Ружди патувал сам до Чаутаука. Назад во Њујорк, неговата сопруга Рејчел Елиза Грифитс добила повик околу пладне кој и́ соопштил дека нејзиниот сопруг бил нападнат и дека е на операција. Таа брзајќи организирала лет до Ири, за да стигне до болницата. Кога таа пристигна, тој сè уште беше во операционата сала. Во Чаутаука, луѓето шетаа наоколу запрепастени. Како што ми рече еден од лекарите што се качија на сцената за да му помогнат на Ружди, „Чаутауква беше единственото место каде што се чувствував потполно удобно. Еден момент, тоа беше како сон. И тогаш не беше. Немаше никаква смисла, а потоа ја имаше сета смисла во светот“. Ружди беше хоспитализиран шест недели. Во месеците по неговото отпуштање од болницата, тој главно остана дома, освен за посетите на лекарите, понекогаш по два или три на ден. Тој живееше без обезбедување повеќе од две децении. Сега мораше да го преиспита тоа. Непосредно пред Божиќ, во студено и дождливо утро, пристигнав во канцеларијата на Ендрју Вајли, литературниот агент на Ружди во центарот на градот, каде што се договоривме да се видиме. По некое време слушнав како се отвора вратата од агенцијата. Ружди, со акцент што носи траги од сите негови градови - Бомбај, Лондон, Њујорк - ги поздравуваше агентите и асистентите, луѓе што ги немаше видено многу месеци. Глетката како се пробива низ ходникот беше запрепастувачка: изгуби повеќе од четириесет килограми од прободувањето. Десната леќа на неговите очила е поцрнета. Нападот го остави слеп во тоа око, а сега обично чита на iPad за да може да ја прилагоди светлината и големината на буквите. На десната страна од неговото лице има лузни. Зборува течно како и секогаш, но долната усна му се спушта на едната страна. Улнарниот нерв во левата рака беше тешко оштетен. Ружди го соблече палтото и се смести на столот спроти бирото на неговиот агент. Прашав како е со духот. „Па, знаеш, сум бил подобро“, рече тој суво. „Но, со оглед на тоа што се случи, не сум толку лошо. Како што можеш да видиш, големите повреди се излечени, во суштина. Имам чувство во палецот и показалецот и во долната половина на дланката. Правам многу физикална терапија со раце и ми рекоа дека ми оди многу добро“. „Можеш ли да типкаш?“ „Не многу добро, поради недостаток на чувство во врвовите на прстите на овие прсти“. Што е со пишувањето? „Само пишувам побавно. Но, ќе биде“. Спиењето не беше секогаш лесно. „Имаше кошмари - не токму инцидентот, туку само застрашувачки. Се чини дека и тие се намалуваат. Добро сум. Можам да станам и да одам наоколу. Кога велам дека сум добро, мислам, има делови од моето тело на кои им требаат постојани прегледи. Тоа беше колосален напад“. Повеќе од еднаш, Ружди погледна низ канцеларијата со насмевка. „Одлично е да се биде назад“, рече тој. „Место кое не е болница, каде што најчесто бев. И да се биде во оваа агенција е - доаѓам овде со децении и тоа ми е многу познат простор. И да можам да дојдам овде да зборуваме за литература, да зборуваме за книги, да зборувам за овој роман, „Градот на победата“, за да можам да зборувам за она што ми е најважно. . .“ На овој состанок и во последователните разговори, почувствував спротивставени инстинкти кај Ружди кога одговараше на прашањата за неговото здравје: имаше инстинкт да се продолжи понатаму - да се зборува за литературни работи, неговата книга, сè освен повеќедецениската фатва и сега напад - но и инстинкт да се биде апсолутно искрен. „Постои нешто како P.T.S.D., знаете“, рече тој по некое време. „Ми беше многу, многу тешко да пишувам. Седнувам да пишувам и ништо не се случува. Пишувам, но тоа е комбинација од празнина и ѓубре, работи што ги пишувам и што ги бришам следниот ден. Сè уште не сум излезен од таа шума, всушност“. Тој додаде: „Едноставно никогаш не сум си дозволил да ја користам фразата „писателска блокада“. Секој има момент кога нема ништо во твојата глава. И мислиш, Ех, па добро, никогаш нема да има ништо. Една од работите во врска со тоа што имаш седумдесет и пет години и имаш напишано дваесет и една книга е тоа што знаеш дека, ако продолжиш да се обидуваш, нешто ќе надојде“. Дали тоа се случи во изминатите месеци? Ружди се намурти. „Не баш. Мислам, се обидов, но не баш“. Само во последно време „штотуку почна да го чувствува враќањето на соковите“. Како да продолжиш да живееш откако мислиш дека си излегол од години на закана, осуда и смртна опасност? И сега, како да се опоравиш од нападот што дошол на неколку милиметри да ве убие, и да се обидете да живеете, некако, како никогаш да не е можно да се повтори? Изгледаше благодарен за психотерапевтот кој го посетувал, уште пред нападот, терапевт „кој има многу работа да заврши. Тој ме познава и ми помага многу, а јас само разговарам за работите“. Разговорот беше очигледно во служба на долготрајна резолуција. „Секогаш многу се трудев да не си ја присвојам улогата на жртва“, рече тој. „Тогаш само си седиш и си велиш: Некој зари нож во мене! Кутриот јас. . . . Што понекогаш навистина го мислам“. Тој се насмеа. "Боли. Но, она што не мислам е: - тоа е она што сакам да мислат луѓето кои ја читаат книгата .Сакам да бидат затекнати од приказната, да бидат понесени“. Пред многу години, се сеќава тој, имаше луѓе на кои се чинеше дека беа уморни од неговото упорно постоење. „На луѓето тоа не им се допадна. Затоа што требаше да умрам. Сега, кога речиси умрев, сите ме сакаат. . . . Тоа беше мојата грешка, тогаш. Не само што живеев туку се трудев да живеам добро. Голема грешка. Здобиј петнаесет убоди - многу подобро“. Додека лежеше во болница, Ружди добиваше безброј пораки и мејлови кои изразуваа љубов, и со желби за закрепнување. „Бев во целосен шок“, ми рече Чимаманда Нгози Адичи, нигериската романсиерка. „Едноставно не верував дека тој сè уште е во вистинска опасност. Два дена бдеев, испраќав пораки до пријателите ширум светот, пребарував на Интернет за да се уверам дека тој е сè уште жив“. Во негова чест имаше читање на скалите на Јавната библиотека во Њујорк. За некои писатели, шокот им доведе одредени прашања во строг фокус. „Нападот врз Салман ми разјасни многу работи“, ми рече Ајад Ахтар. „Знам дека имам многу посветла линија што си ја повлекувам, меѓу потенцијалните штети на говорот и слободата на имагинацијата. Тие се несоодветни и не треба да се ставаат во ист пасус“. Ружди беше со разбуричкани чувства, од почитта што ја инспирираше неговата приближна смрт. „Знаеш, многу е убаво што сите беа толку трогнати од ова?“ - рече.тој „Никогаш немав размислувано, за тоа како луѓето ќе реагираат доколку бидам убиен, или речиси убиен“. А сепак, тој рече: „Јас сум среќен. Она што навистина сакам да го кажам е дека моето главно преплавувачко чувство е благодарноста“. Тој беше благодарен на оние кои ја покажаа својата поддршка. Беше благодарен на лекарите, на болничарите во амбулантното возило, и пожарникарот во Чаутаукуа кој му ги притиснал раните и им беше благодарен на хирурзите во Ири. „Во одреден момент, би сакал да се вратам таму и да им се заблагодарам“. Тој, исто така, беше благодарен на своите два возрасни синови, Зафар и Милан, кои живеат во Лондон, и на Грифитс. „Таа ги презема работите во свои раце, во момент кога јас бев беспомошен“. Таа се справуваше со лекарите, полицијата и инспекторите и со транспортот од Пенсилванија до Њујорк. „Таа едноставно презеде сè, како и емоционалниот товар од тоа што речиси ќе бев убиен.“ Дали мисли дека е грешка што го спушти гардот, откако се пресели во Њујорк? „Па, јас си го поставувам тоа прашање и не го знам одговорот на тоа“, рече тој. „Имав повеќе од дваесет години живот. Значи, дали е тоа грешка? Исто така, напишав многу книги. „Сатански стихови“ беше мојата петта објавена книга - четвртиот објавен роман - а ова е мојата дваесет и прва. Така, три четвртини од мојот живот како писател се случија од фатвата. На некој начин, не можете да жалите за својот живот“. Кого тој го обвинува за нападот? „Го обвинувам него“, рече тој. Некој друг? Дали беше разочаран од обезбедувањето во Чаутаука? „Се обидов со многу напор низ текот на годините, да избегнам меѓусебни обвинувања и огорченост“, рече тој. „Едноставно мислам дека не изгледа добро. Еден од начините на кои се справив со целата оваа работа е да гледам напред, а не назад. Она што ќе се случи утре е поважно од она што се случи вчера“. Објавувањето на „Градот на победата“, тој појасни, беше неговиот фокус. Тој е заинтересиран да види како ќе биде прифатен романот. Дали ќе се гледа низ призмата на прободувањето? Тој се потсети на „бранот на сочувство“ што дојде со „Сатански стихови“, колку се зголеми продажбата со фатвата. Тоа се повтори откако минатото лето беше избоден речиси до смрт. Тој е желен, секогаш, да зборува како новиот роман е втемелен во индиската историја и митологија, како се забрзал процесот на пишување, исто како што беше со „Децата на полноќ“, откако го најде гласот на неговиот главен лик; како книгата може да се чита како алегорија за злоупотребата на моќта и проклетството на секташтвото - двојните клетви на Индија под нејзиниот сегашен премиер, хинду врховистот Нарендра Моди. Но, уште еднаш, знае Ружди, неговиот нов роман ќе мора да се натпреварува за внимание, со грдотијата на реалниот живот. „Се надевам дека до одреден степен тоа може да ја промени темата. Отсекогаш мислев дека моите книги се поинтересни од мојот живот“, рече тој. „За жал, светот се чини дека не се согласува“. Хади Матар е притворен во окружниот затвор Чаутаука, во селото Мејвил. Тој е обвинет за обид за убиство од втор степен, што може да донесе дваесет и пет години затвор; тој е обвинет и за напад од втор степен, за нападот врз Хенри Рис, кој може да донесе дополнителни седум. Судењето најверојатно нема да се одржи до следната година. „Тоа е релативно едноставен настан кога ќе размислиш за тоа“, ми рече Џејсон Шмит, окружниот обвинител во округот Чаутаука. „Знаеме дека ова беше однапред испланиран, неиспровоциран напад од поединец кој немал претходна интеракција со кривично-правниот систем“. Работата на обвинителот несомнено е олеснета со фактот што имаше стотици сведоци на злосторството. Матар го застапува Натаниел Бароне, јавен бранител. На судското рочиште недолго по прободувањето, Барон го придружуваше Матар, кој носеше лисици, маска за лице и затворска облека со широки црно-бели риги. Косата и брадата на Матар беа кусо исечени. Тој кажа многу малку, освен неговото изјаснување - за невин. Барон, облечен во костум и вратоврска, застана покрај својот клиент. Изгледа дека нема илузии. Кога му предложив дека има речиси невозможен случај, тој не го оспори тоа: „Речиси сите до човек велат:: „Каква е одбраната на овој човек? Сите го видоа како го направи тоа!“, Бароне рече дека има стотици вештаци во досието, и дека ќе се консултира со некои од нив за прашања од психологија и радикализација. Тој, исто така, посочи дека би можел да ја оспори прифатливоста на интервјуто на Матар за Њујорк Пост, велејќи (без да обезбеди никакви докази) дека тоа е веројатно добиено под лажни изговори. (Њујорк Пост рече дека нејзиниот новинар се идентификувал и дека „г-дин Матар апсолутно разбрал дека зборува со новинар“.) Не е познато дали Матар дејствувал под нечие туторство или инструкции, но иранските државни медиуми го изразуваа своето одобрување многукратно - за неговиот обид да го убие Ружди. Само минатиот месец, Хосеин Салами, шефот на Исламската револуционерна гарда, рече дека Матар постапил „храбро“ и предупреди дека персоналот на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, кој беше нападнат од муслимански екстремисти во 2015 година, треба да размисли за „судбината “ на Ружди ако продолжи да се исмева со ајатолахот Хомеини. Што се однесува до мајката на Матар и нејзините забелешки за печатот за неговото однесување и нивната нарушена врска, Бароне воздивна и рече: „Очигледно, секогаш е загрижувачки кога ќе видите опис од мајката за вашиот клиент што може да се протолкува на негативен начин“. Тој не ги оспори нејзините забелешки. Барон се сретнал со Матар во неговиот блок на келии и го доживеа како кооперативен. „Немав апсолутно никакви проблеми со г-дин Матар“, рече тој. „Тој беше срдечен полн со почитување, отворено разговараше со мене. Тој е многу искрен млад човек. Тоа би било како да се запознаете со кој било млад маж . Нема ништо што го издвојува“. Матар е во блокот келии наречен „приватната зона“. Тој поминува голем дел од своето време читајќи го Куранот и други материјали. „Се запознавам со него, но не е лесно“, рече Бароне. „Реалноста на седење во затвор, затворен - лесно е да се нема надеж. Лесно е да мислите дека работите нема да ви појдат од рака. Но, јас им велам на клиентите дека треба да имате надеж“. Тој ме увери дека Матар „не го сфаќа ова лесно. Некои луѓе едноставно не се грижат за работите“. Дали искажува каење? Барон одговори дека не може да каже „во овој момент“. Ружди ми кажа дека го смета Матар за „идиот“. Тој застана и, свесен дека тоа не е некоја опсервација, рече: „Не знам што мислам за него, бидејќи не го познавам“. Имам избледено чувство дека писателот се бори со лик - и човечко суштество што се бори со непријател - кој е упорни и фрустрирачки испарлив. „Се што видов е неговото идиотско интервју во Њујорк Пост. Што само идиот би го направил. Знам дека судењето е уште многу далеку. Тоа може да се случи до крајот на следната година. Претпоставувам дека тогаш ќе дознаам нешто повеќе за него“. Ружди ги помина изминатите месеци опоравувајќи се. Тој изгледа огромна порција од „срање телевизија“. Не можеше да најде нешто или некој да му се допадне во „Белиот лотос“ („Грозно!“) или во документарецот на Нетфликс за Меган и Хари („Баналноста на сето тоа!“). Сепак, Светското првенство беше големо задоволство. Тој беше воодушевен од напредокот на Мароканците и надприродните настапи на Французинот Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси, и беше трогнат од поддршката што ја покажаа играчите за протестите во Иран, за кои се надева дека може да биде „пресвртна точка“ за режимот во Техеран. Се разбира, нема да има литературна турнеја за „Градот на победата“. Но, сè додека неговото здравје е добро и безбедноста е осигурана, тој се надева дека ќе оди во Лондон на отворањето на „Хелена“, неговата драма за Елена Тројанска. „Ќе ти кажам навистина искрено, не размислувам долгорочно“, рече тој. „Размислувам за малку, чекор по чекор. Само мислам, Bop till you drop“.(*референца на албум на Рај Кудер) Кога ја допревме темата неколку недели подоцна, во разговор преку Зум, тој рече: „Немам што друго да правам. Би сакал да имам втора вештина, но не. Отсекогаш им завидував на писателите како Гинтер Грас, кој имаше втора кариера како визуелен уметник. Мислев колку е убаво да поминеш еден ден борејќи се со зборови, а потоа да станеш и да одиш по улицата до твоето уметничко студио и да станеш нешто сосема друго. Јас го немам тоа. Значи, се што можам да правам е ова. Сè додека има приказна за која мислам дека вреди да и дадам време, тогаш ќе го направам тоа. Кога имам книга во мојата глава, како остатокот од светот да е во својот правилен облик“. „Депресивно е“ кога се мачи на своето биро, признава тој. Се прашува дали ќе дојдат приказните. Но, тој сè уште е таму, вложува време. Ружди погледна околу своето биро, гестикулираше на книгите што ги обложуваат ѕидовите на неговата работна соба. „Чувствувам дека се́ е во ред. кога седам овде и имам за што да размислувам“, рече тој. „Бидејќи тоа го презема од надворешниот свет. Се разбира, внатрешниот свет е поврзан со надворешниот свет, но, кога сте во чинот на создавање, тој презема од сè друго. Засега ја остави настрана идејата за роман инспириран од Кафка и Ман и размислува за своевидно продолжение на „Џозеф Антон“. Отпрвин, тој беше иритиран од идејата, „затоа што се чувствував речиси како да ме натераа - нападот бараше да пишувам за нападот“. Меѓутоа, во последниве недели, идејата зема замав. Книгите на Ружди се склони да бидат продукции во голем обем, но за да напише за нападот во Чаутауква, настан што се случи вонеколку секунди, тој замислува нешто повеќе „микроскопско“. И гласот би бил поинаков. Малку дистанцираниот глас во трето лице што го употреби „Џозеф Антон“ изгледа погрешно за задачата. „Ова не ми изгледа како трето лице“, рече Ружди. „Мислам дека кога некој ќе ти забие нож, тоа е приказна во прво лице. Тоа е приказна за „јас“. ♦︎ Дејвид Ремник е уредник на „Њујоркер“ од 1998 година и писател дел од персоналот од 1992 година. Тој е автор на „Мостот: Животот и подемот на Барак Обама“. ♦︎ Извадок од профил на Дејвид Ремник "Пркосот на Салман Ружди"

  • Извадок од мемоарот на Гилберт Бејкер активистот и уметник позади дизајнот на знамето на виножитото, Извадок од мемоарот на Гилберт Бејкер активистот и уметник позади дизајнот на знамето на виножитото, извадок-од-мемоарот-на-гилберт-бејкер-активистот-и-уметник-позади-дизајнот-на-знамето-на-виножитото

    Овде Гилберт се сеќава на една вечер со неговите пријатели Клив Џонс и режисерот Арти Бресан во почетокот на 1978 година, по неговото божиќно раскинување со Тенди Белју. „За да го преболам Тенди, дополнително се посветив на активизмот и отидов во кино. Мојот пријател Арти Бресан, Џуниор, беше филмаџија кој штотуку сними документарен филм за Парадата во 1977 година, насловен „Геј САД“. Тој беше див визионер кој режираше порно на страна за да може да ги финансира неговите 35 мм документарни филмови. Одевме да гледаме филмови неколку пати неделно. Еден ден отидовме во киното Стренд, на улицата Маркет, да го видиме ‘Граѓанинот Кејн’. Тој беше омилен филм на Арти. Клив ни се придружи. После филмот, сите отидовме до Граѓанскиот центар Плаза за да ги погледнеме неокласичните згради. Арти почна со неговиот притисок да изнајдам нов симбол за, како што рече, „зората на новата геј свест и слобода“. И тој и Харви ми го имаа кажано истово претходно. Во овој момент, розевиот триаголник беше симбол за геј движењето. Но, тоа претставуваше темно поглавје во историјата на истополовите права. Адолф Хитлер го замислил розовиот триаголник за време на Втората светска војна како стигма ставена на хомосексуалците на ист начин како Давидовата ѕвезда се користела против Евреите. Функционираше како нацистичко средство за угнетување. Сите чувствувавме дека нѝ треба нешто што е позитивно, што ја слави нашата љубов. Поради инсистирањето на Арти, ги погледнав знамињата што се вееја на различните владини згради околу Граѓанскиот центар. Мислев и на американското знаме со неговите тринаесет ленти и тринаесет ѕвезди, колониите кои се одвојуваат од Англија за да ги формираат Соединетите Држави. Мислев на вертикалната црвена, бела и сина тробојка од Француската револуција и како обете знамиња ги должат своите почетоци на бунт, бунт или револуција. Мислев дека и геј нацијата треба да има знаме, за да ја прокламира својата идеја за моќ. Како заедница, и локалнo и меѓународнo, геј луѓето беа во момент на пресврт, битка за еднакви права, промена на статусот каде што сега баравме моќ, преземајќи ја. Ова беше нашата нова револуција: племенска, индивидуалистичка и колективна визија. Заедница која заслужи нов симбол. Во минатото, кога мислев на знаме, го гледав само како уште една икона за исмејување. Сето она веење знамиња и, воопшто,патриотизмот го сметав за опасна шега. Но, тоа се смени во 1976 година. Прославата на американската двесте - годишнина го стави фокусот на американското знаме. Беше насекаде, од поп-арт до ликовна уметност, од непријатни сувенири до џанк рекламирање. На секое ниво функционираше како порака. По оргијата на бендови и обрачи околу Двестогодишнината, мислев на знамињата во ново светло. Ја открив длабочината на нивната моќ, нивниот трансцендентен, трансформациски квалитет. Мислев на емотивната врска што ја имаат. Мислев како повеќето знамиња претставуваат место. Тие беа првенствено националистичка, територијална, иконична пропаганда - сите работи што ги доведувавме во прашање во 70-тите. Геј луѓето беа племенски, индивидуалистички, глобален колектив кој се изразуваше во уметноста и политиката. Ни требаше знаме за да се вее насекаде“. Подоцна истата недела во салата за танцување Винтерленд… „Клив и јас танцувавме на ист начин; секогаш ги кревавме рацете нагоре над главите, крцкајќи ги прстите како Дајана Рос. Ги тресевме колковите како Тина Тарнер, асид чирлидерки кои се вртат во психоделични фанкаделични кругови. Толпата беше дел од шоуто исто колку и бендот. Сите беа таму: битници од Норт Бич и маалски траварџии, моторџиите во црна кожа кои се досадуваа, тинејџерите во задниот ред се бакнуваат. Имаше долгокоси, гипки девојки во костуми за чочек, розови панкери со розеви косо закачени заедно со безопасни, приградски хипици, филмски ѕвезди толку убави што би ве оставиле занемени, мускулести гејбојси*(*мажи кои повремено се вклучуваат во квир активности или животен стил) со совршени мустаќи, буч дајкови во сини фармерки и вили*(*fairy-маж кој се однесува помалку женствено(urban dictionary) ) од сите полови во фустани од половни/секонд хеннд продавници. Ја јававме огледалната диско топка на глитер ЛСД и љубовна моќ. Танцот нè спои, магичен и прочистувачки. Сите бевме во вител на боја и светлина. Беше како виножито. Виножито. Тоа е моментот кога точно знаев какво знаме ќе направам. Знамето на Виножитото беше свесен избор, природен и неопходен. Виножитото дојде од најраната запишана историја како симбол на надеж. Во Книга на генезата, тоа се појави како доказ за завет меѓу Бога и сите живи суштества. Бил пронајден и во кинеската, египетската и индијската историја. Знамето на виножито ќе биде нашата модерна алтернатива на розовиот триаголник. Сега бунтовниците кои ја бараа својата слобода во барот Стоунвол во 1969 година ќе имаат свој симбол на ослободување“.

  • Пргавиот зајак е анимиран, Пргавиот зајак е анимиран, пргавиот-зајак-анимиран

    Неделава беше промовирана сликовницата ,,Пргавиот зајак" во авторство на Пандалф Вулкански а илустриран од Будимка Поповска. Пријателството беше посочено како темел, во целата своја комплицираност - посебно кога ќе се вовлече во креативна соработка. Но и како гравитациона точка, оган на кој се загреваме во средбата на промоцијата на сликовницата. Затоа мислата дека книгата потенцијално ќе патува со тој лајтмотив: како подарок или посочување на децата од сите(СИТЕ!) возрасти, буди раздрагано чувство... Зајакот во оваа динамична басна, не е типичниот, традиционален зајак: кој својата плашливост ја компензира со итроштината или брзината. Тој е директно, отворено и дури луто борбен и со тоа им нуди на потенцијалните читатели сознание: припишаната, очекуваната улога не мора да значи ништо. Доколку решиш дека ќе биде така, или сфатиш дека е твојата реалност - која ќе ја прилагодиш на својот ритам, со мило или со сила. Еве ја анимацијата, а на Окно можете да видите кој е тимот позади нејзе. Еве како пројде промоцијата:

  • Празнично филмско патување околу светот, Празнично филмско патување околу светот, празнично-филмско-патување-околу-светот

    Да се ушушкаш во каучот, на топло, додека на прагот го оставате студот, суровоста на светот, и заканувачката темнина, и да ја скротите вечерта, во шолја со топло чоколадо, се чини дека е квинтесенцијална празнична активност. Изедначена со шопинг стампедата, и целодневните маратонски кафеански дружби. Можеби таа традиција го изгуби континуитетот кај нас, но се врати назад со Нетфликс и ХБО Макс (за торентите нема да зборуваме засега ;) како кодно име за глобализацијата. Колку и да е проблематична, овие моменти ме одоброволуваат. Па решивме да правиме листи, најдобар дел од нив ги прават ДИВА пријателите, кои знаат подобро и повеќе од нас, и ги земавме папучите, ќебето, и се нурнавме во лековитиот свет на божиќни филмови. Кои го шират празничниот дух на радост, и еуфорија, дури и кога Дедо Мраз е лош(„Лош Мраз“2003 ) или кога е Гринч или Скруџ. Па почнавме со Холивудскиот спин на Божиќ, преку европскиот до африканскиот. Првата недела од празниците: Home Alone во светот на филмовите е она што Мараја Кери со All I want for Christmas е во музиката. Во првиот дел семејството го остава Кевин сам дома, случајно, додека тие патуваат во Франција за Божиќ, а тој „одбива“ сам и вешто панто-негативци, до мера на стриповски ликови. Во вториот дел, не го заборавија дома, но - седнува сосема случајно на друг авион и сам се снаоѓа по Њу Јорк. Да, без гугл мапс, и телефон. Тешко дека може да застарат и станат досадни. Its a wonderful life: Пол Мекартни е фан, филмските критичари на британскиот Сандеј тајмс се фанови и го прогласија за најдобар божиќен филм, и покрај тоа што е - социјалистички? - случајно станал хит, откако во 70те го пуштале на телевизија да пополни време. Има ангели, Божиќ, среќен крај, заедница, пожртвуваност... го нема елементот: божиќна лимонада. ELF(HBO Max):" Ова е една од оние ретки божиќни комедии кои имаат срце, мозок и лоша смисла за хумор и ги шармираат чорапите веднаш од каминот. Дури и неочекуваниот кастинг е полн погодок." вели Роџер Еберет. Мислиме... Вил Ферел во хеланки, не треба нешто повеќе да се продаде филмов... Vacanze di Natale, 1990: " На падините на Кортина Д'Ампецо, Марио, маж од Рим, се заљубува во Американка која e na одмор со своето момче " l'arbre de noel, 1969, Netflix: Француско-американски милионер (Вилијам Холден), неговата девојка (Вирна Лиси) и неговиот пријател од војната (Андре Бурвил) се обидуваат да ја исполнат секоја желба на неговиот син на умирање. Fanny and Alexander 1982: Во текот на почетокот на дваесеттиот век, Фани и Александар се деца на семејството Екдал во еден шведски град. Тие живеат мирен живот се додека нивниот татко господинот Оскар не умре. Alles ist liebe, 2015: Ги следи животите на различни парови во справувањето со нивните љубовни животи во различни лабаво меѓусебно поврзани приказни, сите сместени за време на избезумени неколку дена пред Божиќ во Франкфурт, Германија. Babbete's feast, 1987: Француска бегалка во Данска ги трансформира животите на постарите жени за кои работи. Има добиено Оскар. Zulu Christmas, 2020: Филмот следи разгалено момче од градот кое го доживува шокот на својот живот кога го испраќаат да ги помине празниците со својата баба на нејзината фарма во руралните средини на КЗН. За многу деца, тоа би било остварување на сонот, но ова не е подготвено за списокот на дневните обврски на баба. 6 hours till Christmas: романтична комедија за Реџи, чија колешка сака да му подари божиќен подарок што тешко може да го одбие. A New Christmas, 2019: Посетителка на Њујорк од Кенија го инспирира ужалениот главен лик да си го врати животот на вистинскиот пат. How to ruin Christmas: wedding(серија): Туми Село повторно се сретнува со своето семејство за свадбата на нејзината сестра Бјути, принудувајќи ја да се соочи со нерешените врски и старите рани. Во процесот на планирање на свадбата, наклонетоста на Туми за хаос создава кавги, напнатост и само чист хаос.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page