top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Деновиве низ град: активизмот во прв план во првата седмица на март, Деновиве низ град: активизмот во прв план во првата седмица на март, деновиве-низ-град-активизмот-во-прв-план-во-првата-седмица-на-март

    Во првите мартовски денови, пролетта веќе го почна својот настап, а со тоа нашите градови се преобразуваат во живи полиња на уметнички настани, културни собири и активистички маршови. Духот на пролетта нè носи низ брановите на промена и забава, а она што е пред нас е вистинска парада на богати содржини, таман и нас да не́ распролетат. Еве го прегледот на некои од најавените настани во Скопје, Битола и дури и Њујорк, кои нè очекуваат во неделата што доаѓа. Скопје: Фестивал на семиња и промоција на женската книжевност На 09 Март, Факултетот за Земјоделски Науки и Храна ќе биде домаќин на Фестивал за локална размена на семиња. Настанот е идеален за сите посветени на земјоделството и одржливиот начин на живот, каде ќе се промовираат автохтоните сорти и биодиверзитетот. Повеќе за настанот : овде. Исто така, издавачката куќа „Илика“ на 9 март нè поканува на дружба и прослава на женското писмо. Во нивната книжарница, возбудливите наслови од македонски и странски авторки ќе бидат во преден план, додека музиката и препораките за книги ќе го облагордат ова книжевно саботно матине. За повеќе информации кликнете токму: овде. Вечерта - журка! Што е саботна вечер без ПМГ журка, а овој пат се враќаме во Старата чаршија за целовечерна Танц партија. Мотото е „Лом музика“...па вие толкувајте си го тоа како знаете и умеете. А за повеќе да знаете, кликнете: овде. Музички и театарски вечери во Македонија Социјален Центар Дуња во сабота ќе биде простор каде што авангардниот виолинист Глигор Кондовски ќе нè воведе во својата музичка вселена, заедно со обредната панк-џез дружина СВЕТЛОСТ. Овој настан е обет за едно несекојдневно музичко искуство. Што можете да очекувате ќе читнете: овде. Во Битола, на 9 март, НУ Народен Театар ќе биде домаќин на претставата „Момчето со пругаста пижама“, која на еден длабок и емотивен начин ја раскажува историјата со оглед на Втората светска војна, носејќи пораки за невиноста, човечноста и пријателството. Однесете ги клинците, за сликовит приказ на нацизмот. Повеќе овде. Слобода и права - мотиви на уличните маршови А на 8 Март, граѓаните ќе ги зафатат улиците на Скопје во еден гласен марш за женските права под мотото „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“. Оваа акција ќе почне на плоштадот Скендербег и ќе продолжи до Паркот Жена Борец, каде што ќе се чујат завршни пораки до јавноста и институциите. Повикот за акција прочитајте го овде. После маршот продолжуваме накај МКЦ, на концерт чие учество може да се смета како израз на бунт и активизам. МКЦ се чини дека е ранет, но платформата „Силата еу младите“ не се дава така лесно - ве кани на концерт на Артан Лили и Занаду, за вечер на која ќе се потсетиме зошто го сакаме МКЦ преку концерт на прекрасен жесток рок. Повеќе за настанот овде. Надвор од границите: Македонската уметност во Њујорк И за крај, не запираме кај локалното - доколку сте во Њујорк, ќе ве интересира да знаете дека македонската теоретичарка Сузана Милевска ќе го промовира своето ново дело „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“. Оваа промоција ќе биде сведок на глобалниот отпечаток на македонската уметничка сцена. Што ќе можете да очекувате и кого се́ ќе видите на промоцијата (и изложбата) : овде. Неделата што следува е полна со различни настани што ја поттикнуваат културата, уметноста и активизмот. Независно дали сте во потрага по нови знаења, уметнички доживувања или сакате да изразите поддршка за важни социјални прашања, неделата што нè очекува во Скопје, Битола и Њујорк обеќава дека нема да останете рамнодушни. Нека уметноста и солидарноста бидат вашите водилки низ овие денови.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Концерт на „Трио Аперто“ со македонска и светска музика на 15 ноември, Концерт на „Трио Аперто“ со македонска и светска музика на 15 ноември, концерт-на-трио-аперто-со-македонска-и-светска-музика-на-15-ноември

    📅 15 ноември 2024 📌 Салон 19:19 🕓 19:19 часот Програма А. Вивалди - Концерт оп.3 бр.8 – Алегро / Ларгето е спиритуозо / Алегро А. Дворжак - Хумореска Г. Форе - Павана оп.50 Б. Цанев - Овчеполска свита Aнте Б. К – Свита за две виолини и пијано Д. Шостакович - Пет пиеси Почитувачите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во настапот на „Трио Аперто“, кој ќе се одржи на 15 ноември (петок) во Салон 19:19, со почеток во 19:19 часот. Триото, составено од реномираните македонски музичари Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано), ќе ја претстави својата разновидна музичка програма, која вклучува дела од македонски автори и светската класична музичка литература. Од основањето до меѓународни успеси „Трио Аперто“ е основано во 2018 година, по иницијатива на виолинистката Марина Трајковска, долгогодишен член на Македонската филхармонија. Од своето основање, триото посветено се залага за развој и промоција на камерното музицирање во Македонија, особено на дела од македонски автори. Со визија за збогатување на македонската музичка сцена и поттикнување на композиторите да творат за ваков вид на камерни ансамбли, тие успеале да привлечат внимание и на интернационалната сцена со настапи во културни центри во Истанбул и Тирана. Програма што го спојува класичното и современото На концертот во Салон 19:19, „Трио Аперто“ ќе изведе внимателно избрана програма која ги спојува традиционалните и современите тонови. Програмата вклучува класични дела како Концертот оп.3 бр.8 на Вивалди и „Хумореска“ на Дворжак, заедно со современите македонски композиции, како што е „Овчеполска свита“ на Благоја Цанев. Посебен акцент е ставен на делото „Свита за две виолини и пијано“ на Анте Б. К., кое го истакнува автентичниот камерен звук. Концертот ќе биде заокружен со делото „Пет пиеси“ на Дмитриј Шостакович, што ветува возбудлива комбинација на нежност и драматика. Поддршка за младите и за македонското музичко творештво Една од клучните мисии на „Трио Аперто“ е промовирањето на македонската музика и ангажманот во едукација на најмладата публика. Со организирање на едукативни концерти за деца од предшколска и училишна возраст, тие настојуваат да ја доближат класичната музика до младите генерации, истовремено поттикнувајќи го развојот на културната сцена во земјата. Концертот на 15 ноември е посебна можност за сите љубители на класичната музика да доживеат вечер исполнета со уметност, емоции и висок квалитет на изведба. Настанот ветува вечера во која македонската и светската музичка традиција ќе се спојат во еден исклучителен музички мозаик.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page