Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Жижек: Навални беше наивен, но не будала, Жижек: Навални беше наивен, но не будала, жижек-навални-беше-наивен-но-не-будала
автор: Славој Жижек, блог пост. На мајката и адвокатот на Алексеј Навални им беше кажано на февруари 17-ти, дека тој умрел од „синдром на ненадејна смрт“ - апсурдноста на оваа речиси тавтолошка изјава (плус потешкотијата на роднините на Навални да дојдат до неговото тело) сама по себе праќа порака. Неговата смрт беше соопштена со злокобна порака веднаш откако беше испратен во затвор - владин гласноговорник отворено кажа дека луѓето и умираат во затвор, и дека Навални нема да биде привилегиран на ниту еден начин… Убиството на Навални е остар потсетник за вистинската природа на режимот на Путин и – освен вообичаените протести – првиот чин на меѓународната заедница треба да биде давање поголема помош на Украина. Падот на украинскиот град Авдиивка по долга опсада е едноставно другата страна на истата паричка како и убиството на Навални. Задачата на сите нас е недвосмислено и без никаква резерва да изразиме целосна солидарност со Навални. Ова може да звучи проблематично за некои од денешните „левичари“ кои само чекаат да го сведат Навални на агент на политиката на НАТО за да ја ослабат Русија. Се разбира, има некои проблеми со Навални: неговиот документарец за палатата на Путин во Црното Море е толку професионално направен што не може а да не се постави прашањето кој стои зад него; има многу малку позитивна програма зад неговите изјави... Но, тука немаме избор: тој се залагаше за слобода против тиранијата и претставуваше вистинска закана за режимот - доказ е како беше третиран од властите. Потсетете се како, кога документарниот филм на Навални за палатата на Путин во Црното Море го гледаа на интернет десетици милиони Руси, Путин јавно реагираше на тоа само со негирање дека тој е сопственик на палатата без да го спомене Навални по име. Путин „никогаш не го спомнал Навални по име, така што рускиот политичар едвај заслужил спомнување на државната телевизија, толку подобро јавноста да заборави на него. Наместо тоа, во кратките сегменти што се однесуваат на неговата смрт, тој беше споменуван со нова титула измислена од казнено-поправната служба: „Осуденикот“. Зарем ова не е доказ дека, како што кажаа некои новинари, Навални бил единствен член на опозицијата од кого Путин навистина се плашеше? Да, но мислам дека целта на оваа цензура не е едноставно да се заборави Навални: тaа е да се избрише од јавниот простор. Тој не треба да постои поради она што во лаканската теорија се нарекува „големото Друго“, заедничкиот јавен простор. Од мојата младост во 1970-тите, се сеќавам на друг случај на слична цензура во комунистичка Чехословачка. Кога Мартина Навратилова (во тоа време најдобрата светска тенисерка која емигрираше на Запад и стана неличност дури и за чешките спортски медиуми) стигна до полуфиналето на големото меѓународно првенство, најголемиот чешки спортски дневен весник објави за тоа со Титулата „Познати четворицата полуфиналисти“, проследена со само три имиња – Навратилова беше едноставно игнорирана, иако титулата имплицираше четворица играчи… Колку и да беше чудна, оваа цензура не беше психотична бидејќи отворената неконзистентност на титулата беше насочена кон го исклучи четвртото име кое беше „присутно во видот на отсуство“ (да се користи структуралистичкиот жаргон). Истото важи и за Навални: колку повеќе тој беше неспомнуват во јавните медиуми, толку повеќе беше „присутен во видот на отсуство“, толку повеќе неговото присуство како дух ги прогонува животите на илјадници. Но, вистинското чудо е што во такви услови тој стана вистински лидер на опозицијата – не само поради неговата харизматична отвореност и наивност, туку и поради неговиот голем стратешки осет. Пред неколку години, тој веднаш сфати дека Путин толерира минимум од опозицијата во големите градови, па затоа се фокусираше на патување низ Русија и мобилизирање на локалните движења низ цела Русија до Сибир - токму на летот од Сибир назад за Москва беше отруен. Навални покажа храброст која се граничи со налудничав перфекционзам. Сетете се како, откако беше отруен и му беше дозволено да се пресели во Германија за соодветен медицински третман, тој се врати во Русија, знаејќи добро што го чека таму по неговото пристигнување. Што мислеше? Кои беа неговите надежи? Неговото однесување е речиси премногу совршено за да биде реално - овде се среќаваме со (проблематичната, за многумина) теолошка димензија на политиката. Шест месеци пред неговата смрт, Навални даде писмено интервју – еве го неговиот одговор на прашањето „Во што верувате?“: „Во Господ и науката. Верувам дека живееме во недетерминистички универзум и имаме слободна волја. Верувам дека не сме сами во овој универзум. Верувам дека нашите дела и постапки ќе бидат оценети. Јас верувам дека Русија ќе биде среќна и слободна. И јас не верувам во смрт.“ Овие изјави можеби звучат наивно, па дури и неконзистентно, но токму таквите даваат глас на радикалниот автентичен политички став. Она кон што навистина упатуваат вербата на Навални во бог и неверувањето во смртта не е личен бог или буквално бесмртност, туку верувањето во, повторно, она што Лакан го нарече големото Друго, симболичко-виртуелно сретство кое го регистрира и оценува вистинското значење на сите наши дела. : сè што се случува во нашите животи не исчезнува само по нашата смрт бидејќи постои глобално книговодство кое ги подмирува сметките во еден вид последен суд. Зошто толку многу есеи се насловени како „политичко-теолошки трактат“? Одговорот е дека една теорија станува теологија кога е дел од целосен субјективен политички ангажман. Како што истакна Кјерјегор, јас не стекнувам вера во Христа откако ќе споредам различни религии и ќе одлучам кои најдобри причини зборуваат за Христијанството - постојат причини да се избере Христијанството, но овие причини се појавуваат само откако веќе сум го избрал, т.е. да ги видам причините за верување веќе треба да се верува. Истото важи и за марксизмот: не е дека, по објективно анализирање на историјата, станав марксист - мојата одлука да бидам марксист (искуството на пролетерска позиција) ме тера да ги видам причините за тоа, т.е. марксизмот е парадоксот на објективно „вистинито“ знаење достапно само преку субјективна парцијална позиција. Колку и да звучи лудо, ова е она што го правеше Навални. И затоа, во земја во која доминира апатија кон политиката, Навални поттикна активизам и енергија: „Ако решат да ме убијат, тоа значи дека сме неверојатно силни... треба да ја искористиме оваа моќ за да не се откажеме, да се потсетиме на нас. се огромна сила што ја угнетуваат овие лоши фраери. Тој е во право, и затоа е неспоменат во официјалниот јавен дискурс. Да се каже во термините на Лакан, со сета своја наивност Навални не беше будала - еве еден пасус од Лакановата етика на психоанализата: „Будалата“ е невин, простак, но од неговата уста излегуваат вистини кои не само што се толерирани, туку и присвоени, поради фактот што оваа „будала“ понекогаш е облечена во обележјата на палјачо. И според мене, тоа е слична среќна сенка, слична фундаментална „лудорија“ што ја објаснува важноста на левичарскиот интелектуалец“. Левичарскиот интелектуалец е дворски палјачо кој јавно ја прикажува лагата на постојниот поредок, но на начин кој ја суспендира социјалната ефикасност на неговиот говор. Денес, по падот на социјализмот, будалата е постмодерна културна критичар, кој, со помош на неговите лудистички постапки, се предодредени да го „субверзираат“ постојниот поредок, кој всушност служи како негов суплемент– од воукистите на Cancel културата до западните чувари на „индивидуалните слободи. .“ Како Џулијан Асанж, Навални не беше будала што ја забавуваше јавноста со лажни „дисидентски“ изјави кои долгорочно само го зајакнуваат режимот - а Путиновата Русија и денес е полна со такви толерирани будали. Навални не беше еден од нив и за ова ја плати највисоката цена. Фактот што го направи ова свесно го прави единствен меѓу денешните херои.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Искра Гешоска стана лауреат на престижниот Гете медал, Искра Гешоска стана лауреат на престижниот Гете медал, искра-гешоска-стана-лауреат-на-престижниот-медал-гете-за-2023-година
Искра Гешоска, истакната македонска теоретичарка на уметноста, организатор на фестивалот КРИК и директор на невладината организација Контрапункт, есеист, преведувач на наслови во областа на тероијата, е прогласена за една од овогодинешните добитници на престижниот Гете медал. Ова признание и́ се доделува како нашироко признат облик на почит кон нејзиниот извонреден придонес во областа на интернационалната културна размена и обогатување на независната културна сцена во Македонија. Од основањето во 2001 година, Гешоска со Контрапункт и културниот центар Точка направи огромен придонес во поддршката на младите уметници, зајакнувајќи ја независната културна сцена во земјата. Општествените и политички турбуленции, укинаа неколку културни простори под политичкиот притисок во тоа време (кон крајот на првата деценија на 2000-те), но не ја сопре Гешоска и нејзините напори да го зајакнат гласот на уметноста и културата. Гешоска е исто така советничка за културни прашања на Претседателот на Република Северна Македонија од 2019-та година, што го покажува нејзиното континуирано влијание и присуство во културните политики на највисоко ниво. Гете медалот, којшто го доделува Гете-институтот од 1955 година, е најважното признание на странската културна политика на Федералната Република Германија. Од неговото институирање, медалот е доделен на повеќе од триста одбраници од 70 земји, вклучувајќи и многу престижни имиња од светот на уметноста, литературата и науката. Изборот на Гешоска како добитник на медалот Гете е доказ за нејзината немерлива силна визија и континуирана работа на унапредување на културните размени и чување на независниот културен идентитет во регионот и пошироко. Во ова светло, Искра инсистира - доделувањето на медалот не е само признание за нејзината работа, туку и за оние коишто се залагаат за промени низ уметноста и културата во опкружувања што често се спротивставуваат на слободниот израз и креативност. Сепак таа инсистира, дека медалот не и́ припаѓа исклучива на нејзе, дека без македонската култура и уметниците и културните работници кои ја сочинуваат заедницата, кои се месото и духот, јадрото на македонската култура, во и за која работи. Ова инсистирање само го запечатува она што е ионака очигледно: признанието не само што е заслужено, туку можеби и го надминува во сфери повисоки и поголеми од одликувањата и се само интерпункциски оддишки во многу побитна приказна. Сепак, кога сме кај приказните - во име на цементирање на наративот на македонската култура (како строг непобитен архивар), но и наративите и приказните на жените кои се најчесто изоставани од историите па дури и од анегдотите како рамноправни чинители - Гешоска колку и да сака да зачекори во својата навика да дава, и да ја сподели заслугата со своите колеги, своето пошироко семејство: треба и мора одважно и гордо да ја прифати како своја - и со тој чин ќе утврди една многу важна историја, валидација на историја, која нашироко се верува дека е резервирана на дипломатските маси за преговори. На посебна, важна култура, со свои посебности, и со тоа има право да бара и да сонува за повеќе. Во добро друштво Доколку на момент застанеме и го разрешиме убедувањето дека „престижно друштво“ и „елита“ не е категорија која е морално сомнителна, туку таа позиција е заработена, со макотрпна работа, визионерство, талент, и често одрекувања, дури и казнувања, клуб чија влезница некогаш се наплаќа и со животот, тогаш ќе дозволиме без грижа на совест да се гордееме со статусот кој го стекна Гешоска. Меѓу впечатливата листа на добитници на медалот Гете, неколку имиња се врежани во колективната свест со својот глобален углед и придонес. - Светлана Алексиевич белоруска новинарка и нобеловка за литература, беше одликувана со Гете медалата во признание на нејзината длабока посветеност на раскажувањето на приказните на обични луѓе заплеткани во вихорот на големите историски настани. - Давид Гросман, израелски писател, е уште еден лауреат, чии дела, преведени на над дваесетина јазици, подлабоко ги истражуваат темите на љубовта, тагата и политичката поделбеност, нудејќи пријателска рака над границите на суштествувањето. -Амартија Кумар Сен индиски економист и Нобелов лауреат, ја доби медалата за неговото тело на работа што ги разгледува идеите на правдата, економската нееднаквост и демократијата. Неговиот придонес трансцендира академските кругови, пружајќи прониклив увид во начините на кои културата и развојот се пресекуваат. - Пина Бауш, германска танчерка и хореографка, чиј иновативен работен стил и перформативна изразност ги отворила вратите за нови форми на изразување во танцот, се смета за пионер во современиот танц. Нејзиното влијание продолжува да инспирира танчери и хореографи низ целиот свет. Познати лауреати на медалјата Гете од Балканот и нивното културно наследство Меѓу добитниците на медалот Гете, се издвојуваат и неколку забележителни личности од поранешната Југославија и Балканот, чии придонеси во културата и науката ги прејдоа границите на нивните татковини. Една од таквите личности е Перо Слијепчевиќ, професор и литературен критичар од Хрватска. Како добитник на Гете медалот, на Слијепчевиќ му беше оддадено признание за неговите визионерски трудови во преведувањето и проучувањето на германската книжевност во Југославија. Зденко Шкреб, истакнат хрватски германист, тероетичар на книжевноста и универзитетски професор, исто така беше добитник на медалјата Гете. Неговите објави и истражувања во областа на германската книжевност и филозофија значително придонесоа кон разбирањето и споделувањето на германската култура во широк круг на читатели, академици, студенти во поранешна Југославија. Вредно е уште да се споменат и придонесите на Камила Луцерна, која како учена од Австрија се смета за значаен мост меѓу германската и јужнословенските култури. Нејзините дела и активности како преведувач и културен посредник, значајно придонесоа кон културното поврзување и размена. Овие лауреати на медалот Гете од поранешна Југославија и Балканот ја симболизираат важноста на меѓукултурниот дијалог и размена. Нивните трудови и ангажмани не само што го надминуваат јазичното и културното различност, туку и продолжуваат да инспирираат нови генерации на уметници, културни делувачи и научници, коишто градат мостови на разбирање и заедничките вредности меѓу различните култури и народи по цел свет. Нивните достигнувања сведочат за бескрајните можности на културната кооперација и моќта на книжевноста и уметноста да ги надминат границите и да ги поврзат луѓето. И покрај многубројните аргументи кои често ме искушувале токму по ова прашање, сепак, единственото нешто во кое верувам е заедницата на споделени идеи, визии, акции, реакции и креативни конфронтации. Верувам во политиките на споделеност и органско заедништво кое создава простори на постојано еманципирање низ критичко (себе)преиспитување. Верувам дека општествените динамики можат да бидат поттикнувачки и отворени само преку слободната размена на храбри индивидуи, кои успеваат да ја сочуваат својата автономија здружувајќи се и создавајќи силни и вибрантни платформи на солидарност и на единство на различностите. А најмногу верувам во тоа дека никој не може сам да чекори по патот ниту пак дека може сам да создаде каквао било вредносно јадро. Токму затоа, без двоумење, велам дека ова признание не е за мене, туку за сите нас. За сите кои заеднички сме чекореле низ предизвикувачките социо-културни Сцили и Харибди, без да ставиме восок во ушите. Јас не сум ништо без сите вас. И токму затоа, ви благодарам за сите заеднички битки, за сите заеднички приказни, за сите заеднички исчекори и обиди да направиме разлика, да не се втолпиме, и постојано да бидеме будни и спремни да се спротиставиме на секој кој ќе посегне и ќе сака да ја загрози автономијата во општеството, во културата, во естетските и етичките хоризонти. Гете медалот за 2024 година го доби Македонија. Тој ни припаѓа на сите. - Искра Гешоска. Церемонијата за доделување на медалите ќе се одржи на 28 август, на роденденот на Гете, во Вајмар, во соработка со кунстшествената фестивалот во Вајмар. Овој настан нe само што слави постигнувањата на овогодинешните добитници на медалот, туку и нуди мост за културна соработка и дијалог меѓу различни културни и уметнички сцени од целиот свет.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home




