top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • RZA, RZA, __rza

    Летото во1976-та. Мало дете кое само што се врати од Северна Каролина на улиците на Статен Ајленд. Имаше маалска журка која беше организирана од локален диџеј мислам DJ Quincy. Диџејот ја собра струјата од уличните ламби ја уштека на неговиот систем и пушташе музика. Иако бев дете кое не требаше да биде таму - беше време за спиење - сепак бев таму. Музиката, трнтејблизмот - како ги вртеше плочите и скречуваше напред-назад, типот на микрофон рецитираше стихови, DJ Punch. Веднаш се заљубив. Мора да бев седум години. Се сеќавам дека типот на стиховите рече „“Dip, dip, dive/so socialized/you clean out your ears and you open your eyes.” ( „Потопи се, потопи, загњури/социјализиран/ исчисти си ги ушите и отвори ги очите“) Кога ќе ги погледнеш токму овие зборови, навистина има многу смисла. Тоа беше годината која што ми го смени животот. Останав во Њујорк тоа лето и после се вративме доле на Југот. Морав да се вратам во Њујорк 1977-та, и од тогаш останав овде. Мојот братучед, the GZA, кој живееше на Стетен Ајленд во тоа време имаше роднини во Квинс и во Бронкс. Soundview Projects од Бронкс беа едни од темелните проекти на хип-хопот. Затоа што беше неколку години постар од мене the GZA ме носеше во Бронкс затоа што Soundview Projectѕ беше она што ни даваше најмногу инспирација. И секако Јамајка, Квинс. На 11 години ти си веќе речиси возрасен кога си во ситуација на сиромаштија. Зборувам за одење од Парк Хил, Стетен Ајленд до Вилсон станицата во Бушвик на Ел(*кратенка од elevated) возот и тоа го правев секое утро. Тоа едноставно беше њујоршко живеење. GZA веќе беше МС и јас ќе рецитирав што и да кажеше, го копирав. Кога бев 9 години го напишав својот прв стих. Седев во школо и пишував стихови по цел ден. Така ми функционираше мозокот. Пред Sugarhill Gang да имаат трака на радио, се́ што имавме беа касети. COLD CRUSH наспроти Fantastic Freaks, Cold Crush наспроти Force M.C.s, Busy Bee наспроти Kool Moe Dee. Тие касети, тие Harlem World касети, тие Бронкс касети кои циркулираа низ маалата, тие беа нашите учители. Но кога ги слушнав на радио бев убеден дека еден ден мојот глас ќе биде на радио. Јас, O.D.B. и GZA, ние го бркавме тој сон. Патувавме низ Њујорк, користејќи ја секоја можност за да покажеме дека имаме талент. Ние имавме лоши договори. Првиот договор - драго ми е што не го потпишав. GZA и Ol’ Dirty го потпишаа - веројатно бевме 15, 16 години и не функционираше. Мојот прв договор секако беше со Tommy Boy кога бев 19 години и тој исто така не функционираше. Чувстував дека бев напуштен од издавачката куќа. И мислев најдобар начин за нас беше да тераме сами. Ја формирав мојата сопствена компанија прв, Wu-Tang Productions и почнав да продавам плочи од багажникот. И кога Loud дозна за нас, и ни понуди договор му реков „Па не. Не можам секој од членовите на екипата да ги врзам за една локација. Оваа екипа стана голема и моравме да ги рашириме крилјата. Моравме да го земеме нашиот талент и да го рашириме низ индустријата.“ Ми изгледаше дека ќе биде невозможно сета оваа енергија да излезе низ само една чешма. “Ма не, ми требаат повеќе чепови.“ Мислев дека хип-хопот ги губи своите корени. И знаев дека јас, GZA, Ol’ Dirty, Method Man, Ghost, сме пуританци. Мојот план беше да се инфилтрираме во индустријата. Чистотата на културата веќе го губеше својот пат во 90-те и мислев дека треба да влеземе во арената но и да ја рашириме насекаде. Може да замислиш дека пред нас во 60-те и 70-те го имаше Elijah Muhammad кој издигнуваше храмови низ целата земја. Или Marcus Garvey кој ни ја даде идејата дека ние како Црни мажи и жени мора да застанеме и бидеме благородни и да си ги поставиме своите знамиња. Овој тип на размисли ми се мотаа низ глава како претприемач и како уметник. Пред да влеземе во индустријата ние секогаш мислевме дека таа чистота ја имаа Eric B. & Rakim, KRS-One, Run-DMC, Big Daddy Kane, LL Cool J - имаше еден момент во хип-хопот, помеѓу 1985 и 1988-та кој беше едноставно моќен, влијателен и се́ уште чист. И потоа во 89, 90, 91-ва почна да се разводнува. Па кога ние влеговме, чувствувавме дека повторно донесове чистота, и дека нашите современици исто така: Biggie Smalls, Nas, Mobb Deep, Busta Rhymes, Outkast. На нашите први настапи Outkast и Wu-Tang, се појавувавме во Чикаго. Веројатно Ice Cube беше хедлајнерот а ние бевме предгрупата. И неколку од нашие андерграунд колеги кои никогаш не стигнаа до топ листите како Brand Nubian, секако , De La Soul, Duck Down. Хип-хопот е спорт. Сега затоа што Wu-Tang се секако група од девет M.C.-ја и егоистични иако тие беа нашите колеги мислевме дека сме најдобри. Мислевме дека никој не може да ги победи Wu-Tang. Tоа е духот на Wu-Tang. Кога дојдовме на број 1 месото на листите летото во 1997, ги победивме кантри и рок артистите, и бевме „Ау, успеавме“ И кул работата во целата ситуација беше што го направивме тоа без да бидеме поп. Не е дека доспеавме во Топ 40. Беше самата култура, патот кој го одевме. Љубовно писмо на хип-хопот (плејлиста) :

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Лајбах е враќање на акцијата во име на идејата, враќање на емоцијата во име на умот, Лајбах е враќање на акцијата во име на идејата, враќање на емоцијата во име на умот, laibach-ana-chushkova

    Јули, 2023; Скопје-Љубљана. Лајбах ( Laibach ), словенечкиот бенд познат по својата провокативна и експериментална музика од своето формирање во 1980-тите години, стана непресушен извор на контроверзии и се постави себеси како еден од најзначајните бендови на индустриската музика. Со своите текстови и музички аранжмани(од амбиентална музика до кантри), Лајбах истражуваат политички и културолошки релевантни теми, со поместување на границите и играње со стереотипите Имајќи го сето ова во предвид: станува јасно дека можеби составувањето на прашања, кои во најмала мерка би биле барем доволно свежи, на бенд кој работи 4 децении и има глобална кариера, би било сложено и тешко да се изведе... Но набргу станува јасно дека грижата е сосема неосновано од неколку причини. Едната е: и после четири децении светски позната кариера, Лајбах се чини дека треба одново и одново да ги објаснуваат своите позиции посебно онаа во однос на наци-идеологијата. Иконографијата која ги поврзува со таа идеологија и нејзиното пласирање на буквалистички начин, со што ја оставаат сосема гола. Од каде доаѓа тоа одрекување и недостатокот на било каква волја да се види логиката позади естетиката која ја користи Лајбах - можеби затоа што оние кои ги слушаат на некое ниво се поврзуваат и заљубуваат во она што го гледаат и слушаат без да си дадат шанса да остават простор за премислување. И токму затоа што четири децении подоцна, одговорот на ова прашање не може никако да се стави како разрешено, сите прашања кон Лајбах се „оправдани“ ако не за новите генерации (изверзирани за сурфање по интернет и вадење на информации кои и искусни архивари или библиотекари би ги заплашиле), ако не за нивните фанови кои само минатата година се гостеа со три нови изданија, тогаш за сите помеѓу кои можеби ќе се сретнат со нив. А утре(7.07.) Авалон во склоп на еднодневниот фестивал Skopje Calling, ги носи Лајбах (заедно со Нина Кравиц, Констракта и Земља грува, Буч Кесиди, и Nipplepeople) и голема е веројатноста дека ќе имаат свежи очи и уши пред нив… ДИВА МИСЛА: Ги пишувам овие прашања во очекување на Лајбах во Скопје ( но по прв пат во Северна Македонија ). Лајбах издаде ЕП/саундтрак минатиот јануари и два албуми во период од 12 месеци. Слованија е во пламен, која е во децениски долга глобална динамика и тензија, излегуваме од пандемија, вирусот ја замолчи па ја потресе осамената сина планета (а може и само воздивна и одмори), а локално (на Балканот) никогаш нема недостаток од вести за некоја пропаст во најава. Го храни ли Лајбах човештвото на дело, неговите тектонски придвижувања или уметничкиот процес е сосема поинаков и далеку од вревата? Дали ќе го имавме овој обем на музичка продукција да немавме пар апокалиптични години како што имавме? ЛАЈБАХ: На апокалипсите и катадневните вреви им нема крај но нашиот процес на работа е всушност ист како и секогаш и можеби најлесен начин да се одговори на ова прашање е со тоа да се вратиме на некои од првобитните позиции дефинирани во нашиот Манифест (Конвенција од 10 точки) во 1982 година: ЛАЈБАХ го анализира односот помеѓу идеологијата и културата во доцниот период, презентиран низ уметноста. Напнатоста помеѓу нив и постоечките дисхармонии ( социјални немири, индивидуални фрустрации, идеолошки спротивставености ) ЛАЈБАХ ги сублимира и со тоаја елиминира целата директна идеолошка и системска дискурзивност.(...) Секоја ументост е подложна на политичка манипулација, освен онаа која зборува со јазикот на истата таа манипулација. Да се зборува со политички јазик значи да се разоткрие и признае сеприсутноста на политката.(...) Идеологијата го завзема местото на автентичните облици на општествената свест. Во модерното општество со признавањето на тој факт, субјектот застанува на позиција на политички (политизиран) субјект. Лајбах го разоткрива и изразува спојот на политиката и идеологија со индустриска продукција и непремостивиот јаз помеѓу тој спој и дух.(...) ЛАЈБАХ во својата работа го презема организациониот систем на работа на индустриско производство и идентификување со идеологија.(...)што значи: не говори индивидуата, говори организацијата.(....) ЛАЈБАХ практикува провокација на револтираноста на отуѓената свест ( која нужно мора да бара противник) и ги здружува протагонистите и антагонистите во израз на врева на статичен тоталитаризам. Кинотеката на Северна Македонија ја отвараат јулската ревија на скандинавски филмови со Liberation Day. Се чинеше дека се шегувате во филмот кога најавивте настап во Техеран, но изгледа дека сепак ќе одите во Иран. Што добивате кога настапувате во најозлогласените авторитативни системи на светот ( ова е кажано со потполно разбирање на човечноста и контекстите на споемнатите култури и луѓе )? - Добиваме прочистена рефлексија на тоталитаризам во огледало, без непотребни украси со кои се камуфлираат т.н. Демократско-неолиберални парадигми на западниот, односно „слободниот“ свет. Дали некогаш сте изненадени кога одредени вести ќе се појават на вашите, на нашите екрани? - Не смееме да заборавиме дека историјата на светот е всушност историјата на војните и катаклизмите, со повремените периоди на мир. Значи, војна и мир. Истото важи и денес, само што поради глобалната меѓусобно поврзана светска свест, и едното и другото се случува во исто време, на микро и макто ниво. Војната е мир и мирот е војна. Затоа, навистина не би требало да има некои значајни изненадувања на екраните кои се хранат со спектакли. Единствено може да не́ изненади изненадувањето само, доколку ни се случи. „Без Југославија Лајбах е сирак.“(цитат од „Денот на ослободувањето“) - И покрај фактот што носталгијата е меч со две острици, таа истовремено предизвикува чувство на удобност и копнеж за минатото, но овие чувства ја заматуваат комплексноста на историските реалности. Како Лајбах се движи низ оваа тензија и каква перспектива има за југоносталгијата? - Лајбах е сираче по своја сопствена одлука, па ние не одгледуваме никаква носталгија за Југославија, само сме носталгични по самата таа носталгија. Југославија инаку беше елоквентна творба која по многу тоа, го антиципираше она што денес се случува во Европа. Освен тоа, како држава и идеологија беше релативно безбедно засолниште за збратимените, но меѓусебно вечно раскарани балкански племиња. Денес новонастаните држави на територијата на поранешното „Братство и Единство“ се пред се́ евтина дребулија на меѓународните политички интереси и експлоататорски ловишта на локалните мафијашки кумови. Ние сме можеби отворено сентиментални кон овој некогашен заеднички простор па затоа му посакуваме многу среќа и успех во соживотот. Но, не сме премногу оптимистични дека тоа навистина и ќе се случи. „Кога гледам уметничко дело, се прашувам: дали ме инспирира, дали ме допира и придвижува, дали учам нешто од него, дали ме изненадува или воодушевува - дали се возбудувам, вознемирувам? Дали е ова тест што мора да го помине секое уметничко дело: дали може да создаде емоционално влијание врз некоја личност дури и ако нема никакво образование или теоретско знаење за уметноста? Отсекогаш сум имал проблем со уметноста што само некој го има диплома по историја на уметност може да разбере, а јас имам проблем со теориите. Во секој случај, повеќето од нив се глупости.“ Ова е цитат од Готфрид Хелнвејн ( Gottfried Helnwein ) уметникот чие дело го гледаме на насловната страница на албумот Wir sind das volk . Дали некогаш сте се надевале дека ќе ги поттикнете или испровоцирате споменатите чувства, особено знаејќи дека Лајбах е можеби најтеоретизираниот бенд, што не е изненадување ако се знае дека е нурнат во историјата, во коментирањето на тоталитаризмот, идеологијата, државата... Или нема елемент на предумисла кога работите? - Размислувањето на Хелнвејн многу е конзервативно и традиционалистичко, но во тоа нема ништо лошо, тој е конзервативен уметник кој исклучително се потпира на критериумите на сопствениот вкус и го проценува делото низ сопствената перцепција. Како таков, тој е типичен претставник и заговорник на т.н. ретинална уметност односно перцепција. Ретиналната уметност се однесува на уметност која е исклучиво работена за окото (и за душата), а не за умот, додека концептуалната уметност е онаа која првенствено кореспондира со умот. Лајбах е, спознание на универзалноста на контрадикцијата. Тоа е откритие на отстуство на рамнотежа помеѓу сексот и љубовта, помеѓу препуштеноста и активноста. Ги користиме сите сознанија на историјата да ја означиме оваа нерамнотежа. Таа љубов е безгранична; бог има едно лице, ѓаволот бесконечно многу. Лајбах е враќањето на акцијата во име на идејата, враќањето на емоцијата во име на умот. Карти за Skopje Calling можете да купите овде и овде. Повеќе за настанот: на ФБ. разговараше со Лајбах: Ана Чушкова; Фото-манипулации: Milk of dreams;

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page