Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Низ цела Македонија хомофобични плакати и налепници на албански и македонски, Низ цела Македонија хомофобични плакати и налепници на албански и македонски, низ-цела-македонија-хомофобични-плакати-и-налепници-на-албански-и-македонски
Од Тетово до Струмица во пресрет на парадата на гордоста, очигледно оркестрирано и - анонимно, залепени се нелегални хомофобични плакати по јавните простори. Модус операнди е идентичен со оној на групата која го води профилот „Преземи одговорност“ - анонимно хушкање. Тука е и сајтот кој го водат zadecata.org кој е отворен од Флорида, САД: тие ги повторуваат поентите на американските познати фанатици како Мет Волш, кои се продукт на фундаменталистички лоби групи. Не на религиски чувства, не на морални и етички принципи - туку на работна задача. Со овие акции ги ставаат во опасност не само илјадници припадници на ЛГБТКИ+ заедницата, туку и на нивните сојузници, пријатели, и членови на семејствата кои вообичаено се придружуваат на оваа парада, но и на обезбедувањето - МВР. Плакатите во Тетово, Скопје и Кичево велат: ПРОТИВ ДЕГЕНЕРАЦИЈА! # Брани ги вредностите # Заштити го семејството ЈАВЕН ОГЛАС Во наредните денови се очекува „Заедницата на дегенерација“ да го направи своето дефиле. Со Алахова дозвола ве известуваме дека на 24 јуни ќе имаме протести во градот Скопје против оваа дегенерација против оние што ги засегаат нашите вредности, и нашите семејства. Обединети, заедно за една цел! Заштитете ги вашите вредности, заштитете го вашето семејство! Ја очекуваме вашата поддршка! ИСЛАМСКИ ОДРЕДБИ ДАТУМ: 24.06.2023 ВРЕМЕ: 11:00 часот МЕСТО: „ПЛОШТАД СКЕНДЕРБЕГ “ - СКОПЈЕ МПЦ рака под рака со мистериозните „Преземи одговорност“ не останаа пократки... .
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дали сте заљубени или станува збор за лимеренција?, Дали сте заљубени или станува збор за лимеренција?, дали-се-заљубени-или-станува-збор-за-лимеренција
Лимеренција. Илустрација: Хелен Бланк За повеќето луѓе затрескувањата доаѓаат и си одат. Но за други, копнежот може да трае со години и да стане зависност. Искра на заинтересираност станува опсесивна руминација што го одржува овој погубен коктел на надеж и сомнеж. Тоа не е затрескување. Тоа е лимеренција. Лимеренција е состојба на преплавувачки и неочекуван копнеж за емотивен реципроцитет од друг човек познат како лимерентен објект (ЛО), кој е често доживуван како совршен но недостапен. Ова може да наликува на текст на песна од Тејлор Свифт, сцена на „Големиот Гетсби“ или стихови на сонета на Шекспир. Искуството на лимеренција е безвременско но терминот е релативно нов. Во 1979, Дороти Тенов, експериментален психолог и професорка на Универзитетот на Бриџерпорт, го состави терминот „лимеренција“ во нејзината книга „Љубов и лимеренција: Искуството на заљубеност“ засновано на деценија на истражување и неколку стотини студии на тема романтична приврзаност. Она што ја разликува лимеренцијата од затресканост, или љубов е интензитетот, емотивен тобоган кој варира од еуфорија до очај. Џулија Поеиро, психолог и истражувач со ум склон кон лутање, кој работел во Универзитетот на Сасекс во Англија рече „Било кој знак на отфрлање може да придонесе некој да го удри дното, и секој знак на интерес може да придонесе некој да се вивне во височините. Тоа е бесконечна игра на „Ме сака - не ме сака.“ Лимерентите, длабоко исплашени од одбивање, дозволуваат нивната само-почит да почива во рацете на ЛО кои можеби не се ни свесни дека постојат. ЛО најчесто е пријател, колега, или странец кој е сретнат на минување. Тоа, исто така, може да биде некој со кого сте имале кратка романтична средба која делува неразрешена, објаснува Др.Поеиро, посебно доколку ЛО продолжува да остава трошки позади себе. Су Крамп, 67 годишна волонтерка во хуманитарна продавница, за ментално здравје, во Шефилд, Англија, рече дека 18 месеци опсесивно гледала ЈуТјуб видеа во кои бил нејзиниот ЛО - многу помлад, оженет пеач кој таа го сретнала на кратко, само неколку пати. „Фантазирав за врска со него, и давав значење на СМС-и и онлајн пораки кои тој ги прати како одговор на моите. Таа се обрати на група за поддршка на Фејсбук брзо откако изолацијата поради карантинот за време на пандемијата само го зголеми копнежот. „Тоа ме натера да сфатам дека не сум сама, и дека не збудалувам.“- рече Крамп. Лимеренцијата се храни преку репродукција на спомени и вежбање на идните интеракции. „Има прилично интензивно ментално патување низ времето“, рече д-р Поерио, кој побара од испитаниците да напишат описи на овие фантазии. „Тие често не се романтични или сексуални по природа. Во голема мера тие копнеат да се чувствуваат сакани и згрижени“. Крис Грегори (53), овластен инструктор по јога во Денвер, се сеќава дека за прв пат ја доживеал лимеренцијата во средно училиште. „ Ќе се затрескав лудо и опсесивно, но потоа не би се додворувал. И конечно ќе бев сомелен затоа што не реагираа на начинот на кој сцената се одвиваше во мојата глава и срце. Се чувствував недостоен“, рече тој. Грегори продолжил да искусува незадоволство во текот на неговиот возрасен живот, рече тој, но го помешал со чувство на љубов. Лимернцијата која е насочена кон една личност може да трае многу години, дури и додека сте во врска со некој друг, објаснува д-р Поерио. Како и да е, повеќето луѓе се сериски незапирливи, имаат еден ЛО по друг, заглавени , бркајќи го истиот допамин што го чувствуваат во почетните фази на љубовта. Циклусот на награда на мозокот д-р Џадсон Бруер, психијатар, невролог и автор на „Размотувајќи ја анксиозноста“, ја опишува лимеренцијата како зависност. „Кога некој е на диета, опседнат е со храната. Така, можете да го замислите ова како диета на личности“, рече д-р Бруер. „Тие се заглавуваат во фантазиите кои се ориентирани кон иднината и жалат што се ориентирани кон минатото“. Ако тригерот е осаменоста или здодевноста, на пример, како резултат на однесувањето се предвидува реципроцитет од ЛO, додаде д-р Бруер. Тој реципроцитет никогаш не доаѓа, но самото исчекување ја дава наградата, допаминот. Д-р Бруер додаде: „Допаминот е гориво за авиони. Тоа е она што нè мотивира да направиме нешто“ - дури и ако правењето нешто значи само исчекување. Неизвесноста, или наизменичното засилување, со повремената комуникација од ЛO го држи нашиот мозок навлечен. „Тоа е бензин истурен на огнот“, рече д-р Бруер. Почнуваме да ја гледаме анксиозноста како возбуда и возбудата како радост. Културата како катализатор Има се поголем број наонлајн групи за поддршка и информативни блогови. Психолозите и социјалните научници не се изненадени. Александра Соломон, лиценциран клинички психолог во Чикаго и водителка на поткастот „Премислување на љубовта„ вели: „Овде има цел културен елемент за начинот на кој онлајн запознавањето и културата на мување создаваат клима на ниска одговорност и поттикнуваат несигурна приврзаност. Има еден вид колективна несигурност“. Истражување за американските перспективи откриле дека речиси една третина од соло Американците (приближно во еднаква мера помеѓу меѓу мажите и жените) биле изложени на „гоустинг“ (кога некој со кого сте во контакт без образложение ќе го снема и ќе ја прекине комуникацијата) од некој со кој се забавувале. Недостатокот на комуникација вообичаен после физичката интимност е доволен за да натера многу луѓе да се чувствуваат анксиозни , ако не и лимерентни. Со опциите кои се толку бројни, што изгледаат бесконечни, луѓето делуваат како да се потрошни. Да бидете подложен на „гоустинг“ може да создаде постојано отворен таб во вашиот мозок. „Лесно е да се чувствувате како да немате обврска да го притинснете икс-от“, рече д-р Соломон. „Можете да почнете да проектирате на таа личност цел куп на „што ако“ претпоставки. Лесно е да се идеализира некој што штотуку сте го запознале“. Додека луѓето кои се соочуваат со лимеренција често го ставаат својот ЛO на пиедестал, социјалните медиуми дополнително ја поттикнуваат идеализацијата. Поединците кои ги разменуваат профилите на Инстаграм во кафулиња веднаш имаат пристап до повеќегодишни курирани податоци што можат да ги користат за да ја издигнат другата личност во нивните умови, објаснува проф.Џенифер Даглас, психолог и клинички професор на Стенфорд. Кога настанува проблем? Повеќето луѓе искусуваат одреден степен на лимеренција, рече д-р Поерио, но тоа е проблематично кога е неконтролирано. Д-р Поерио ја користи аналогијата на личност чиј ум е киднапиран. „Тоа и́ пречи на вашата способност да имате значајни, реални односи бидејќи одржувате романтична врска во вашиот ум. Тоа е нормален процес кој тргна по зло“. Винсент Харис (49), писател од Гринвил, Јужна Каролина, вели дека го изгуби својот прв брак и работа откако го запозна својот најнов лимерент преку социјалните мрежи за време на пандемијата. „Три години се чувствував како да живеам под облак. Немав друга мотивација освен да се слушнам со неа“, рече Харис. „Бев парализиран од страв дека доколку се обидам да ја исконтактирам, ќе кажам погрешна работа. Како што таа го намалуваше контактот со мене, јас станував поочаен и неурамнотежен“. Во мај 2023 година, тој беше медицински лекуван за вториот нервен слом. Како да престанете со интензивниот копнеж? Култивирајте сочувство за себе и понаменски живот: Д-р Бруер препорачува да вежбате со љубовна љубезност медитација за да се развие самосочувство и да се создадат врски со другите кои не бараат ништо за возврат. Скенирањето на мозокот покажува дека практикувањето на оваа медитација го деактивира делот од мозокот кој е активен за време на копнеж или грижа, според д-р Бруер. Можете исто така да се вклучите во активности кои ќе ве приземјат со луѓе кои ви носат радост и исполнетост. За г. Г. вежбајќи присутност му помогна со лимеренцијата Тој и́ припишува на работата во образованието за јога и трезниот живот со тоа што му помага да негува искрени, отворени односи со луѓето. Наруши ја фантазијата:Бренди Вајант, психотерапевт од Арлингтон, Масачусетс, која е специјализирана за помагање на пациенти со опсесивно-компулсивни нарушувања, ја опишува нејзината животна историја со лимеренција и десетнеделниот третман што го намали нејзиното опсесивно премислување во објавена студија на случај на лимеренција. Една од техниките за когнитивна бихејвиорална терапија која функционираше за г-ѓа Вајант ги наведуваше сите начини на кои таа се обидува да бара физичка или емоционална блискост со нејзиниот ЛO. Тоа може да биде мечтаење, повторно слушање пораки на говорна пошта или плејлисти, препрочитување пораки, вежбање на пишување на пораки или гледање слики. Таа рече да се рангира она што е најлесно до најтешко да се запре, а потоа да започне со најлесното. Една стратегија што таа ја користи со своите клиенти за да го деидолизира нивниот ЛO е наведување на причините зошто ЛO не е совршен. Друга листа вклучува начини на кои ЛO и пациентот не се компатибилни. Именувајте го за да го контролирате:Можете намерно да ја прекинете навиката со тоа што ќе ја повикате - „Здраво, лимеренцијо!“ - и обрнувајќи внимание (на пример, преку пишување дневник) на тоа како се чувствувате кога сте во таа состојба на копнеж. Препознавањето на чувствата на самоомаловажување, анксиозност и депресија ќе доведе до разочарување, рече д-р Бруер. Исто така, треба да верувате дека заслужувате повеќе. Како што напиша д-р Тенов, „Лимеренцијата може да подразбира живеење на долг живот одржан со јадење на трошки“. Не дозволувајте да ве изгладнува од време, енергија и самодоверба. Тоа може да ви го одвлече вниманието од емотивно достапниот љубовен партнер пред вас. Аманда МекКрекен е хонорарна новинарка и есеистка која пишува книга за лимеренција врз основа на нејзиното истражување и лично искуство, за кои таа зборуваше во нејзиниот говор на TEDx.Колку копнежот не спречува да имаме здрави врски.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Експертите споделуваат пет совети за преземање (и исполнување) на обврски со кои ќе бидете среќни, Експертите споделуваат пет совети за преземање (и исполнување) на обврски со кои ќе бидете среќни, експертите-споделуваат-пет-совети-за-преземање-и-исполнување-на-обврски
Од Џенси Дан Се пријавив на „забавна трка“ пред три месеци. Сега настанот ме демне кога ќе го погледнам во мојот календар додека трчам низ изговори за да излезам од него. Сакам да бидам некој кој трча со километри со задоволство. Ама не сум. Зошто тогаш воопшто реков да? Како и другите луѓе, и јас се пријавувам да правам работи што всушност не сакам да ги правам. Излегува дека е полесно да се посветите на нешто за што сте амбивалентни - втората свадба која вклучува патување на дестинација, ноќ на отворен микрофон со вашите соработници - сè додека настанот се случува во иднина, рече Хал Хершфилд. професор по бихејвиористичко одлучување и психологија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес и автор на „Вашето идно јас“. Во своето истражување, д-р Хершфилд откри дека често се согласуваме на работи што не сакаме да ги правиме затоа што имаме тенденција да имаме аспиративна верзија на нашето „идно јас“ - сакаме да мислиме дека имаме повеќе време, интереси и великодушност отколку што всушност е случајот. Тогаш настанот се приближува, вистината се открива (сè уште сме истата личност) и заглавени сме со вкусот на зажалувањето. (Оваа тенденција исто така се нарекува и ефектот „Да... проклетство!“, што значи: „Да, ќе го направам тоа... Проклетство! Посакувам да не реков да“.) Тогаш, како да го запреме овој циклус? Експертите нудат некои стратегии за да зацртаме пореален распоред. Користете го вашиот тековен распоред како водич. Празниот роковник, вели д-р Хершфилд, нè мами „да мислиме дека иднината ќе биде некоја магична земја на слободното време“. Затоа, пред да се посветите на нешто кое е неколку месеци подоцна, проверете го вашиот моментален распоред. „Погледнете ги последните две недели од вашиот календар за да си дадете јасна претстава за тоа колку време обично имате во дадена недела. Ако работите се во брканица оваа недела, тие веројатно ќе бидат бурни и неделата на дебито на претстагвата на вашиот сосед во „Бригадун“. Замислете дека обврската е побргу отколку што реално е Ако некој настан е неколку месеци од сега, рече д-р Хершфилд, замислете дека ќе се случи следната недела или недела после нејзе. Дали би се обврзале? Ако одговорот е не, веројатно нема да биде повеќе примамлив за неколку месеци од сега, рече тој. Уште се мислиш? Искалкулирајте ја цената. Има некои настани, се разбира, кои се задолжителни и не треба да се прескокнуваат, како што е погреб или службено патување. Други може да будат страв, но имаат резултат. (За мене, еден таков настан е дарување крв.) Ако сте амбивалентни, пресметајте ја цената поставувајќи си неколку прашања, рече д-р Хершфилд. Може да истражите како кажувањето „да“ се вклопува во повисоки цели, како што се работење да станете физички во добра форма или да стекнете повеќе пријатели. Или, рече тој, може да се прашате дали нешто од кое се плашите е „она што треба да биде еднократен настан ќе доведе до други покани?“ Уште едно добро прашање: Дали доколку се појавам ќе биде низок влог за мене, додека пак ќе направи голема разлика за некој друг?“ Ако е така, тогаш маката можеби вреди. Вградете награда Ако имате проблем да кажете „не“ во име на вашето идно јас, испробајте ја „не-супер техниката“ смислена од Дилип Соман, научник за однесување на Универзитетот во Торонто. Кога д-р Соман ќе одбие настан што не сака да го направи - да речеме, да присуствува на конференција - тој го става во својот календар со белешка во која пишува: „Не се согласив да го направам тоа“. Подоцна, кога се релаксира во својот двор, „Ќе добијам известување од календарот што ме потсетува дека можев да сум на преполн аеродром обидувајќи се да се качам на лет назад дома“, рече д-р Соман, додавајќи дека „овој контраст помага да се зајакне мојата одлука да кажам не“. Разгалете го вашето идно јас. Доколку сте посветени на некој настан и знаете дека животот ќе стане зафатен или стресен, бидете фини кон себе практикувајќи „претходна грижа“. Тоа е она кое Недра Гловер Таваб, терапевт и автор на „Постави граници, најди мир“, го нарекува чинот на „создавање практики кои го намалуваат идниот стрес“. „Што можете да направите денес за да се подготвите за она што претстои? - рече Таваб. Тоа може да биде одвојување време да бидете сами со себе или зголемување на времето што го поминувате со пријателите, рече таа. Она што е уживање и негување е различно за секого, рече Таваб, но „треба да избегнувате сè што не ви изгледа прекрасно“. Ќе практикувам претходна грижа за моето не толку забавно трчање. Кога ќе се вратам дома од трката, ќе имам малку чоколадно тесто за колачиња во фрижидерот, подготвено за печење. Пријателствата меѓу генерациите „го потврдуваат животот“. Луѓето кои создале пријателства низ различни генерации откриваат дека постои неочекувана радост во поврзувањето со некој многу постар или помлад, кој може да ве отвори за нови искуства и свежи перспективи. Неколку „најдобри пријатели засекогаш“ со разлика од 40 или дури 50 години.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





