top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Пред климатизацијата, Пред климатизацијата, pred-klimatizer-artur-miler-njujork

    автор: Артур Милер; Точно која година беше, веќе не можам да се сетам – веројатно 1927 или ’28 – кога септември беше неверојатно топол, и жегата се задржа дури и откако почна школската година, и се вративме од нашиот бунгалов на Рокавеј плажата. Секој прозорец во Њујорк беше отворен, и на улиците продавачи со мали колички сечеа мраз и попрскуваа обоен шеќер врз топки од него за неколку пени. Ние децата, ќе скокневме на задните скали на бавно движечките вагони со мраз, влечени од коњи, и ќе украдевме по некое парче; мразот имаше неопределен мирис на лепешки но ги ладеше дланките и јазикот. Луѓето на улицата Вест 110-та, каде што живеев, беа помалку буржуи, за да седат на пожарните скали, но зад аголот на 111-та и понатаму накај центарот, душеците беа изнесувани кога доаѓаше ноќ, и цели семејства лежеа на тие железни балкони во нивната долна облека. Дури и во текот на ноќите, покривката на жегата не напукнуваше. Со неколку други деца, преминував од 110-тата до Паркот и шетавме меѓу стотиците луѓе, сами и со семејства, кои спиеја на тревата, покрај нивните големи будилници, кои произведуваа блага какофонија од секунди кои одминуваат, отчукувањето на еден часовник, синкопираше со отчукувањето на другиот. Бебиња плачеа во темницата, длабоките гласови на мажите мрмореа, и жена ќе испуштеше понекогаш продорно смеење, покрај езерото. Се сеќавам само на Белци распослани на тревата; Харлем тогаш почнуваше над 116-та улица. Подоцна, за време на Депресијата во триесеттите години, летата се чинеа уште поврели. На Западот, тоа беше време на црвеното сонце и бурите од прашина, кога цели исушени фарми се разронуваа и ги испраќаа Оките, на нивните очајни патувања кон Пацификот, кои ги овековечи Стајнбек. Пустошот оставен од Прашното Корито - исушени ниви и напуштени фарми. "Oките" (жители на Оклахома) кои беа принудени да се преселат. Мојот татко тогаш имаше мала фабрика за палта на 39-та улица, со околу десетина мажи кои работеа на машините за шиење. Самото гледање како ракуваат со дебели волнени зимски палта во таа жега за мене беше измачување. Секачите работеа на парче, плаќани според бројот на шевовите што ги завршуваа, така што нивната пауза за ручек беше кратка – петнаесет или дваесет минути. Носеа своја храна: гроздови ротквици, можеби домат, краставици, и тегла со густа кисела павлака, која ја ставаа во чинија што ја чуваа под машините. Исто така, се појавуваше мал леб од пумперникел, кој го раскинуваа и го користееа како лажица за да ги намакаат павлаката и зеленчукот. Мажите многу се потеа во тие мансарди, и се сеќавам на еден работник кој имаше необичен начин на капење. Беше мало типче, кој ја презираше ножицата, и, на крајот од шевот, го одгризуваше конецот наместо да го пресече, па така, нишките од еден инч му остануваа на долната усна, и до крајот на денот имаше шарена брада. Неговата пот се истураше врз врвовите на конецот и капеше врз ткаенината што постојано ја бришеше со партал. Имајќи ја во предвид жегата, луѓето мирисаа, секако, но некои мирисаа многу полошо од други. Еден секач во продавницата на мојот татко беше коњ во овој поглед, и мојот татко, кој нормално немаше чувство за мирис – никој не знаеше зошто – тврдеше дека може да го мириса овој човек и му се обраќаше само од далечина. За да направи колку што е можно повеќе пари, овој човек почнуваше со работа во пет и пол наутро и продолжуваше до полноќ. Имаше станови во Бронкс и земја во Флорида и Џерси, и изгледаше напола излуден од лакомост. Имаше моќна физичка структура, многу исправен рбет, сплеткана коса и црна сенка на образите. Шмркаше како коњ додека ја туркаше машината за сечење, следејќи ги своите обрасци низ некои осумнаесет слоеви на зимски материјал за палта. Доцна, едно попладне, силно трепна со очите против потта која гореше, додека го држеше материјалот со левата рака и со десната го притискаше вертикалното, остро како жилет, повратно сечило. Ножот му го пресече показалецот на вториот зглоб. Гневен одби да оди во болница, тој истури вода од чешма преку трупецот, ја завитка раката во крпа и веднаш продолжи да сече, шмрка и смрди. Кога крвта почна да се појавува низ намотаните слоеви на пешкирот, татко ми ја исклучи машината и му нареди да оди на болница. Но тој се врати следното утро, и работеше цел ден до вечерта, како обично, трупајќи ги своите станови. Тогаш сè уште имаше надземни возови, кои се движеа по Втората, Третата, Шестата и Деветтата авенија, а многу од вагоните беа дрвени, со прозорци што се отвораа. Бродвеј имаше отворени колички без странични ѕидови, во кои барем дуваше провев, иако беше жешко, така што очајните луѓе, неспособни да издржат во своите станови, едноставно плаќаа никел и се возеа бесцелно неколку часа за да се изладат. Што се однесува до Кони Ајленд за време на викендите, дел по дел од плажата стануваше толку преплавена со луѓе, што едвај беше можно да се најде простор за седење или за да се остави книгата или хот-догот. Мојот прв директен контакт со клима уред дојде дури во шеесеттите години, кога живеев во хотелот Челзи. Таканареченото раководство испрати машина на тркалца која прилично бесцелно го ладеше, а понекогаш и го загреваше воздухот, потпирајќи се, како што беше, на канчињата со вода што требаше да се истураат во неа. На почетното полнење, ќе испрскаше вода низ целата просторија, така што требаше да се насочи кон бањата наместо кон креветот. Еден јужноафрикански господин еднаш ми кажа дека Њујорк во август бил пожежок од кое било место што тој го знаел во Африка, но сепак луѓето овде се облекувале за некој северен град. Тој сакаше да носи шорцеви, но се плашеше дека ќе биде уапсен поради непристојно изложување. Високите жештини создаваат ирационални решенија: ленени костуми кои пропаѓаат во длабоки брчки кога некој ќе ја свитка раката или коленото, и машки сламени шапки вкочанети како мацови, кои, како некој вид тврд жолт цвет, годишно процветува низ целиот град на одредениот свет датум - 1-ви јуни или така нешто. Тие шапки копаа длабоки розови набори околу челата на мажите, а збрчканите костуми, кои наводно беа посвежи, мораа да се извлекуваат надолу, нагоре и странично, за да се направи простор за телото внатре. Градот во лето лебдеше во зашеметеност, и ги тераше инаку разумните луѓе бескрајно да го повторуваат безмозочниот поздрав „Доволно ти е жешко или.. да? Ха-ха!" Тоа беше како последната шега пред распаѓањето на светот во локва пот. ♦︎

  • ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН СЕ ПРВАТА КОНТРЕВОЛУЦИЈА ВОДЕНА ОД ЖЕНИТЕ, ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН СЕ ПРВАТА КОНТРЕВОЛУЦИЈА ВОДЕНА ОД ЖЕНИТЕ, протестите-во-иран-се-првата-контреволуција-водена-од-жените

    Од Робин Рајт , 9 октомври 2022 година Жените во Иран со недели храбро протестираат на улиците под слоганот „Жена живот слобода“. Девојките и жените од Иран се само проклето храбри, покажувајќи му среден прст на својот Врховен водач какопредизвик, во една од најзначајните револуции во модерната историја. Ден по опасен ден, на отворени улици и во затворени училишта, во поплава од твитови и дрски видеа, тие ја исмеваа теократијата која се смета за божја влада. Просечната возраст на демонстрантите кои се уапсени е само петнаесет години, изјави минатата недела заменик-командантот на Револуционерната гарда. Во тој процес, тие ја освоија имагинацијата на светот; Митинзи на сочувство се одржани од Лондон до Лос Анџелес, Сиднеј до Сеул и Токио до Тунис. Протестите во Иран можеби се првпат во историјата жените да бидат и искра и мотор во обид за контрареволуција. „Улогата што ја играат Иранките во моментов многу изгледа дека е без преседан“, ми рече Даниел Еделштајн, политиколог од Стенфорд и експерт за револуции. Една од ретките можни паралели беше улогата на париските жени poissonièr-и(рибарници), или работнички на пазарот, кои упаднаа во Версај за да го спречат кралот да се сврти против Националното собрание и да ја напукне новата Француска револуција, рече тој. Меѓутоа, во тој случај, „жените се обидуваа да ја спречат контрареволуцијата, не придонесувајќи за неа“. За време на Руската револуција, немирите за леб предводени од жените во Петроград одиграа клучна улога во колапсот на царската империја, ми кажува Ен О'Донел, руски историчар од Универзитетот во Њујорк. Но, протестите во Иран беа уникатни бидејќи, рече таа, „ова не е само пресврт што ги вклучува жените, тоа е пресврт за жените и слободата на жените, и тоа го прави многу посебен“. И покрај опасностите од апсење и смрт, иранските жени од различна етничка припадност се обединија на имагинативен начин. Искрата беше ненадејната смрт на Махса Амини, дваесет и двегодишна Курдка, откако беше испратена во центар за реедукација поради „несоодветна облека“ - премногу коса се гледаше од шамијата на главата - во Техеран. Таа заврши во кома на вентилатор и почина три дена подоцна, на 16 септември. Протестните скандирања за нејзината смрт брзо еволуираа во повици за соборување на режимот: „Смрт за диктаторот“ и „Нашиот срам е нашиот неспособен лидер“ и „Не ја сакаме Исламската Република“. Слоганот и хаштагот на протестите станаа #ЖенаЖивотСлобода. Во средата, видео кое беше нашироко споделено на социјалните мрежи, сними ученички во Техеран како се смеат со нивната смелост додека газат врз рамката на фотографијата на двајцата врховни лидери - ајатолахот Рухолах Хомеини и неговиот наследник, ајатолахот Али Хамнеи - кои владеат од Револуцијата во 1979 година против шахот. Тие ја искинаа фотографијата и радосно фрлаа парчиња во воздухот. Со грб кон камерата, девојките направија линија и ги извадија марамите. „Не дозволувајте стравот да влезе во вас, ние стоиме обединети“, извикуваа тие. Во повеќе твитови, други девојки беа фотографирани - одзади за да го сокријат својот идентитет - кревајќи ги средните прсти на сликите на двајцата врховни лидери. Во видеото минатата недела од Карај, ученички се собраа пред машки службеник, ги кинеа хиџабите и едногласно извикуваа: „Изгуби се“. Тие фрлаа празни шишиња со вода додека тој бегаше низ училишните порти. Во историскиот Исфахан минатата недела, три млади жени развиорија транспарент со големина на ќебе над мостот на автопатот. На него беше прикажана слика на жена со долга црна коса; тој предупреди: „Една од нас ќе биде следната“. Девојките потоа ги симнуваа марамите на главата и си заминаа; банерот остана. Во северозападниот дел на Санандај и јужниот дел на Шираз, младите жени маршираа по улиците - извикувајќи антивладини слогани и симнувајќи ги марамите на главата - и ги повикаа возачите да им се придружат. Многу автомобили можеа да се слушнат како тропаат во знак на поддршка. Други девојки и жени беа убиени или уапсени во текот на повеќе од три недели од протестите. Ника Шакарами, млада студентка по уметност, последен пат се слушнала на 20-ти септември, кога се јавила на пријателка и и кажала дека безбедносните сили ја бркаат по улицата. Десет дена подоцна, нејзиното семејство било повикано да го извлече нејзиното тело од притворскиот центар во Техеран. Лицето на Шакарами изгледаше претепано, изјави нејзината тетка за Би-Би-Си. Владата тврдеше дека таа починала откако паднала од покрив. Таа беше погребана - тајно, за да се избегне нова точка на протести - на нејзиниот седумнаесетти роденден. Погребите долго време беа клучни за политичката мобилизација во Иран. Во шиитскиот ислам, смртта повторно се одбележува четириесет дена подоцна, често предизвикувајќи емотивни поворки кои се претвораат во нови протести - и нови конфронтации со безбедносните сили, проследени со повеќе смртни случаи и продолжен циклус на демонстрации. Погребите го создадоа ритамот на иранската револуција во 1978 година, што го натера шахот да побегне во 1979 година. Пет дена по смртта на Махса Амини, Хадис Наџафи, дваесет и годишна ТикТок ентузијастка, сними видео порака за време на протест. „Се надевам дека за неколку години кога ќе погледнам наназад, ќе бидам среќна што сè се смени на подобро“, рече таа. Неколку часа подоцна била застрелана во главата. Сарина Есмаилзадех, шеснаесетгодишна видео-блогерка, неодамна објави: „Секогаш мислам, зошто морав да се родам во Иран?“ Таа наводно била претепана до смрт за време на митинг во Карај; Владата тврдеше дека и таа скокнала од покрив. Новите смртни случаи поттикнаа повеќе бес - и повеќе погреби. За да ги ограничат демонстрациите, властите дури и ги таргетираа жените кои некогаш беа челници на Револуцијата, вклучително и Фаезе Хашеми, поранешна пратеничка и ќерка на поранешниот претседател Хашеми Рафсанџани, која беше уапсена за „поттикнување немири“. Жените и девојките, исто така, ги сечат своите долги коси- и објавуваат видеа од тоа на социјалните мрежи - како акт на пркос. „Жените да си ја стрижат косата е древна персиска традиција која се наоѓа и во „Шахнамето“, твитна есеистката Шара Аташи со иранско потекло, осврнувајќи се на книжевното ремек дело напишано пред милениум од персискиот поет Фердуси. „Дојде моментот што го чекавме. Политика поттикната од поезијата“. Актерките Марион Котијар и Жулиет Бинош објавија фотографии како ја потстрижуваат косата во знак на поддршка на жените од Иран. На Инстаграм, Анџелина Џоли ги повика жените од Иран да продолжат. „Почит за храбрите, пркосни, бестрашни жени од Иран“, напиша таа. „Сите оние кои преживеаја и се спротивставија со децении, оние кои излегоа на улиците денес, и Маша Амини и сите млади Иранци како неа“. Баленсијага, модната куќа, на Твитер напиша: „Ние стоиме со сите Иранки, во спомен на Махса“ над црно-белата слика на која пишува „Слобода на животот на жената“ на англиски и фарси. Иранските револуционери го засадија семето на сопственото разоткривање. По Револуцијата, високото образование порасна затоа што конзервативните семејства мислеа дека исламскиот систем го штити моралот на девојчињата од изложување на западни или модернизирани обичаи. Женската писменост порасна - од под триесет проценти во 1976 година - на осумдесет проценти четири децении подоцна. Веќе повеќе од една деценија, мнозинството од иранските универзитетски студенти се жени, иако тие сè уште сочинуваат помалку од дваесет проценти од работната сила. „Сведоци сме на една помлада генерација на жени кои се образовани и поврзани со светот“, ми рече Хале Есфандијари, иранска Американка и поранешен директор на програмата за Блискиот Исток на Центарот Вилсон. Жените се исто така поистакнати и политички поактивни, имаат потпретседателство и неколку места во парламентот. Ширин Ебади ја доби Нобеловата награда за мир, во 2003 година, за одбрана на активисти за човекови права на суд, додека Самира Махмалбаф беше најмладата режисерка (на седумнаесет години) избрана за Канскиот филмски фестивал. Во 2016 година, разговарав со внуката на Хомеини, Захра Ешраги, активистка за правата на жените, мажена за братот на реформистичкиот поранешен претседател Мохамад Катами. На која и беше забрането да се кандидира за парламентот поради нејзините реформски ставови, таа се пожали дека владата страда од заблуди дека може да создаде еднообразно размислување и да ги елиминира предизвикувачите. Есфандијари размислува: „Иранките четири децении го чекаа овој момент кога ќе можат да ги преземат работите во свои раце“. Во 2017 година, младите жени започнаа движење со бели шалови. Тие се појавуваа на улиците - често поединечно - ги отстрануваа марамите и ги закачуваа на стапови, со кои мавтаа во јавноста. Неколкумина беа судени и осудени на петнаесет години затвор. Истото се случи и со нивните адвокатки, вклучувајќи ја и Насрин Сотудех. Протестите предизвикуваат две суштински теми на Револуцијата од 1979 година: хиџабот ја одразува нејзината идеологија и морален код, а одбивањето да се признаат Соединетите Држави е камен-темелник на надворешната политика на Исламската Република. Напуштањето на кој било извор на идентитет би го одразило неуспехот на Револуцијата. Протестите избувнаа во време на претстојната транзиција. Хамнеи, кој ова лето наполни осумдесет и три години, беше опериран од рак на простата во 2014 година. Минатата недела, висок европски дипломат ми кажа дека Хамнеи повторно се бори со ракот. Значи, влогот - во кревко време за иднината на Револуцијата - е огромен. Досега, режимот не успеа во својот одговор. Се јави тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси. Семејството на Амини да изрази сочувство и минатата недела јавно ги призна „слабостите и недостатоците“ во Исламската Република. Но, тој апелираше за единство „да го направиме нашиот непријател безнадежен“. Режимот, исто така, распореди безбедносни сили на универзитетските кампуси и мобилизираше свои контра-демонстрации на жени обвиени со црни чадор облека. Но, ништо досега не го спречи народниот бес. Во саботата, Раиси беше нападнат од студенти за време на говорот на женскиот универзитет Алзахра во Техеран. „Ние не сакаме корумпиран естаблишмент“, скандираа тие. „Не сакаме убиец како гостин. . . . Изгуби се." (Раиси беше во комисијата за смрт од четири лица која осуди околу пет илјади политички затвореници на смрт во 1988 година.) Во саботата, хакерите, исто така, го прекинаа говорот на Хамнеи на државната телевизија со повици за неговата смрт и слики од млади жени убиени во протестите . Во позадина се слушаше скандирањето „жена, живот, слобода“. Претходните протести во Иран згаснаа со текот на времето. Историското движење на зелените, кога милиони луѓе излегоа во сите триесет и една провинција за да ги осудат фалсификуваните претседателски избори во 2009 година, пропадна по седум месеци. Стотици беа осудени на сталинескни масовни судења. Режимот можеби сè уште има доволно сурови алатки и трупи за да ги задржи протестите. Но, утописките идеологии имаат тенденција да пропаѓаат кога сливот на фактори - политичко отуѓување, економски неволји, општествен гнев и природни катастрофи - ќе се совпаднат. Во 2021 година, мнозинството Иранци не се мачеа да гласаат на претседателските избори што го ставија Раиси на власт. Американските санкции ја намалија валутата на Техеран и го ограничија извозот на нафта, иако досега не е доволно за да го осакати режимот. Иран исто така беше раниот епицентар на пандемијата. Во првата година починаа речиси шеесет илјади луѓе. И сега девојките (поддржани од многу мажи, исто така) го најдоа својот глас - и го користат. Можеби нема да надвладеат, но првобитните револуционери се соочуваат со егзистенцијална закана. За Иран, #WomanLifeFreedom е пресвртница. ♦︎ извор: The New Yorker,

  • Наследството на Стоунвол: колкав прогрес е направен овие 40 години на ЛГБТКИ+ фронтот, Наследството на Стоунвол: колкав прогрес е направен овие 40 години на ЛГБТКИ+ фронтот, наследството-на-стоунвол-колкав-прогрес-е-направен-овие-40-години-на-лгбтки-фронтот

    Мајкл Бронски не бил во Стоунвол и не му пречи да го признае тоа, за разлика од многу членови на ЛГБТКИ+ заедницата на одредена возраст, кои, како што вели, инсистираат дека биле. Шегата е дека ако сите што тврдат дека учествувале во познатиот бунт во 1969 година во долниот дел на Менхетен што го катализираше движењето за геј права во Америка, всушност беа таму, толпата, вели Бронски низ смеа, „ќе го наполнеше стадионот Јенки“. За волја на вистината, толпата тој ден броеше околу 200, барем на почетокот. И тие не беа демонстранти, туку главно посетители на Stonewall Inn, популарен геј бар во Гринич Вилиџ. Проблемите започнаа кога полицијата пристигна во раните утрински часови на 28 јуни за да изврши рација во таверната управувана од мафијата поради лажното обвинение за лиценца за алкохол. Полицајците почнаа да ги туркаат клиентите и работниците во полициски возила. Но, наместо да се разотидат како што се случуваше за време на минатите рутински рации, оние што не беа грабнати почнаа да ги бодрат оние што беа приведени. Толпата набљудувачи се зголеми додека туристите и жителите на населбата застанаа да посматраат. Потоа, според повеќе сведочења, една лезбејка која се бореше додека ја носеа во полициска кола, извикала: „Зошто не направите нешто!“ Воздухот се згуснуваше со пеење - заедно со шишиња и цигли. Полицајците се забарикадираа во барот и се огласија со радио за да им помогнат додека се разгоре бунт. Повеќе насилни демонстрации го потресоа соседството во следните денови. Денес, Бронски, професор на Харвард за практиката во медиумите и активизмот во студиите за жените, родот и сексуалноста, разбира зошто толку многу тврдат дека биле присутни во таков клучен момент во историјата на движењето за правата на хомосексуалците. „Навистина беше како истрел што се слуша низ целиот свет или како пад на игла да се слушне низ целиот свет“, рече тој, шеговита пародија смислена инспирирана од строфата од „Concord Hymn“ на Стоунвол. Имаше и претходни немири во САД во кои беа вклучени хомосексуалци и лезбејки кои беа заситени од рутинските вознемирувања, но Стоунвол, кој избувна во време на протести за војната во Виетнам и граѓанските права и родовата еднаквост, означи решителен прекин на попасивната политика на сексуална ориентација во тоа време, рече Бронски, кој опширно пишуваше за ЛГБТК културата и историјата. „Тоа беше навистина директна акција. Тоа беше како радикалните феминистки да го напаѓаат натпреварот за Мис Америка, или Црните Пантери кога стоеја пред градското собрание на Оукленд со пушки“, рече тој, и тоа беше целосно спротивно на пристапот на групи како што е Mattachine Society, една од најстарите организации за правата на хомосексуалците, кои претпочитаа да вршат притисок за промени преку правни и политички канали. Недолго по рацијата на Стоунвол, на прозорецот на барот се појави порака во која се моли за враќање на „мирното и тивко однесување на улиците на селото“. Беше потпишан „Mattachine“. „Она што е толку неверојатно е што никогаш порано не би помислиле да направат нешто такво јавно“, рече Бронски. „Значи буквално преку ноќ, Mattachine е принуден да објави јавна објава во суштина со графити. За Бронски, Стоунвол претставуваше „шокантна промена на свеста за светот“. И како последица на тоа се појави Геј ослободителниот фронт, порадикална верзија на Друштвото Матакин, кој не се плаши да користи конфронтација за да ги поттикне реформите. Но, имаше и други организации кои помагаа да се поттикнат промените. Евелин Хамондс од Харвард, претседател на Катедрата за историја на науките, Барбара Гутман Розенкранц, професор по историја на науките и професор по афро-американски студии, рече дека во годините по Стоунвол приказната за поголема видливост за геј луѓето во Америка често се гледаше низ објективот на геј мажите. Таа перспектива, рече таа, превидува клучна врска. „Во времето на она што сега го нарекуваме Бунт на Стоунвол, она што исто така се случуваше беше вториот бран на женското движење. И додека имаше многу тензии во некои женски организации меѓу лезбејките и стрејт жените, имаше и големо единство, а луѓето се здружија околу заедничката желба за поголема еднаквост на жените и геј луѓето“, рече Хамондс. Поглед во историјата Иако нивните методи можеби не беа толку радикални, раните таканаречени хомофилски организации - вклучително и Mattachine Society, Janus Society и Daughters of Bilitis - ја поставија сцената за она што следеше, вели Тимоти Патрик Мекарти, предавач по јавна политика и основниот факултет. во Кар Центарот за политика за човекови права на Харвард Кенеди школата. „Основата за движењето што се појавува во поцелосна форма по Стоунвол беше поставена во децениите пред тоа во јавни и приватни битки, во различни организации и преку работата на многу луѓе“, рече Мекарти, чија книга „Децата на Стоунвол“. : Жива квир историја во доба на ослободување, загуба и љубов“, ќе биде објавена од The ​​New Press следната година. Многу такви групи се материјализираа за време на Втората светска војна и повоената ера како одговор на антихомосексуалната политика на војската и параноичното лудило на црвената закана. Мекарти укажува на „Лаванда заканата“, кампања за страв што беше паралелна со истрагите на републиканскиот сенатор Џозеф Мекарти за она што тој ги сметаше за широко распространети субверзивни сили кои работат во федералната влада во 1950-тите. Додека истовремено се обидуваше да разоткрие осомничени комунисти, сенаторот од Висконсин, исто така, ги таргетираше осомничените хомосексуалци, тврдејќи дека „девијантното сексуално однесување, како и девијантната политичка идеологија, се работи што ги прават луѓето поранливи на уцени“, рече научникот од Харвард, кој неодамна уредуваше специјално издание на The Nation што го испитува наследството на Стоунвол. Тактиката на Мекарти првично собра широка поддршка. Претседателот Двајт Ајзенхауер издаде извршна наредба во 1953 година со која им се забранува на хомосексуалците да работат за федералната влада, наведувајќи го како безбедносен ризик. Илјадници ги загубија своите работни места поради нивната вистинска или перципирана сексуална ориентација. Меѓу нив беше и човекот што многумина го нарекоа „Татко на движењето за правата на хомосексуалците“, Френк Камени, кој магистрирал и докторирал по астрономија на Харвард во 1949 и 1956 година, соодветно. Откако Службата за мапи на армијата го отпушти како астроном во 1957 година, Камени неуспешно ја тужеше федералната влада и подоцна го посвети својот живот на борбата за правата на хомосексуалците. Меѓу неговите многубројни достигнувања, Камени, кој почина на 86-годишна возраст во 2011 година, беше познат по тоа што го основаше здружението Mattachine во Вашингтон, протестите во Белата куќа, и оспорувањето на категоризацијата на Американската психијатриска асоцијација на хомосексуалноста како ментален дефект и е татко на фразата на терминот „Геј е добро“. Наследството на Стоунвол Ниту Хамондс не беше во Стоунвол, но сликата е голема и јасна во нејзиниот ум, делумно благодарение на постапките на оние кои се желни да го одржат неговиот дух жив. За време на Источната регионална конференција на хомофилските организации во 1969 година, еден млад активист повика на демонстрации низ целата земја секој јуни во чест на Стоунвол. Првата парада на гордоста во Њујорк, наречена Денот на ослободувањето на улицата Кристофер, се одржа во јуни 1970 година, само една година по немирите. Маршот започна на улицата Кристофер каде што се наоѓаше барот — сега историска знаменитост, а заврши во Централ парк. Настанот привлече илјадници и сигнализираше уште една важна пресвртница. Во годините што следеа, повеќе градови и населени места организираа паради за поддршка на правата на хомосексуалците. „Маршевите беа меѓу првите многу видливи јавни настани за луѓето да ја изразат својата геј сексуалност и сојузниците да имаат можност да ги поддржат геј луѓето во нивните животи“, рече Хамондс, која беше дипломиран студент во Бостон во 1976 година кога присуствуваше на Парадата на гордоста во градот и првпат слушна за Стоунвол. „Маршевите станаа и средства за политичко изразување, што можеше да се види по знаците што луѓето ги држат, што ги направи маршевите политички моменти, како и сцени на геј гордост. Дури и локалните политичари го препознаа ова и полека, со текот на времето, повеќе политичари ќе се приклучат на маршевите“. Еден марш во Вашингтон, во есента 1987 година, остави уште едно трајно влијание врз Хамондс. Настанот се совпадна со првото прикажување на меморијален килт за СИДА, огромно крпено ќебе украсено со имињата на оние кои починале. Шарената ткаенина покриваше површина на Националниот трговски центар поголема од фудбалско игралиште и содржеше 1.920 панели „кои го доловуваа прекрасниот опсег и различноста на геј искуството со еден вид трогателност и тага, но и афирмација на геј животот што никогаш не сум го видела претходно“, изјави Хамондс. Епидемијата дополнително ја зголеми видливоста на геј заедницата бидејќи сè повеќе луѓе беа принудени да излегуваат ма семејствата и пријателите, рече таа. „Кога младите мажи почнаа да се разболуваат, многу од нив мораа да се вратат во местата каде што пораснаа, бидејќи некои немаа кој да се грижи за нив во градовите каде што се собраа многу геј луѓе“, рече Хамондс. „Тие се вратија во малите градови, или помалите градови и места каде што многу луѓе во нивните животи не знаеја дека се хомосексуалци… се разбира, не секој беше пречекан дома со раширени раце, но иронично една од последиците на епидемијата беше дека повеќе Американци станале свесни за геј луѓето во нивните заедници“. Хамондс рече дека е шокирана од брзото темпо на промени на кои била сведок во последните 40 години, од присуството на нејзината прва геј парада на гордоста до гледањето на лицата на учесниците на гордоста како стануваат помлади и се поразновидни до венчавки и создавање семејство. „Се венчавме првата вечер кога беше возможно“, рече Хамондс, која пристигна во Градското собрание на Кембриџ на 17 мај 2004 година, со својата партнерка веднаш по полноќ, за да бидат меѓу првите во земјата на кои им беше одобрена лиценца За истополови бракови(Кембриџ беше првата општина во земјата што ги издаде лиценците.) „Најневеројатно нешто беше да се излезе од влезната врата на Градското собрание и да се види авенијата Масачусетс исполнета со луѓе кои пеат и викаат од радост што сега се хомосексуалните бракови легални“. Сепак, Хамондс гледа тешки времиња пред нас и предвидува „многу сериозни обиди за намалување“. „Се чини дека има растечки реакции од луѓето кои сметаат дека проширувањето на правата и правата на хомосексуалците за трансродовите луѓе значи дека хетеросексуалците изгубиле нешто што никогаш не можат да го вратат. Но, за среќа помладата генерација сега го гледа светот поинаку. Многумина пораснаа во свет каде што има повеќе еднаквост, поголемо прифаќање на сексуалните и половите разлики, и тие го ценат тоа, и им е удобно. Така, оние од нас кои сме постари мора да направиме се што можеме за да ги поддржиме да ги задржат правата за кои марширавме многу одамна и за кои продолжуваме да се бориме“. Загриженоста на Мекарти за иднината ги повторува борбите со кои се бореле Здружението Матакин и Ослободителниот фронт на геј луѓето пред неколку години. Тој се прашува како најдобро да се работи во рамките на системот додека сè уште се смета за радикален. „Голем дел од она што го видовме во политиката во модерната ера е импулс за асимилација - можеме да се венчаме, да служиме во војска, да бидеме исто како тебе. Имаше вистински притисок да се стане дел од овие мејнстрим институции, дел од системот на закони и политика во земјата. Но, најважните прашања се овие: кого изоставува ова и какви пазари треба да се направат за да се докаже дека сме исти како стрејт луѓето?” Со своите студенти, тој вели дека „дошол до прилично широк консензус дека ни треба и/и политика. Ни треба политика која е истовремено прагматична и радикална. Потребни ни се различни видови на агенти за промена, кои работат на различни локации со различни тактики, за да ги постигнеме овие поголеми аспирации“. Бронски е истовремено и надежен и загрижен за движењето за права на трансродовите што го споредува со Стоунвол во однос на возбудата и промената што помогна да се инспирира. „Постои оваа огромна културна промена околу вкрстувањата на полот и сексуалноста, родот и идентитетот и родот и, во голема мера, класата, економијата и парите“, рече Бронски. „Но, тоа доби најголем удар од администрацијата на Трамп“. Бронски рече дека може да замисли напор на конзервативните групи да ја укинат одлуката на Врховниот суд на САД од 2015 година, која пресуди дека Уставот ги штити истополовите бракови, но додаде дека потенцијалниот исход од таков обид е помалку јасен. „Всушност имате стотици илјади луѓе кои веројатно сега се во брак. Па ако го укинавте законот им го укинувате бракот? Станува комплицирано“. Како Хамондс и Мекарти, Бронски, чија последна книга е насловена „Квир историја на Соединетите Држави за младите“, исто така гледа надеж во младоста на нацијата. „Денес моите студенти хомосексуалци се неверојатни, и такви се веќе 10 години. Тие се попрогресивни и радикални и на работ од повеќето луѓе што ги познавам“, рече тој, „и тоа е целосно променето“. Извор: The Harvard Gazette Превод: Дивотно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page