Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дали се критичарите премногу фини?, Дали се критичарите премногу фини?, дали-се-критичарите-премногу-фини
Дејвид Ремник 3 септември 2025 Илустрација: Хадсон Кристи; Критичарите во списанието никогаш немале обичај да бидат воздржани. Во 1939 година, Расел Мелоубни го нарече „Волшебникот од Оз“ „смрдеж“. „Никогаш не ми се допаѓала Агата Кристи,“ напиша Едмунд Вилсон во 1944 година, откако го издегустира нејзиниот обемен опус со романот „Смртта доаѓа на крајот“, „и немам намера да прочитам ниту едно нејзино дело.“ Полин Кејл беше озлогласено боцкава; за филмот „Принцезата невеста“ од 1987 напиша: „филмот е несмасен - речиси можеш да ги видиш белезите на кредата кои актерите не ги погодуваат.“ И, додека го обожуваше „Јентл“, „Шоа,“ филм што денес се смета за едно од најголемите документарни остварувања, го нарече „форма на самоказнување.“ (Се разбира, грешеше - но тоа е тема за друга прилика.) А тука беше и рок-критичарката Елен Вилис, која во 1969 година беше толку одважна, што Вудсток го направи лом, а неколку години подоцна огорчено констатираше, за Дејвид Боуви, дека „нема ништо провокативно, перверзно или вознемирувачко кај него,“ па дури и отворено призна: „ неговите понови изданија ми се здодевни“ Се чини дека потенцијалот за остра, полемична културна критика со текот на времето опадна. Како што забележуваа Елизабет Хардвик и други низ годините, критиката премногу често се намалуваше до форма на тивко согласување, наместо аргументи и ригорозна ангажираност. Келифа Санех се согласува со таа дијагноза. Поранешен поп-музички критичар на Њујорк тајмс, а од 2008 година и автор во Њујоркер, Санех смета дека критичарите, генерално, омекнаа - особено оние во музиката. Во нашето најново столетно издание, ,,Културната индустрија” тој го картографира подемот, падот и можниот повторен подем на „острината“ во музичката критика. „Кога растев, критичарот беше кретен, зановетало, ганѕало, уништувач на забава,“ пишува Санех, забележувајќи дека неговите омилени ликови во „Мапет шоуто“ беа Статлер и Волдорф - двете старчиња што од приватната ложа испорачуваа зајадливи коментари. Тој дух на разиграна злобност се провлекуваше сè до деведесеттите и раните две илјадити. Ник Хорнби јавно ја изразуваше својата дојаденост со Destiny’s Child. Рајан Шрајбер, водечкиот глас на острозабиот Pitchfork, го презеде пламенот што претходно го носеа Грајл Маркус од Rolling Stone (кој ја почна својата критика за „Self Portrait“ на Боб Дилан во 1970 со прашањето: „Што е ова срање?“) и Лестер Бенгс од Creem (овековечен во „Almost Famous“ преку Филип Сејмур Хофман, кој објаснува дека музиката е „место одвоено од широката, благонаклонета американска прегратка“). Тие критичари не се плашеа да бидат критични. Сепак, забележува Санех, низ годините сведочеше на постепено лизгање кон финото. Притоа се издигна добронамерноста - понекогаш и стравот: од гневот на познатите личности, од претерано бурните реакции на фан-базите, или едноставно од непријатноста да се посочи туѓиот лош вкус. Трендот што често се нарекува „поптимизам.“ Остроумните коментари исчезнаа. Наместо нив се појави општо согласување, љубезност, блага пофалба. А во млакиот консензус нешто неизбежно се губи. Како што пишува Санех, „единствениот начин да се оддели добриот производ од лошиот е да се слуша внимателно - и, можеби, да се расправаме за тоа.“ Тој вели - се чини со мала доза прикриена возбуда- дека потребата да се биде „малку злобен“ можеби се враќа. „Можеби, по разблажените 2010-ти,“ сугерира, „музичките писатели и нивните читатели повторно ги откриваат задоволствата на оцетот.“ Пречесто, идејата дека писателот е „настапува премногу осудувачки“ функционираше како навреда. И сепак, Санех јасно потенцира: луѓето не се пасивни приемници, туку суштества со дар за мислење, за расудување - а размислувањето за тоа што го прави едно дело уникатно, брилијантно, здодевно или дури штетно, е клучен дел од работата на критичарот. Дејвид Ремник е уредник на Њујоркер од 1998 и новинар од 1992.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Разорниот земјотрес во Мјанмар однесе околу 2700 животи и нанесе огромна штета на културното наследство, Разорниот земјотрес во Мјанмар однесе околу 2700 животи и нанесе огромна штета на културното наследство, разорниот-земјотрес-во-мјанмар-однесе-околу-2700-животи-и-нанесе-огромна-штета-на-културното-наследс
разрушена пагода во Мандалај на 29 март; На 28 март, силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Мјанмар, оставајќи зад себе катастрофални последици. Според првичните информации, околу 2700 луѓе го загубија животот, а илјадници други беа повредени. Земјотресот се почувствувал и во соседен Тајланд, придонесувајќи кон севкупниот ужас. Освен човечките жртви, земјотресот предизвика значителна материјална штета. Околу 3000 објекти беа оштетени, меѓу кои повеќе од 95 пагоди и ступи, како и 50 џамии. Овие податоци за уништувањето на културното наследство ги објави на социјалната мрежа X Националната влада за единство на Мјанмар, опозициска група која е во конфликт со воената хунта. Оваа природна катастрофа дополнително ја влошува и онака критичната хуманитарна ситуација во земјата. Во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, познат како „златен град“ поради својата импресивна будистичка архитектура, дел од историската палата Мандалај се чини дека е урнат. Државните медиуми објавија дека е оштетена портата Си Шај на палатата, како и часовникот. Градот, кој се наоѓа во центарот на земјата во близина на епицентарот на земјотресот, бил главен град на Мјанмар пред британската колонизација во 1885 година. Медиумите контролирани од владата исто така објавија фотографии од срушени ѕидови и испукани темели на палатата Мандалај. За време на Втората светска војна, овој комплекс беше речиси целосно уништен под јапонска окупација и воздушни напади, а негова реплика беше изградена на оштетеното место во 1990-тите години. Во главниот град Најпидав, новинари на агенцијата Франс прес беа во Националниот музеј на Мјанмар, каде што виделе како се уриваат делови од таванот и како пукаат ѕидовите. Дваесет-вековниот туличен манастир Ме Ну во Мандалај речиси целосно е уништен, објави Њујорк Тајмс. Слики објавени на Фејсбук покажуваат дека структурата е целосно уништена до непрепознатливост. Новиот манастир Масоејин, исто така во Мандалај, очигледно се урнал. Фотографии и видеа покажуваат монаси околу паднатата часовникова кула на зградата. Мрежата за човекови права во Бурма, организација со седиште во Лондон, во петокот соопшти дека во градот се урнати 24 манастири. Во моментот на земјотресот се одржувале молитви по повод Рамазан во неколку џамии. Според некои извештаи, околу 700 верници загинале во урнати џамии. Еден човек кој присуствувал на петочните служби во сега урнати џамии во градот Таунгу, јужно од главниот град, изјавил за Ројтерс дека неговата баба, двајца вујковци и тетки се заробени под урнатините. Во понеделникот, на 1 април, верниците се собраа на молитва за Бајрам на место каде што беа уништени две џамии. Групи за човекови права соопштија дека историските џамии во оваа мнозинско будистичка земја пропаѓаат делумно поради тоа што владата им одбива дозволи за одржување. Во 2018 година, Обединетите нации ја обвинија мјанмарската војска за „геноцидна намера“ против муслиманското малцинство Рохинџа, меѓу другите прекршувања на човековите права. Некои извештаи сугерираат дека хунтата сè уште врши воздушни напади по минатонеделниот земјотрес, иако отпорничките групи се обврзаа на еднострано примирје за да помогнат во спасувачките напори. Надвор од градот Мандалај, видео снимка забележала како очевидци со ужас гледаат како врвот на златната пагода Шве Сар Јан, изградена помеѓу 800 и 1200 година, се откинува и паѓа на земја. Сè уште не е јасно дали Баган, локалитет на УНЕСКО за светско наследство кој се наоѓа во зоната на удар на земјотресот, претрпел сериозни оштетувања. Според УНЕСКО, областа содржи 3595 будистички споменици, вклучувајќи ступи и храмови од периодот Баган помеѓу 11 и 13 век. Според локални сведоштва објавени на новински веб-сајт на бурмански јазик, најмалку шест пагоди биле оштетени за време на земјотресот. Во 2016 година, земјотрес со јачина од 6,8 степени предизвика уривање на неколку пагоди во Баган. УНЕСКО сè уште не одговори на барањето за коментар. Античките градови Пју, вториот локалитет на Мјанмар под заштита на УНЕСКО, кој опфаќа три градови со ровови кои датираат од периодот помеѓу 200 година п.н.е. и 900 година од н.е. - Халин, Бејктано и Шри Кшетра - исто така се наоѓаат во ударниот регион на земјотресот. Не е јасно дали некој од античките градови претрпел штета. Светскиот фонд за споменици (WMF), организација која работи на заштита на локалитетите на културното наследство, издаде соопштение во кое изрази сочувство до оние кои изгубиле членови на семејството во трагедијата и наведе дека организацијата добила „извештаи за влијанието на катастрофата врз главните локалитети на наследството“. На 1 април, портпарол на WMF изјави дека организацијата сè уште нема ажурирани информации од теренот во Мјанмар. „Продолжуваме да ја следиме ситуацијата во Мјанмар и активно контактираме со локалните партнери за да ги процениме потребите и да утврдиме како можеме да обезбедиме значајна поддршка“, рече портпаролот.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- „Вечни тела“ изложба од фотографии што ја редефинира староста во уметноста, „Вечни тела“ изложба од фотографии што ја редефинира староста во уметноста, вечни-тела-изложба-од-фотографии-што-ја-редефинира-староста-во-уметноста
На 18 февруари 2025 година, во 20 часот, во изложбениот салон Империјал 1 на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Вечни тела“. Овој проект е резултат на соработката меѓу фотографот Жарко Стојчевски и кореографката Искра Шукарова, кои преку своите дела ја преиспитуваат перцепцијата за стареењето и улогата на возрасното тело во уметноста. „Вечни тела“ има за цел да ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот, истакнувајќи ја потребата од ослободување на возрасното тело од патологиите на маргинализација. Проектот е реализиран во соработка со петмина балетски уметници од Националната опера и балет: Емилија Џипунова, Снежана Шијак, Зоица Пуровска-Велевска, Зоран Талев и Ирена Лозинска, кои се наоѓаат во различни фази од својата кариера и животно искуство. Изложбата вклучува фотографии кои ги документираат телата на овие уметници во динамичен процес на изведба, преиспитувајќи го начинот на кој општеството ја стигматизира нивната способност за делување и творење во контекст на возраста. Суптилните гестови на танчерите откриваат што навистина се случува под површината на изгледот и генерираат нови визии за староста, раздвижувајќи ги телесните архиви и враќајќи ги невидливите тела на оние кои се занемарени во професијата во сферата на нашата социополитичка итност. Покрај изложбата, проектот предвидува и јавни дискусии, разговори со балетските уметници, како и видеоматеријали со нивни сведоштва за професијата и за предизвиците со кои се соочувале во различни фази од својата кариера. Целта е да се отвори простор за дискусија и нови визии за тоа што значи да се старее во тело кое е активно, моќно и значајно. Кој ќе учествува? 🔹 Емилија Џипунова (р. 1935) – Истакната балерина, педагог и балетски критичар. Член на првата балетска генерација во Македонија, со богата кариера како солистка. Подоцна се посветува на педагогијата и критиката, објавувајќи книги и статии за балетската уметност. 🔹 Снежана Шијак (р. 1949) – Солистка на Македонската опера и балет од 1968 до 1992 година. Во својата балетска кариера настапувала во бројни претстави, вклучувајќи „Ромео и Јулија“, „Жизел“ и „Дон Кихот“. 🔹 Зоица Пуровска-Велевска (р. 1956) – Првенка и педагог, која со својот партнер Зоран Велевски одбележа три децении на успешни настапи. Остварила бројни улоги во класични и современи балети, како „Охридска легенда“, „Лебедово езеро“ и „Ромео и Јулија“. 🔹 Зоран Талев (р. 1953) – Долгогодишен солист во Македонската опера и балет, со богата кариера исполнета со настапи во „Лебедово езеро“, „Дон Кихот“, „Жизел“ и многу други претстави. 🔹 Ирена Лозинска (р. 1961) – Солистка, педагог и кореографка. Како балерина настапувала во класични и современи балети, а подоцна се посветува на кореографија и педагогија, создавајќи бројни успешни балетски претстави. Изложбата ќе биде отворена до 2 март 2025 година. Ве покануваме да ја посетите и да се вклучите во оваа значајна дискусија за улогата на возрасното тело во уметноста и општеството.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Тик ток ја носи Генерацијата Z на Канскиот филмски фестивал, Тик ток ја носи Генерацијата Z на Канскиот филмски фестивал, тик-ток-ја-носи-генерацијата-z-на-канскиот-филмски-фестивал
Кога TikTok се здоби со популарност како апликација за вирални видеа кајшто деца играат, никој не можеше да предвиди дека ќе има амбиција да ”посегне” по некои од највисоките уметнички форми. Денес, Канскиот филмски фестивал (кој некогаш ги забрануваше селфи фотографиите на црвениот килим) го објави своето ново партнерство кое ветува дека ќе го поврзе културниот настан со една милијарда корисници на дигиталната платформа ширум светот. Тоа партнерство ќе го создаде глобалниот натпревар #TikTokShortFilm, со што апликацијата во сопственост на Byte Dance ќе биде официјално истакната.Апликациите на видеата мора да бидат долги помеѓу 30 секунди и три минути, што значи дека креаторите на содржини нема да смеат да ја користат новата максимална должина на видеото од апликацијата од десет минути за да ги направат своите филмови. Предводено од неименуван добро познат режисер, жирито ќе избере три победнички TikTok-ови во три категории: Гран при, најдобро сценарио и најдобра монтажа. Директорот на Кан, Тиери Фремо, ќе биде присутен на признанијата, кои ќе бидат објавени некаде за време на фестивалот што ќе се одржи од 17 до 28 мај“. Слично, Оскарите го приклучуваат Тwitter на церемонијата во обид да регрутираат и допрат до помлада или поинаква публика: Твитерџиите ќе можат да гласаат за нивните омилени филмови кои беа објавени во 2021 година - без разлика дали филмот е номиниран за Оскар - користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite. Филмот кој ќе добие најмногу гласови од обожавателите до 3 март ќе биде признат за време на емитувањето на наградите на 27 март.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






