top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Најголемите пропалици во филмската индустрија: „Островот на д-р Моро“, Најголемите пропалици во филмската индустрија: „Островот на д-р Моро“, leni-geleva-recenzija-najgolemite-propalici-ostrovot-na-drmoro

    Херберт Џорџ Велс е еден од пионерите на жанрот научна фантастика. Исто како својот главен лик во „Островот на д-р Моро“ Едвард Прендик тој бил вљубеник во биологијата и еден од неговите професори на Ројал Колеџ бил Т.Х. Хаксли, дедо на друг познат писател на научна фантастика, Олдос Хаксли. Тој прв ги сковал зборовите „временска машина“ и „патување во времето“, меѓу првите зборува за генетичко инженерство, вонземјани, марсовци и прв пат спомнува ласерски пиштол. Многу од неговите дела се адаптирани во филмови. Меѓу нив се „The Time Machine“, „The invisible man“ и „War of the Worlds“ за кој освен филм, своевремено филмскиот маг Орсон Велс направи и радиодрама која предизвикала паника меѓу слушателите, кои верувале дека вистински се случува инвазија на марсовци. Во „Островот на д-р Моро“ Велс зборува за генетичко инженерство односно ликот на д-р Моро креира хуманоиди од животни со вивисекција. Во позадина лежи алузија на деградацијата на човештвото и напуштање на патот на разумот и враќање кон бруталните анималистички карактеристики, како и критика на експериментирањето со животни и суровоста кон животните. Моралната дилема дали човекот треба да глуми Бог, т.е. дали науката може да ја замени природата во создавањето и дали треба, и каде е рамнотежата помеѓу научниот прогрес и етичкото однесување. „Островот на д-р Моро“ доживеа три екранизации, во 1932, 1977 и 1996. Верзијата од 1932 со изменет наслов „Островот на изгубените души“ била контроверзна и долго време забранета да се прикажува во неколку земји и никогаш не е прикажана на британска телевизија поради алузиите на вивисекција и на секс на хуманоидите со луѓе. Во неа првпат е воведен женски лик, жената-пантер, нешто што ќе го искористат и други две идни верзии. Kathleen Burke била избрана да ја глуми жената-пантер во натпревар на кој се пријавиле 60.0000 жени. Легендарниот Бела Лугоси бил избран да го глуми кажувачот на законот дури откако започнало снимањето и тој ја прифатил улогата затоа што прогласил банкрот. Авторот на книгата, Велс воопшто не бил задоволен од оваа филмска адаптација и мислел дека на сметка на инсистирање на хорор се запоставени филозофските аспекти од книгата. Верзијата од 1977 е повторен обид, но и повторно промашување. Покрај темпото, како замерка може да се земе и начинот на кој се користени вистински животни и грижата за безбедноста на актерите во сцените во кои се борат со диви животни. Верзијата од 1996 била направена на 100 годишнината од објавувањето на романот, но ја пропуштил шансата соодветно да му оддаде чест на легендарното дело на Велс и наместо тоа остана запаметен како едно големо фијаско во Холивуд. Првичниот режисер Richard Stanley (режисер на култниот пост-апокалиптичен сајбер-панк филм Хардвер со многу индастриал музика и со Иги Поп како водител) не можел да ги држи работите под контрола за време на снимањето и избегал во џунглата откако бил отпуштен. Потоа се вратил и го гледал снимањето од блиску носејќи маска на еден од луѓето-животни. Ќерката на Марлон Брандо се самоубила само што започнало снимањето и не се знаело дали тој воопшто ќе дојде. Кога дошол одбивал да го научи својот текст и постојано ја омаловажувал продукцијата. Вал Килмер бил во конфликт со Брандо, со кој биле во натпревар на тоа кој има поголемо его. Марлон Брандо бил критикуван заради претераната ексцентричност со која го глуми ликот на д-р Моро, т.е. неговото лице е покриено со бела пудра и носи кофа за мраз на главата. Тој исто така инсистирал во филмот да биде вклучен еден мал деформиран човек додавајќи на целата конфузија на филмот. Тој се појавува во секоја сцена во која е Брандо со исти костими, што подоцна е инспирација за „Мини-Јас“ во Остин Пауерс. Брандо во д-р Моро го канализира полковник Курц од „Апокалипса сега“ и двата ликови се преставени како ексцентрични лидери на култ кои ги поместуваат границите на доброто и злото со голема доза на мистерија. И двата филмови можат да се споредат по големите проблеми со продукцијата (на снимањето на „Апокалипса сега“ имало невреме, Мартин Шин добил срцев удар, и кршење на правата на животните) со тоа што за разлика од „Островот на д-р Моро“, „Апокалипса сега“ доживеал успех и останал како антологиски филм во историјата. Брус Вилис требало да го глуми д-р Монтгомери, но откажал заради разводот со Деми Мур. Во исто време и жената на неговата замена, Вал Килмер, побарала развод. Други незгоди кои се случиле биле: куќата на мајката на Richard Stanley била погодена од гром три пати, веднаш по започнувањето на снимањето дошол ураган кој ги уништил филмските сетови, бродот во кој биле транспортирани дивите животни биле фатени во ураганот и Richard Stanley бил помочан од пума, обидувајќи се да ги спаси. Fairuza Bulk која ја глуми Аиса се обидела да избега од снимањето но била вратена од аеродром. John Frankenheimer бил донесен на сет како замена за Richard Stanley, но тој не успеал да го спаси филмот. Иако го опишуваат како најлошиот филм направен некогаш, „Островот на д-р Моро“ не е најлош, но сепак може да се забележи дека нешто не е во ред. Филмот комерцијално не успеа, но хаосот на неговото снимање и уникатната естетика придонесоа за тоа тој да остане запаметен како пример за „фијаско.“ Во документарниот филм „Lost Soul: The Doomed Journey of Richard Stanley's Island of Dr. Moreau“ дополнително е претставен како една од најсуровите илустрации на разликата помеѓу амбициозната визија на еден автор и реалноста на Холивуд. Иронично, филмот успеа да ја илустрира деградацијата и лудилото што Велс го предвидел во романот – само што наместо во неговата фиктивна дистопија, тие се појавуваат на самиот филмски сет. Лени Гелева, фотограф , е една од најважните имиња во современата македонска фотографија и важен глас на домашниот визуелен идентитет. Има работено на филмови, десетици групни и самостојни изложби, во последните две децении. Таа е страстен филмски фан, која се прелева во филмската критика.

  • Пионери арт платформата домаќини на Индиа Мулен: интимна изложба во Скопје, Пионери арт платформата домаќини на Индиа Мулен: интимна изложба во Скопје, india-mullen-од-екранот-до-галеријата-интимна-изложба-во-скопје

    На 11 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Пионери галеријата во Скопје ќе биде домаќин на изложбата of any substance, првата самостојна визуелна презентација на ирската мултидисциплинарна уметница Индија Мулен. Од актерска сцена до визуелна уметност Индија Мулен, родена во 1993 година во Сандиков, Даблин, е позната по своите улоги во телевизиски серии како Red Rock, Brassic и Normal People, каде што ја толкуваше улогата на Пеги. По завршувањето на Gaiety School of Acting во 2014 година, нејзината кариера се прошири и во областа на визуелната уметност, особено фотографијата. of any substance: Истражување на идентитетот Изложбата of any substance претставува колекција на фотографии кои го истражуваат идентитетот и односот кон себеси во периодот од 20 до 30 години. Фокусот е ставен на прекумерната потрошувачка и чувството на изолираност во опкружување исполнето со боја и шум. Претходно, делови од оваа серија беа изложени во Have A Butchers Gallery во источен Лондон, како дел од изложбата Strange Quarks, курирана од Алегра Вентури во соработка со уметницата и дизајнерка Џоана Лордан. Визуелна нарација и интимност Фотографиите на Мулен се одликуваат со нежна, но моќна нарација, која ги поканува гледачите да размислат за сопствените искуства и чувства. Нејзините дела се објавувани во списанија како Wonderland, W Magazine и NME, што сведочи за нејзината способност да комуницира со широка публика преку визуелни медиуми. Изложбата во Пионери галеријата е ретка можност за публиката во Скопје да се запознае со визуелната уметност на Индија Мулен. Овој настан претставува спој на интимна уметничка експресија и глобална перспектива, нудејќи уникатно искуство за сите љубители на современата уметност. Сместена во срцето на Скопје, Пионери Арт Платформа е живо јадро за современа уметност, кое ги поврзува новите визуелни уметници од Балканот и пошироко. Како физичка галерија и динамична онлајн платформа, Пионери служи како простор за размена на идеи, инспирација и културен дијалог. Нивната мисија е да ги промовираат новите уметници на глобалната сцена, притоа задржувајќи ја автентичноста и локалниот контекст. Преку изложби, соработки и продажба на уметнички дела, Пионери ја гради сцената на современата уметност од Балканот, пренесувајќи ја нејзината енергија и визија на меѓународно ниво. Детали за настанот: • Изложба: of any substance од Индиа Мулен • Датум и време: Петок, 11 април 2025 година, во 20:00 часот • Локација: Пионери галерија, Скопје Посетете ја Пионери арт платформата ОВДЕ.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page