Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Почетници за неписмени, Почетници за неписмени, почетници-за-неписмени
од Дубравка Угрешиќ Насловот на оваа изложба го инспирираше „Почетница“ за неписмени печатена во Загреб во 1946. Кориците на тие почетници се избраздени со тенки, хоризонтални, црвени линии а над насловот - Почетница за неписмени - виси незграпна црвена ѕвезда. Така, името не го подразбира само предметот на мојот интерес (моето визуелно поле се претежно социјалистички буквари од педесеттите години на минатиот век), туку и мојот авторски статус: во однос на визуелната уметничка практика јас сум навистина неписмена. Големата смена на буквари Во годината 1991, кога се распадна Југославија и кога започна војната која ефикасно ќе го доврши нејзиното распаѓање, во моите раце случајно се најде почетница која според годината на изданието (1957) лесно можела да биде и моја. Листање на почетницата длабоко ме возбуди. Пред мене одеднаш се појавија два света: дамнешниот, заборавен свет на почетниците, кој ветуваше среќна иднина, и другиот, вистинскиот, сегашниот, кој брутално ја оспоруваше таа иднина. Побарав и други почетници, баш како во нив да ќе најдам некоја тајна причина за военото лудило кое се одигруваше пред моите очи. Најдов хрватска почетница од крајот на 19-от век и земав нова, испечатена 1991, сто години подоцна. Ги споредував световите на трите почетници - од крајот на деветнаесетиот век, од крајот на дваесетиот век и мојата, од средината на дваесетиот век. Есеј за тоа со наслов „Почетница“ е објавен во холандското издание „Култура на лаги“.Ерик Ванде Пит, белгиски уметник, го вклучи тој есеј во каталогот на неговата изложба Paul va ouvrir la porte (Антверп, 2004). Во своите дела, белгискиот уметник ги воскреснува визуелните детали на старите белгиски буквари. Mila myla mamu Во јуни 2009 година, умре мојата мајка. Целото лето го поминав доброволно затворена во мојот дом во Амстердам. Еден ден сосема случајно наидов на книга што некој ми ја подари одамна, руски советски буквар од шеесеттите. И баш како некој друг да управува со мене, почнав да ги посетувам продавниците во Амстердам за материјали за сликање. Ги купив моите први боички, блокови, гуми за бришење, хартија за копирање. Во рускиот буквар, моето внимание од сосема нејасна причина го привлече цртежот на девојката која мие чаши во мал леген кој стои на стол. Текстот веднаш до минијатурата гласи Mama ušla. Mila myla... (Мама си замина. Мила миеше...) Малиот корисник на почетницата на местото каде што стоеја трите точки требаше да го впише зборот - шолјички. Мама, значи, замина, а Мила миеше шолјички. И како некој да управува со мене со далечински управувач, јас го прецртав цртежот од девојчето на хартија за прецртување. Хартијата за прецртување ја поставив на бела хартиена подлога. Девојчето сега, насилно исфрлена од светот на букварот се најде на празен простор. Околу нејзе беше белина, пред нејзе столче, на столчето мал леген. Тој празен простор почнав опсесивно да го населувам. Мила во мајчиното отсуство прво переше шолјички а потоа голем морков, потоа билки, крокодили, птици, бродови, цел град…. Се́ уште не ми беше јасно од каде доаѓа мојата потреба да го прецртувам недолжното девојче Мила. А тогаш, случајна грешка го извлече на површината на хартијата објаснувањето. До цртежот на девојчето напишав. Mama ušla. Mila myla mamu.Беше тоа облик на длабоко тагување за кое не бев свесна : цело време јас всушност ритуално ја миев својата покојна мајка, мајка која замина. Терапија? Па сепак останува прашање зошто повторно - баш како во времето на распаѓањето на Југославија - се закачив за почетницата како за сламка. Од психоаналитички аспект, овој облик на „регресија“ се чини разбирлив: почетницата како нашиот прв координатен систем, воедно е и comfort zone и трауматично поле. Почетницата е почетокот на знаењето за светот, првото идеолошко апче кое ќе го проголтаме, првата лекција за морал, прва лекција за визуелни уметности. Припаѓам на југословенската повоена генерација. За децата на мојата генерација, ,,Почетница” воедно беше и прва книга која многу ја земале во раце. Моето (нашето) детство беше без играчки, бидејќи едноставно ги немаше, а сликовниците беа реткост. Немаше телевизија, видео, ЦД, ДВД, компјутери, сите работи со кои денешните деца се обилно закопани и без кои животот денес изгледа незамислив. Внатрешните корици на книгите од скромната домашна библиотека на моите родители служеа како мои први блокови за цртање. Во време на општата повоена сиромаштија, дури и хартијата беше луксуз. Благодарение на пријателите кои сериозно ја сфатија мојата „компулсивна активност“, на мојата адреса почнаа да пристигнуваат буквари: Партизанска почетница од 1944 година, хрватски математички буквар од 1946 година, македонски буквар од 1946 година, бугарски буквар од 1953 година, руски буквар, познатиот полски елементарц од Маријан Фалско ( со илустрации на Јежи Каролак) – овој буквар првпат е објавен во 1910 година, а со текот на времето доживеал одредени промени, и денес им служи на полските деца. Книгата за почетници не е невино читање, многу може да се прочита од внимателно читање. Беа потребни, на пример, само неколку години за „југословенските“ црно-бели буквари од времето на Втората светска војна и веднаш по војната да процветаат во раскошни буквари со пригушени бои и детални цртежи; за татковците да ги заменат пушките со трактори или дупчалки, а мајките со книги за готвење или медицински слушалки. Сè е интересно во иницијалите, дури и скриената историја на поединечни букви. Во партизанскиот буквар, на пример, нема Срби, Хрвати, Босанци, туку се појавува буквата Dž. Џафер е одговорен и за промоција на буквата Dž, покрај džak. Џафер ја преживеа Втората светска војна, социјалистичка Југославија, тој беше единствениот кој успеа да ги помине сите буквари и да се најде во нови буквари. Истата долговечност ја покажува и буквата I - како игла. Многу поранешни Југословени од различни генерации се озаруваат на поменот на Џафер и иглата. Повеќе за изложбата „Црвеното училиште“ на Угрешиќ : Изложба на Дубравка Угрешиќ на КРИК фестивалот. Покор? Во Берлин во 1994 година, случајно налетав на Гркот Телемах, кој заработуваше монети свирејќи багламас по крчми. Него го споменувам во една епизода од мојот роман „Музеј на безусловно предавање“. Кога дозна од каде сум, Гркот рече: „Мислам дека јас сум виновен за војната во твојата земја“. Во 1989 година, Гркот сонувал две вкрстени секири. Неколку дена по необичниот сон падна Берлинскиот ѕид. На почетокот Гркот мислел дека секирите од неговиот сон го најавуваат падот на Ѕидот, но кога започнала војната во Југославија, ја сфатил вистинската порака на сонот. „Од тогаш секоја вечер чекам да ми се врати тој сон, за да ги раздвојам тие секири“, ми рече Телемах. Кој знае, можеби со мојата нејасна букварса работа мешетарам како Телемах во моите соништа, ги спојувам завојуваните писма, кирилица и латиница, завојуваните буквари, ги помирувам Милан со Ивица, Стипе со Џафер. Прецртувањето како и препишувањето, може да биде ритуал на некое длабоко внатрешно покајание. Со што јас тоа се занимавам? Со што се занимавам? Искрено кажано, не знам. Вистина е, не ми се страни поимите appropriation art, art intervention, soc-art (раниот Илја Кабаков) знам и кој беше Хенри Дарџер. Современата уметност, меѓутоа, веќе подолг период не ја доживувам како движење „напред“ (ниту пак ако одење наназад), ниту како „оспорување“ ниту како промислен цитат, него повеќе како повторување на индивидуални уметнички гестови кои меѓусебно едвај комуницираат, што се́ уште не значи дека гестовите се различни и оригиниални. Својот компулсивен „уметнички гест“ го гледам исклучиво во рамките на - Почетници за неписмени. Ме возбудува хартијата, откривањето на паус-хартијата и играта на криење и откривање на детали. Ме возбудуваат посетите на продавниците со сликарски материјал, случајноста да се купи молив, откритието дека има бел фломастер, дека има плавјази кои не се само виолетови. Ме возбудува кога со јазикот ќе ја натопам срцевината на таков еден дрвен молив. Возбудена бев кога открив дека секој Холанѓанец, исто како да му е активирана некоја ментална акупунктурна точка, непогрешиво се озарува на реченицата A is een Aapje. Овде го гледам значењето на оваа изложба: во стимулирањето на точките на некој одамна усвоен и долго дискутиран внатрешен пејзаж. Април 2010 година.
- Локомотива на Canal 2026: македонската кореографија во европскиот танцов разговор, Локомотива на Canal 2026: македонската кореографија во европскиот танцов разговор, локомотива-на-canal-2026-македонската-кореографија-во-европскиот-танцов-разговор
Локомотива, Викторија Илиоска и Тереза Лазарев ќе ја претстават современата сцена од Северна Македонија во Витри-сир-Сен. Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од Северна Македонија ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse, која во јануари ќе се одржи во Витри-сир-Сен, во близина на Париз. Настанот обединува десет француски танцови институции и шест институции од Балканот, вклучувајќи ги Грција, Словенија, Бугарија и Северна Македонија, и претставува еден од поретките формати во кои регионалната кореографска сцена се појавува не како маргинален гостин, туку како рамноправен соговорник во европскиот танцов екосистем. Canal 2026 ќе претстави 32 уметнички тима преку извадоци од перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и презентации на проекти. Програмата ќе се одвива на три локации – La briqueterie CDCN, MAC VAL – Musée d’art contemporain du Val-de-Marne и Théâtre Jean Vilar – а паралелно ќе постои и онлајн издание на платформата cnd.fr, кое започнува од март 2026. Форматот ја нагласува тенденцијата современиот танц сè повеќе да функционира како поле на истражување и институционален дијалог, а не само како сценска форма. Локомотива ќе биде претставена од Биљана Тануровска-Ќулавковски, која ќе ја презентира работата на организацијата и ќе ги претстави кореографките и танчерки поврзани со нејзината програма: Тереза Лазарев и Викторија Илиоска. Тануровска-Ќулавковски ќе учествува и на дискусија во петок, 30 јануари, во MAC VAL, на тема „Кои се специфичностите на кореографскиот екосистем на Балканот…?“, прашање што ја отвора комплексната мрежа на продукциски услови, институционални ограничувања и уметнички стратегии што ја дефинираат сцената во регионот. Во рамки на уметничките презентации, Викторија Илиоска ќе ја претстави својата пракса, вклучувајќи го и проектот Hope for the Best – Prepare for the Worst, перформативен тренинг кој го третира телото како ресурс, а театарскиот диспозитив како заедничка инфраструктура. Развиена во услови на културни кратења и економии што често функционираат екстрактивно, работата ја поставува публиката не како пасивен набљудувач, туку како активен материјал на ситуацијата, каде вниманието, физичкото присуство и издржливоста циркулираат како колективни ресурси. Делото го поставува прашањето за што треба да се тренираме како колективно тело во иднината што доаѓа, во време кога самата идеја за заедничко станува сè покревка. Тереза Лазарев ќе ја претстави својата уметничка пракса преку Passionate Animal, кореографски истражувачки проект што ја испитува врската меѓу колективната меморија и личната танцова меморија. Проектот прашува како нестабилноста и колапсот го трансформираат телото, не само како физичка форма, туку како носител на искуства и траги од историски и интимни прекини. Како дел од истражувањето, Лазарев ќе изведе краток танцов сегмент на музика од Александар Гроздановски, во кој движењето и звукот функционираат како слоеви на меморија што се преплетуваат во реално време. Учеството на Локомотива на Canal 2026 е индикативно за пошироката динамика во која балканските кореографски практики сè почесто се читаат како релевантни токму поради условите во кои се создаваат: во средини со ограничени ресурси, нестабилни институционални рамки и постојана потреба од адаптација. Во таа смисла, овие дела не се само презентации на естетски јазици, туку и модели на уметничко преживување и колективна имагинација. Оваа активност е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд, CN D и Театроскоп – програма иницирана од Францускиот институт и француските министерства за култура и надворешни работи. Организаторите нагласуваат дека содржината и изразените мислења не можат да се толкуваат како ставови на донаторите.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Кој ги поседува авторските права за уметничко дело генерирано од AI?, Кој ги поседува авторските права за уметничко дело генерирано од AI?, кој-ги-поседува-авторските-права-за-уметничко-дело-генерирано-од-ai
Во светот на уметноста, технологијата ја отвора вратата за нови форми на креативност, но со тоа доаѓаат и сложени правни прашања. Еден таков пример е делото „Théâtre d’Opéra Spatial“ (Просторен оперски театар) на Џејсон М. Ален, кое беше креирано со помош на AI програма и предизвика контроверзии откако освои награда на уметнички натпревар. Сега, Ален бара од судовите во САД да му се признае авторско право за делото, тврдејќи дека процесот на создавање вклучувал повеќе од „базичен ментален напор.“ Технологијата и креативноста: Кој е авторот на AI-креираните дела? Во септември 2023 година, Канцеларијата за авторски права на САД го отфрли барањето на Ален за заштита на неговото AI-креирано дело, со образложение дека AI софтверот Midjourney бил вистинскиот креатор. Оваа одлука предизвика легална битка и ја отвори дебатата за тоа кој е вистинскиот автор кога AI е дел од креативниот процес. Адвокатот на Ален, Тамара Пестер, истакнува дека одбивањето на барањето го остава прашањето за сопственоста на AI-асистираните дела без јасен одговор. Според неа, кога човек користи машина за создавање на уметничко дело, авторското право треба да му припаѓа на човекот, а не на софтверот. Ален рече дека Канцеларијата за авторски права на САД не само што ја отфрлила неговата петиција, туку утврдила дека „MidJourney, а не господинот Ален - ја создала оваа слика“. Во септември 2023 година, Одборот за ревизија на авторски права го потврди оригиналното отфрлање на делото на Ален Midjourney, откако тој одби да открие кои делови од делото биле создадени со помош на вештачка интелигенција и кои биле додадени или изменети од уметникот. Една година подоцна, Ален се жали на негирањето на одборот, тврдејќи дека неовластени субјекти го монетизираат неговото создавање, вклучително и преку репродукции продадени на Etsy. „Ја поднесовме оваа жалба затоа што Канцеларијата за авторски права неправедно ја отфрли способноста на мојот клиент да го заштити своето дело потпомогнато со вештачка интелигенција преку системот за авторски права и да ја добие зголемената штета што доаѓа со федералната заштита на креативното дело“, изјави адвокатката на Ален, Тамара Пестер Шклар. Во жалбата, поднесена на 26 септември до Окружниот суд на САД за округот Колорадо, Ален, исто така, тврди дека негативното медиумско внимание околу „Théâtre d'Opéra Spatial“ можеби влијаело на пресудата на канцеларијата за авторски права. Американската канцеларија за авторски права одби да коментира, повикувајќи се на судски спор што е во тек. Пестер изјави дека пресудата на Канцеларијата за авторски права „покренува длабоки прашања за улогата на вештачката интелигенција во креативниот процес и природата на самата креативност“. „Важно е да се разјасни дека кога човекот користи машина за да создаде дело, човекот сепак треба да се смета за автор“, продолжи Пестер. Жалбата го детализира процесот на Ален во создавањето на волшебната слика, наведувајќи дека тој ја поттикнал генеративната програма за вештачка интелигенција 624 пати, процес кој бара „повеќе од минимален ментален напор“. Во друг сличен случај, судот во Вашингтон, минатиот месец го одби барањето за авторски права на Стивен Талер за неговото дело „Неодамнешен влез во рајот“ од 2012 година, создадено со користење на ДАБУС, наведувајќи дека нема човечко авторство. Но,Пестер вели, таа одлука открива празнина во дефиницијата за уметничко авторство. „Одбивањето на регистрацијата на Канцеларијата за авторски права, комбинирано со одлуката во Талер, според која машината не може да биде автор, остава празнина во однос на тоа кој поседува дело што е потпомогнато од вештачка интелигенција“, рече Пестер.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Пантoн боја на годината 2024: Што значи ова предвидување?, Пантoн боја на годината 2024: Што значи ова предвидување?, пантoн-боја-на-годината-2024-што-значи-ова-предвидување
Сезоната на празници секогаш била повеќе од драгоцени моменти кои ги поминуваме со најмилите: корпорациите го искористуваат периодот за креирање на впечаливи маркетинг кампањи кои ќе бидат тема на разговар на јавноста дури и во новата година. Особено со појавата на социјалните медиуми, декември стана натпревар на компаниите како Spotify, Google, и дури речникот на издавачот Oxford Languages да ја заокружат годината низ својата авторска призма со содржини чиј успех зависи од виралноста на интернет.Од 2000 година, Pantone Color Institute - компанијата најпозната по патентирање на универзален систем за ускладување на боите што се користи во низа светски индустрии - исто така учествуваше во овие шаради преку своите годишни прогласи за боја на годината, која ја предвидува нијансата за претстојната година врз основа на анализите на трендовите и социо-економските влијанија, според веб-страницата на компанијата. Оваа година избраната нијанса е "Peach Fuzz", опишана од страна на компанијата во соопштение за медиумите како „пријатна нијанса на праска боја, нежно сместена помеѓу розова и портокалова боја“. Сега, корисниците на TikTok велат дека Pantone е предмет на критики бидејќи виралните видеа тврдат дека компанијата ги приоритетира интересите на технолошките конгломерати."Се позиционираат како непристрасни арбитри на тоа што ќе биде бојата на годината и мислам дека се продадоа на големата технологија", рече корисникот на TikTok Ariana Alfonso во видео објавено на социјалната медиумска платформа во август, која од тогаш собра повеќе од еден милион прегледи.Во видеото, Alfonso покажа низ неколку примери во изминатите години во кои Бојата на годината случајно корелационира со технолошките бизнис соработки. За Бојата на годината за 2017, Alfonso тврди дека Pantone избрала "Greenery", зелено-жолта нијанса, со цел да ги задоволи интересите на Android, чиј што есемесови во лимета-зелено се ривал на сините меурчиња на iMessage од Apple од почетокот на смартфоните.„Во 2017 година почнавме навистина радикално да се вртиме кон минималистички неутрални“, тврди Алфонсо. „Ништо толку светло не беше во тренд, па јас си мислев: „Зошто би ја одбрале оваа боја?“ И тогаш ми текна: Знаеш кој навистина сака оваа боја да биде кул? Андроид.“ Откако корисниците почнаа да бараат повеќе докази од Алфонсо, таа објави друго видео во кое го цитираше интервјуто со потпретседателката на Pantone, Лори Пресман, објавено во House Beautiful. Пресман рече дека постои „заблуда дека еден ден собираме еден куп инфлуенсери на бои да се соберат во соба и доаѓаме со одлуката“ и дека всушност, бојата на годината се избира врз основа на „еден долг, континуирано тековен разговор меѓу група луѓе кои се усогласени со боите.“ „Она што навистина кажува е дека не постои транспарентен процес на селекција“, мислеше Алфонсо.Веб-сајтот на Pantone дава повеќе детали за овој процес на одлучување, кој се одржува во затворени средби двапати годишно во европска престолнина. По два дена на "презентации и дебати" од страна на претставници од различни земји, групата избира боја за следната година. Hyperallergic исто така контактираше со Pantone Color Institute за коментар.Во коментарите под видеото на Alfonso, многу корисници почнаа да ги предвидуваат можностите за дискретни партнерства со други компании, како Yelp во 2012 година откако компанијата се објави на јавноста, и Tiffany & Co. во 2010 година за да се вклопи со 30-годишното партнерство на компанијата за накит со Paloma Picasso. Друг корисник тврдеше дека Delta Airlines платил за изборот на "Ultra Violet" за 2018 година за да се координира со пуштањето на своите униформи за вработените во боја на слива, кои беа отфрлени во 2020 година по извештаи дека персоналот страда од алергиски реакции. Во друго видео објавено порано овој месец, корисникот на Tiktok Rae Leigh, познат како @maxedoutmommy на платформата, гради врз теоријата на Alfonso со детална презентација со слајдови до својот маж Ryan, покажувајќи ги другите години во кои Бојата на годината очигледно се вклопувала со бизнис интересите на компании како компанијата за изнајмување на одмор Airbnb, сега угасената социјална медиумска платформа Vine, и Apple. Ли, исто така, прави поента од следењето на историјата на нумеричкиот систем на бои на Pantone и како нивната успешна стандардизација на боите доведе до извештаите за трендовите на бојата на компанијата, кои се составени од „експерти од индустријата за бои“ за да ги предвидат трендовите на бои шест до 24 месеци однапред, според на веб-страницата на компанијата. Leigh ја опиша оваа прогноза за трендови на бои како "ситуација на кокошка и јајце", бидејќи влијателните фактори кои ги определуваат трендовите на бои и Бојата на годината изгледа дека се едно и исто. "Дали навистина ги поставуваа трендовите на бои со испраќање на книгите за тренд на бои, и со поставување на Боја на годината, дали навистина ја правеа тоа популарната боја за следната година?" Leigh му постави прашање на Ryan пред да ги истакне веќе постоечките договори за лиценцирање помеѓу Pantone и компанијата за мобилни телефони Motorola, марката за патики за скејтбординг Cariuma, и компанијата за перформансни ткаенини Ultrafabrics кои беа објавени со одлуката на компанијата Viva Magenta за 2023 година. .Имено, на праскавата нијанса од 2024 година веќе се поврзаа партнерствата со истите компании, покрај соработките со брендови за внатрешен дизајн, Polaroid, компанија за четки за заби, козметичка линија, па дури и производител на чаеви.Не дека овие соработки треба да дојдат како изненадување. Како можеме даја го заборавиме контроверзното партнерство "Period" во црвено со шведскиот бренд Intimina во 2020 година? Полемиката на Pantone беше најдобро резимирана од страна на аргентинскиот уметнички колектив Cromoactivismo, која во писмо во таа година праша: "Како можеме да мислиме дека нијансата 'Period Red' универзално може да ги претставува нашите менструални палети?" Не дека овие соработки треба да изненадат. Како можеме да го заборавиме контроверзното црвено партнерство „Period“(Менструација) во 2020 година со шведскиот бренд Intimina? Полемиката на Пантоне беше можеби најдобро сумирана од аргентинскиот уметнички колектив Cromoactivismo, кој праша во писмо таа година: „Како можеме да мислиме дека нијансата „Менструална црвена“ може универзално да ги претстави нашите менструални палети? „Чувствуваме потреба уште еднаш да кажеме дека не ни треба поддршка од глобална капиталистичка компанија која ја претвора бојата во приватна сопственост, стандардизирана стока“, напиша групата. #Pantone #PeachFuzz, #БојаНаГодината,
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Марина Абрамовиќ ќе ја изведе "Уметникот е присутен" за поддршка на Украина, Марина Абрамовиќ ќе ја изведе "Уметникот е присутен" за поддршка на Украина, марина-абрамовиќ-ќе-ја-изведе-уметникот-е-присутен-за-поддршка-на-украина
Марина Абрамовиќ ги објави своите планови за рестартирање на нејзиното значајно дело „Уметникот е присутен“ (The Artist Is Present) во корист на украинските жртви од разорните руски напади. Заедно со њујоршката галерија Шон Кели и Артси, сега е отворено наддавањето за можноста да учествувате во оваа претстојна итерација на едно од најпознатите дела на Абрамовиќ. Абрамовиќ првпат ја постави „Уметникот е присутен“ на МоМА во 2010 година, поминувајќи 736,5 часа во период од три месеци, седејќи тивко на маса, додека парадата посетители наизменично седеа спроти неа, споделувајќи молчалив контакт со погледот. Изложбата привлече околу половина милион посетители, додека приближно 1.500 луѓе - вклучувајќи ги Лу Рид и Бјорк, меѓу многу други значајни лица - добија шанса тивко да комуницираат со Абрамовиќ. Но, емоционалната кулминација на изведбата славно се случи кога поранешниот соработник и љубовник на уметникот, Улеј, неочекувано пристигна да ѝ се придружи. Обединувањето без зборови на двајцата отуѓени уметници останува една од најтрогателните средби снимени на филм, бидејќи и двете лица тивко ги регистрираат децениските интензивно комплицирани чувства. Претстојната постановка на „Уметникот е присутен“ во 2022 година ќе им овозможи на еден поединец и еден пар победници на аукцијата да учествуваат во легендарната изведба, а настанот ќе биде снимен од Марко Анели, фотографот кој ја документирал оригиналната изведба во МоМА во 2010 година. приходите ќе бидат донирани на Direct Relief, добротворна организација која работи со Министерството за здравство на Украина за да обезбеди итна медицинска помош на многуте Украинци уништени и загрозени од војната. „Роденa сум во Југославија, земја која напредуваше под културите од запад и Русија од исток“, објасни Абрамовиќ во изјавата за солидарност додека Русија ја нападна Украина. „Во текот на изминатите неколку години, работев во Украина и ги запознав луѓето таму. Тие се горди, силни и достоинствени. Јас сум во целосна солидарност со нив на овој невозможен ден. Нападот врз Украина е напад врз сите нас. Тоа е напад врз човештвото и мора да се запре“.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура






