Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Првото издание на Стрип Трип Фестивал Скопје!, Првото издание на Стрип Трип Фестивал Скопје!, првото-издание-на-стрип-трип-фестивал-скопје
„Девојки и дечки, млади и стари, грунфови и загори, ви го најавуваме Број 1 изданието на Стрип Трип Фестивал #Скопје! Со огромна возбуда и нескромно задоволство го најавувме првиот #стрип фестивал во МКЦ, идеално сумран во насловот Стрип Трип“ Првото издание на Стрип Трип Фестивал во Скопје се случува викендов во МКЦ Програмата е заситена со интересни настани и активности што сигурно ќе ги задоволат и најситенчените вкусови но и апетитот за стрипот. Во текот на двата денови, имате можност да учествувате во дискусии и презентации на најновите домашни и регионални стрип изданија. Ќе бидат присутни и гости автори и издавачи кои ќе ве запознаат со своите најнови дела и идеи. Од искусните и реномирани стрип цртачи, ќе видиме изложба на нивните дела, што ќе ни овозможи да се впуштиме во визуелните аспекти на стрипот и да го истражиме нивниот талент. Додека се запознавате со уметничките страни на стрипот, нема да изостане и одличната музичка програма. Доколку сте родители, вашите деца ќе имаат можност да се запознаат со уметноста на цртање стрип преку специјалната работилница предвидена за нив. Филмската програма ќе биде на располагање за сите кои сакаат да погледнат во светот на стрипот преку филмски аспекти. И што е најважно, не ја пропуштајте Берзата на стрипови! Ако сте издавачи, колекционери или просто љубители на стрипот, ова е вашата можност да се приклучите и да го заземете своето активно место на овој настан. Стрип книжарниците и издавачите : Стрип книжарница Бункер, Strip Kvadrat, Макстрипови, paragonscomics, comics.mk и Тошо Филиповски дадоа несебична помош и ориентација во организирањето на овој фестивал Илустраторот и уметник Гоце Илиевски беше задолжен за креирањето на дизајнот за овој настан.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дрејк против Universal Music Group: Легална битка во сенка на музичкиот конфликт со Кендрик Ламар, Дрејк против Universal Music Group: Легална битка во сенка на музичкиот конфликт со Кендрик Ламар, дрејк-против-universal-music-group-легална-битка-во-сенка-на-музичкиот-конфликт-со-кендрик-ламар
Дрејк, една од најголемите рап ѕвезди на нашето време, влезе во правен конфликт со својата издавачка куќа Universal Music Group (UMG), обвинувајќи ја за манипулација во корист на неговиот ривал Кендрик Ламар. Пејачот кој важеше за „миленик“ на извршниот директор на UMG, Лусијан Грејнж - дури Кање го тролаше дека му е татко, а фановите шепкулираа дека Луси ликот од стиховите на Кендрик Ламар не се однесува на Луцифер туку на челникот на Universal.. Тој сега се наоѓа во непријатна позиција како противник на истата куќа што ја поддржуваше неговата кариера од самиот почеток. Повод за правниот конфликт е хитот на Ламар, „Not Like Us,“ кој предизвика бурни реакции на музичката сцена. Песната, која вклучуваше остри коментари за Дрејк, дебитираше на првото место на листите, а беше прогласена и за „Песна на летото“ од читателите на Stereogum. Според документите поднесени од адвокатите на Дрејк, UMG и Spotify наводно користеле нелегални методи за да ја зголемат популарноста на траката, вклучувајќи користење ботови, манипулација на алгоритми и плаќање инфлуенсери за промоција. Обвинувања за манипулации и нарушен однос со UMG Во поднесокот, адвокатите на Дрејк ја обвинуваат UMG за користење на „неетички практики,“ вклучувајќи и намалување на лиценцните такси за Spotify, што довело до несоодветно промовирање на песната „Not Like Us.“ Еден од најконтроверзните моменти во документот е наводот дека Siri, дигиталниот асистент на Apple, наместо да пушта песни од албумот Certified Lover Boy, ги насочувал корисниците кон песната на Ламар, која содржи навредливи стихови за Дрејк. Иако UMG го негира тврдењето, повикувајќи се на „високи етички стандарди,“ правниот тим на Дрејк тврди дека сите обиди за мирно решавање на проблемот биле игнорирани. Иако ова сè уште не е официјална тужба, туку „преакциски“ поднесок, случајот го потенцира затегнатиот однос меѓу Дрејк и неговата издавачка куќа, како и сложената природа на модерниот музички пазар, каде што дигиталната манипулација е наводно сè позачестена. Со овој развој, иднината на соработката меѓу Дрејк и UMG е нејасна, но едно е сигурно – музичката индустрија внимателно го следи исходот на овој конфликт, кој би можел да создаде нови правила за тоа како се регулира дигиталната промоција и конкуренција. Еве еден органски линк, за душа:
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Мили Боби Браун го обвини колегата Дејвид Харбур за „вознемирување и малтретирање“ на сетот на Stranger Things, Мили Боби Браун го обвини колегата Дејвид Харбур за „вознемирување и малтретирање“ на сетот на Stranger Things, мили-боби-браун-го-обвини-колегата-дејвид-харбур-за-вознемирување-и-малтретирање-на-сетот-на-stran
Мили Боби Браун го обвини колегата Дејвид Харбур за „вознемирување и малтретирање“ на сетот на Stranger Things Пред последната сезона, актерката поднела пријава со „страници и страници обвинувања“, а Netflix молчи за исходот на истрагата Мили Боби Браун (Millie Bobby Brown) наводно поднела пријава против својот колега и екрански „посвоен татко“ Дејвид Харбур (David Harbour), обвинувајќи го за вознемирување и малтретирање на снимањето на последната сезона од серијата Stranger Things. Според британскиот Mail On Sunday, тужбата била поднесена пред почетокот на снимањето, а случајот довел до внатрешна истрага на продукцијата. Весникот пренесува дека против Харбур била спроведена долготрајна истрага, но без обвинувања од сексуална природа. „Мили поднесе пријава за вознемирување и малтретирање пред да почне снимањето на последната сезона. Имаше страници и страници со обвинувања, а истрагата траеше со месеци“, изјавил извор близок до продукцијата. Од Netflix досега нема официјален коментар, а исходот на истрагата не е познат. Според информациите, компанијата ја завршила проверката пред стартот на новите епизоди, но не објавила никакви резултати или мерки поврзани со инцидентот. Во серијата, Браун ја толкува Елевен тинејџерка со телепатски и психокинетички способности која станува посвоена ќерка на ликот на Харбур, полицискиот началник Џим Хопер. Тие двајца се меѓу најцентралните и најемотивни односи во Stranger Things, што го прави случајот особено чувствителен за фановите. Петтата и последна сезона на хит-серијата ќе биде поделена во три дела: првиот ќе пристигне на 27 ноември, вториот на 26 декември, а големото финале ќе биде објавено на 1 јануари. Сè уште не е познато дали контроверзијата ќе влијае на промотивните активности или појавите на актерите за финалето на серијата.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





