Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Грижа за себе според Beyoncé, Грижа за себе според Beyoncé, грижа-за-себе-според-beyonce
Beyoncé веќе со години не дава интервјуа. Привилегија која освен кралицата на Комонвелтот може да си ја дозволи и Beyoncé, и притоа да знае дека кога и да се врати со проект ќе го има вниманието на јавноста, со несмален интензитет. Затоа новото издание на Harpers Bazaar е фино да се види, наспроти нејзиниот 40ти роденден, патем и да ја испромовира Ivy Park соработката со Аdidas (chop chop Бијонса треба да ја стигнеш Rihanna)… Што е битно да се истакне од интервјуто, a што не сме слушнале до сега? Не многу (ретко бега од строгиот медиски тренинг), но еве цитат со кој се може да се поистоветиме “Во минатото поминав толку многу време на диети, со мисконцепцијата дека да се грижиш за себе е да вежбаш и да држиш диети. Моето здравје, како се чувствувам кога ќе се разбудам наутро, мирот, колку пати ќе се насмеам, со што го хранам мојот ум и тело, на тоа се фокусирав минатиов период. Менталното здравје е форма на грижа за себе. Се обидувам да го прекинам кругот на лошо здравје, запоставување, се фокусирам на суптилните знаци што ми ги дава телото. “. Тоа е Beyoncé, години…
- Крис Браун уапсен во Велика Британија поради напад со шише во лондонски ноќен клуб, Крис Браун уапсен во Велика Британија поради напад со шише во лондонски ноќен клуб, крис-браун-уапсен-во-велика-британија-поради-напад-со-шише-во-лондонски-ноќен-клуб
Американскиот R&B пејач Крис Браун е уапсен во Манчестер, Велика Британија, во врска со наводен напад кој се случил во лондонскиот клуб Tape во луксузното соседство Мејфер, уште во февруари 2023 година. Според информациите, Браун бил приведен во хотел во раните утрински часови во четврток, 15 мај, под сомнение за нанесување тешка телесна повреда на музичкиот продуцент Абе Диау. Според портпарол на Метрополитенската полиција, „36-годишен маж беше уапсен во хотел во Манчестер нешто по 2 часот наутро, во четврток, 15 мај, под сомнение за нанесување тешка телесна повреда. Тој е префрлен во полициски притвор, каде што сѐ уште се наоѓа. Апсењето се однесува на инцидент што се случил на 19 февруари 2023 година во објект во Хановер Сквер.“ Информациите за апсењето првично беа објавени од британскиот таблоид The Sun, кој наводно дознал дека Браун се наоѓа во Британија уште во средата, по неговото пристигнување со приватен авион. Весникот потоа ја контактирал полицијата, по што следувала акцијата во Манчестер. Полицијата од лондонската единица Central West Area Basic Command Unit го води истражувањето. Што се знае за инцидентот? Апсењето се однесува на инцидент што се случил во објект на Хановер Сквер на 19 февруари 2023 година (Браун е сликан во клубот). Абе Диау, музички продуцент, во изјава за The Sun од минатата година тврдеше дека Крис Браун го удрил со шише по глава во екот на ноќта во клубот Tape, а потоа го удирал со тупаници и клоци додека лежел на подот. Според неговите зборови, му колабирало коленото, по што бил пренесен во болница и подоцна отпуштен, но морал да користи штаки за да се движи. Моментално, полицијата сѐ уште не дала дополнителни детали за причините поради кои било потребно апсење речиси година и пол по настанот, но истрагата е во тек. Претставниците на Браун биле контактирани за коментар, но засега нема официјална изјава од нивна страна. Контроверзен профил зад блескавата кариера Крис Браун е познат по бројни светски хитови како Beautiful People, No Air, Under The Influence, Run It и Turn Up the Music, и зад себе има повеќе од две децении активна музичка кариера. Но, неговата јавна слика често е засенета со инциденти и контроверзии. Браун веќе има долга историја на проблеми со законот, меѓу кои и нападот врз неговата поранешна партнерка, пејачката Ријана, во 2009 година, Френк Оушн, но и силување на јахта во 2020. И покрај овие инциденти, Браун продолжи да ја одржува својата кариера и да продава концертни билети низ целиот свет. Тој моментално е на европска турнеја и има закажани настапи во Велика Британија за јуни и јули оваа година. Засега не е јасно дали апсењето ќе влијае на одржувањето на тие концерти. Додека тој се наоѓа во притвор, останува нејасно дали и кога ќе биде поднесено обвинение. Ваквите случаи, особено кога се во прашање јавни личности со интернационален статус, често привлекуваат големо медиумско внимание и отвораат пошироки дискусии околу одговорноста на познатите личности и односот на индустријата кон нив. Истовремено, прашања се поставуваат и околу медиумската улога во овој случај — особено поради фактот што апсењето било иницирано откако таблоидот The Sun ја информирал полицијата за присуството на пејачот во земјата. Овој аспект отвора етички дилеми околу соработката меѓу новинарите и безбедносните служби, како и потенцијалното влијание на медиумскиот притисок врз полициските процедури. Случајот со апсењето на Крис Браун во Велика Британија, поради наводен напад што се случил пред повеќе од една година, само ја продлабочува веќе контроверзната јавна слика на пејачот.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?, Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?, copy-of-зошто-се-жените-толку-маргинализирани-во-рокенрол-куќата-на-славните
„Се впуштив во овој бизнис за да пишувам одлични песни и да се журкам. Бев брз ученик. Го читав секое музичко списание што ќе ми дојдеше до рака и на 12 години, откако издигестирав многу изданија на Creem, решив да ја засновам мојата личност врз Лестер Бенгс, рок-критичарот раскажувач; неговата постојана верба во трансформативната моќ на одлична рок песна се совпаѓаше со мојата. (Исто така бев опседната со неговите непрестани расправии со Лу Рид – ме затекнуваа, но ги сакав). Уметниците и нивните песни го обликуваа мојот живот, моите верувања, мојата само-концепција како музичар – ‘ржечката Pissing in the River на Пети Смит, Barracuda на Heart, Dead End Justice на The Runaways, чии текстови уште ги знам од збор до збор. Но, она за што ниту едно списание или албум не можеше да ме научи или подготви е колку исклучителен треба да бидеш, како жена и уметник, за да ја држиш главата над вода во музичкиот бизнис. Прекрасниот Чак Ди рапуваше “Elvis is a hero to most, but he doesn’t mean shit to me” ( „Елвис е херој за повеќето, но тој за мене е срање“). Се согласувам. Биг Мама Торнтон за прв пат ја отпеа Hound Dog, напишана за неа (а, можеби и со неа) во 1952 година, што подоцна го стави Кралот на радио. Сестрата Розета Тарп ја препеа, исто така, нејзината верзија беше и најжестоката. Нејзината песна Strange Things Happen Every Day е снимена во 1944 година. Токму овие песни и нејзиното евангелско свирење гитара, ја сменија музиката засекогаш и го создадоа она што сега го нарекуваме рокенрол. Кога Куќата на славните на рокенролот беше отворена во 1983 година, би помислиле дека можеби ќе сакаат да започнат со Сестра Розета, со оние први акорди што ја зазвучеа песнарката од која сега сите пееме. Првичните индуцирани, беа Чак Бери, Џејмс Браун, Реј Чарлс, Литл Ричард, Сем Кук, Фетс Домино, Еверли Брадерс, Бади Холи, Џери Ли Луис и Елвис Присли, ниту една жена на повидок. Сестра Розета не беше примена, сѐ додека Рок куќата не беше јавно засрамена да ја додаде во 2018 година (таа беше на американска поштенска марка две децении пред Рок куќата да ја прифати). Биг Мама Торнтон, чија снимка на Ball’n’Chain исто така ја оформи оваа нова форма на музика? Сè уште не е примена. Денес, само 8,48% од индуцираните се жени. Номинациите за овогодинешната класа, објавени минатиот месец, понудија годишен потсетник за тоа колку една жена мора да биде извонредна за да влезе во клубот на старите момчиња (уметниците ги исполнуваат условите 25 години по објавувањето на нивната прва снимка). За една година беа номинирани повеќе жени отколку во кое било време во нејзината 40-годишна историја. Таму беа иконокластите: Кејт Буш, Синди Лаупер, Миси Елиот, две жени во бендови кои ја дефинираа сопствената ера: Мег Вајт од White Stripes и Џилијан Гилберт од New Order, и жена која го субвертираше клубот за момчиња, Шерил Кроу. Сепак, на овогодинешната листа, имаше неколку легендарни жени, кои мораа да се оладат, додека чекаат да бидат забележани. Ова беше четврта номинација за Буш, визионер, првата жена изведувач, што го освои првото место на топ-листата во Обединетото Кралство со песна што ја напишала (1979 Wuthering Heights) на 19 години. Таа стана подобна во 2004 година заслужено, во неговата прва година на подобност, заедно со Џексон Браун, ZZ Top, Traffic, Боб Сегер, Dells и Џорџ Харисон. Ко-основачот и тогашниот претседател на Рок куќата, Јан Венер (кој е исто така и ко-основач на Ролинг Стоун) беше примен и самиот. Но, Буш не успеа да се најде на гласачкото ливче до 2018 година - и таа сè уште не е вклучена. Не е важно што таа беше првата жена во историјата на поп музиката која ја напишала секоја песна на дебитантски албум, со продадени милиони примероци. Пионер на синтисајзери, и музички спотови, таа беше откриена минатата година од новата генерација обожаватели кога Running Up That Hill (A Deal With God) беше вклучена во хитот на Нетфликс Stranger Things. Таа сè уште прави албуми. А сепак нема гаранција дека таа ќе биде уфрлена оваа година. На Рок Куќата и́ беа потребни повеќе од 30 години за да ги воведе Нина Симон и Керол Кинг. Линда Ронштат го објави своето деби во 1969 година и стана првата жена која настапуваше на стадиони, но сепак беше примена заедно со Нирвана во 2014 година. Најневеројатно, Тина Тарнер беше примена како соло уметник, три децении откако ја доби номинацијата заедно со нејзиниот злоупотребувач Ајк. Зошто жените се толку маргинализирани од Рок куќата? Од 31 лице во одборот за номинации, само девет се жени.Според музичкиот историчар Евелин Мекдонел, гласачите на Рок куќата, составена од музичари и елитата на индустријата, се 90% од машкиот пол. Можете да ја отпишете Рок куќата како „гробница за бумери“ и да тврдите дека таа гради тотем на сопствената ирелевантност. Зошто да нѝ е гајле кој е примен, а кој не? Но, колку и да беа нејзините индукции за презир, Рок куќата е бедем против бришењето со кое се соочува секоја жена уметник без разлика дали копнее по честа, или сака да ја плукне. Сè уште е игра која ја препознава играта, историја создадена и забележана. Рок куќата е сила што создава кралеви во глобалната музичка индустрија (во САД се емитува на HBO). Индукцијата влијае на цените на билетите на уметниците, на нивните гаранции за изведба, на квалитетот на нивните кампањи за реизданија (ако воопшто се реиздадат). Овие можности се од оние кои го менуваат животот - ја прават разликата помеѓу турнеи во казина за секундарниот пазар, на кои настапуваат како предгрупи за комичари од втор ред; или да бидат хедлајнери на ценети фестивали. Рок куќата се прекри со сјај на гравитас, и долговечност што Греми наградите ги немаат. Особено за женските артисти - ветерани, индукцијата им дава статус што директно влијае на парите кои тие можат ги заработат. Тоа е еден од единствените начини, и секако највидливиот, за оставштината на овие жени, и влијанието, да се почитуваат со непосреден материјален ефект. „Ова не се песни, ова се химни“ (“These ain’t songs, these is hymns”), да го цитирам Џеј Зи. Цртата е демонстративно пониска, за мажите да можат да ја прескокнат (или да се лизнат под нејзе). Рок куќата, ги признаа Pearl Jam околу четири секунди откако беа квалификувани - а сепак Чака Кан, која ги исполнува условите од 2003 година, згаснува, со седум номинации. Сепак, не е сѐ изгубено - Рок куќата прави специјална програма за месецот на женската историја, на нејзината сценска облека... Она што го прави „секогаш-деверица“ (никогаш невеста) статусот на Кан, особено трагичен, е тоа што таа била, е, и секогаш ќе биде прародител. Едноставна фигура, таа е кралица на фанкот уште од кога едвај ја навршила тинејџерската возраст. Како што рече Рики Ли Џонс: „ Тука беше Арета, а потоа и Чака. Ќе чуевте како пеат и знаевте дека никој никогаш не го сторил тоа, претходно“. Сепак, Кан ја смени музиката. Кога беше на сцената во нејзиниот комплет со пердуви, изведувајќи ја Tell Me Something Good, носејќи ја на сите места каде што оди, таа отвори либиденален нов свет. Сензуалност, Црност, таа беше толку многу слободна. Тоа беше божествено. И никогаш повеќе ништо не беше исто. Но, и покрај сите нејзини исклучителни таленти и достигнувања - и ако постои нешто што жените во музиката мора да бидат, тоа е бескрајно исклучителни - Кан не ја убеди Рок куќата. Нејзините заслуги, нејзините Греми награди, нејзината долговечност, нејзиниот занает, нејзината упорност да преживее како млада Црна жена со сопствен ум во музичкиот бизнис од 70-тите, мостот пред рефренот за Close the Door- ништо од тоа не заслужува канонизација, или така вели Рок куќата. Креирањето канони на Рок куќата, не мириса само на сексистичко пазење на капијата, туку и наменска неупатеност и непријателство. Оваа година, еден од гласачите изјави за списанието Vulture дека едвај знаеле која е Буш - во годината кога таа имаше светски сингл број 1, 38 години откако првпат го објави. Потенцијалната индукција на Мег Вајт како половина од White Stripes (во нивната прва година на подобност) поттикна отворено презирлив дискурс на интернет, чувствувате дека доколку гласачите би можеле да го примат Џек Вајт без неа, тие би го направиле тоа денес. И сепак, таа ќе биде само третата тапанарка таму, по Џина Шок од Go-Go’s и Мо Такер од Velvet Underground. Каде е Шила И – ги исполнува условите од 2001 година? Не изгледа добро ниту за црните уметници. Beastie Boys беа примени во 2012 година пред повеќето црни хип-хоп изведувачи од кои научија да римуваат. A Tribe Called Quest, подобно од 2010 година чија музика создаде нова граница за хип-хопот, беа номинирани минатата година и повторно оваа година, како фрлање на коцките, наспроти белите рокери со кои се принудени да се натпреваруваат на гласачките ливчиња. Ако толку малку жени се примени во Рок куќата, тогаш комисијата за номинација е расипана. Ако толку малку црни уметници, толку малку жени од боја, се примени, тогаш процесот на гласање треба да се промени. Музиката е животна сила која постојано се развива и тие не можат да држат чекор. Срам да му е на HBO што ја поддржува оваа фарса. Доколку Рок куќата не е подготвена да ги погледне начините на кои го реплицира насилството на структурниот расизам и сексизам со кои се соочуваат уметниците во музичката индустрија, доколку не може соодветно да го почитува она што жените уметници - визионерки, го создале, иновирале, револуционизирале и придонеле за популарната музика. – па, тогаш нека оди по ѓаволите во чанта. Кортни Лав е пејачка, музичарка и актерка
- Мартикс: со новиот албум „Арсен“ го утврди својот статус како поетот меѓу раперите, Мартикс: со новиот албум „Арсен“ го утврди својот статус како поетот меѓу раперите, divi-razgovori-martix-go-objavi-arsen
Насловница на најновиот албум на Martix наречен Арсен. Овој разговор го договараме веќе една година. Од моментот кога Мартикс го издаде Буден Сонувам, дојде идејата за ова интервју - и не ме напушти. Ризикувам да влезам во клише и да инсистирам дека мојот соговорник е најпаметен, најталентиран, најинспириран, и ништо помалку, без да ги преиспитувам слабостите, но разговорот немаше да се случи доколку не помести, не уклучи светло во мене со она што го прави - и толку многу значи што таа музика е на македонски јазик, бидејќи се повикува на свет кој е дома за нас, и приказни кои ги препознаваме и вешто раскажани. Брилијантната музика колку и да е универзална, посебно тоа е случај за хип-хопот бара учење на нов културолошки јазик. Во стиховите на Мартикс (и на повеќето македонски рапери) - сме дома, инспирирани, а не иритирани. Тоа интервју не се случи, бидејќи времето некако постојано ми се лизгаше низ прсти. Иако тој великодушно ме разубедуваше дека имам време, колку што ми е потребно, за да се подготвам и „да не брзам“, се чувствувам како да должам – не само на него, туку и на себе, и на сите. Должам еден разговор со Мартикс – еден од најдобрите поети меѓу раперите. И поети. Точка. Најживата полнокрвна македонска поезија се чини живее во рапот во овој момент. Во овој разговор, зборуваме за неговите музички инспирации, за длабоките симболики зад Арсен, за работата на далечина со Фундамент, како и за неговите љубовни афери со музиката – од пост-панк до бразилски ритми. Но, исто така, ова е и разговор за поезијата, за емоциите и за тоа како музиката може да не одведе подалеку од зоната на комфор – таму каде што сме најживи. „Како си? Како ти изгледаат деновите во последно време, и што ти се врти низ мозок?“ :) Задоволно и благодарно. Тоа ми се последните скалила пред да бидам среќен. Последниот период се се вртеше околу 30ти, датумот од промоцијата, но голем дел од работите се уште ротираат околу албумот и неговото пласирање и промовирање. Добивам пораки кои се ветер во едра и тоа ми знак дека не погрешивме што го кренавме „Сидрото горе“. Низ мозок ми се вртат сите pre-order и post-order нарачки што се уште ги немам доставено :)) Не мора многу да бидеш најголемиот фан на Martix, за да ја препознаеш врската која ја имаш со поезијата, книжевноста: првенецот е насловен NeverAmore, трака насловена „Црни Мугри“, „Трпител на дејството“ Од каде доаѓа тоа? Природна склоност кон сите работи литература, страст, или можеби и професионално си поткован? Најпрвин од приказните на баба ми. Тогаш сфатив дека тоа е нешто што ме држи буден, а не нешто што ме успива. Потоа лектирите и друга литература од авторите кои ми оставаа впечаток. Се вљубив во пишувањето можеби некаде кај првите писмени по македонски јазик. Потоа се запишав на Општа и Компаративна книжевност, па така личната страст доби и професионална подлога. Што дојде прво за тебе? Со што се запозна првично: рапот или поезијата? Или ова прашање за тебе е она на кокошката или јајцето? Рапот. Пораснав со цедиња од брат ми и братучед ми и така првпат ги слушнав САФ и Most Wanted од Македонија, па Едо Маајка, па DMX, Biggie и Snoop на некоја пиратска компилација. Поезијата и желбата да пишувам се појави подоцна, кога мислев дека имам и јас да кажам нешто паметно :) Која е задачата на Fundament - очигледно има крупно влијание бидејќи го имаш потпишано како соработник, ко-автор? Што му даде тој на Арсен? АРСЕН е изработен 50-50 заедно со Фундамент и воопшто не можам да го замислам овој албум поразлично од што е сега. Фундамент носи претпознатлив звук со години, истиот звук е задржан и овде, но мислам дека се случи и некое надградување во пристапот и сензибилитетот. Сакам да верувам дека овој проект го извади најдоброто од двајцата. Фундамент беше првата искра и идеја за албум кој ќе биде заеднички во целост и еден од концептите што ги зборувавме беше токму АРСЕН. „Oдам напред штом зад грб е Прокопенко“ – ова го напишав токму затоа што чувствував дека Фундамент ќе се посвети максимално на проектот и ќе ме мотивира да не потклекнам пред ниту еден предизвик. Македонија и Балканот се чини дека се вплетени во современиот хип-хоп. J cole рапува "Since our last undressin' session I'm not really sure if you've been checkin' I'm progressin', I just heard my songs is poppin' out in Macedonia And even Serbia, I don't mean to burden ya" Kendrick Lаmar iskoristi sempl od "Ostavi trag" на DAMN, Еminem со екипата се појави на BET наградите пред некоја година, со маички на кои пишуваше „Семоќниот“ на македонски, Дрејк позира со албанско знаме на спот, и продуцентот му е Турчин, A$AP Rocky растури со видео кое е ништо помалку од Slav Core (снимено во Киев).. Имаш ли идеја од каде доаѓа овој амалгам како дојде до препозанавње на овие култури? Дали имаме силна сцена која можеби сепак остава белег и колегите ја препознаваат? Мислам дека не доживуваат како егзотично место и како ориент, како што ние исто така гледаме на голем дел од светот. Продуцентите најчесто се многу љубопитни луѓе кои сакаат да копаат музика од сите краишта, па така и овде голем дел од нив нашле емоција која ги инспирира и можат да ја претворат во инструментал. Прво нешто што ми текнува на оваа тема е дека и Vinnie Paz - Slum Chemist има семпл од Kazi zasto me ostavi oд Џими Станич, а има и доста интересни соработки, турскиот рапер Ceza има песна со Tech N9ne и Busta Rhymes, нашиот Ристе Иракоски има песна со A.F.R.O - дечкото што го воодушеви Ra The Rugged Man до степен да го вика на секој концерт и да го спои со сите важни ликови во Америка. Сигурно има нешто што остава белег, но музиката секогаш си го наоѓа патот и се уште е најдобар амбасадор и најлесен начин за конекција со луѓе од други места. На последниот албум „Арсен“, ти гостува Тибор од Хрватска, а на промоцијата освен Тибор беше и WLD од Софија. Каде сме во балканскиот контекст. Дали како некогаш, има хиреархија, или сепак работите рамо до рамо? Секоја држава на Балканот има силни и послаби страни кога се работи за хип-хоп. Никогаш не сум гледал со некаква хиерархија или некакво потчинување, но за жал одредени држави поради јазични бариери не можат сосема исто да се пласираат како некои други, но соработки постоеле уште многу одамна, а постојат и се уште. Неколкуте денови во кои Тибор беше овде успеа да снима околу 5 песни и да воспостави многу поголема мрежа. Снимаше и со WLD, а тоа можеби и да е првата хрватско-бугарска рап соработка. Јас веќе имам снимано со WLD и Тибор, Последниот викенд бевме во Софија со Токсиколози, снимавме песна и со Секта. Во иднина сигурно би се случила соработка и со Сајкослав од Словенија. Паралелно се случуваат одлични соработки и супер фестивали каде има артисти од сите држави, а колку повеќе соработки, толку поголема е веројатноста за гостувања и настапи. Каква е рап сцената во Кочани, дали има млади таленти кои можеме да ги очекуваме ? Сите активни артисти од Кочани, подолго време не живеат во Кочани, но прават музика која остава белег на кочанскиот рап без разлика на нивното физичко отсуство. Имаме група на фејсбук заедно со Влакс, Фундамент, Духот и Бомер и така ја чуваме сцената...виртуелно :)) Има млади таленти што сум ги слушал како прават фристајл, но се уште не знам за некое дете кое влегло во студио и дека нешто следува во иднина. Доколку некој срамежливо собира храброст да почне, ги охрабрувам и стојам зад нив за било каква помош и конекција. Младата генерација на рапери и музичари се попромислени како функционираат - омотот на Буден Сонувам е на FLIM (Иван Петрушевски ), ја дистрибуирате музиката на сите стриминг платформи, делува дека многу внимание е посветено на тоа како се движите и настапувате во своите јавни улоги - веројатно изложеноста на интернет придонела до тоа. Но судејќи по стиховите имам впечаток сепак има доза на огорченост и осуда на постарата генерација рапери која доаѓа пред вас и е малку потврдокорна? Дали погрешно ги слушам и толкувам? Дали се тоа единствените разлики доколку ги има? Најпрвин благодарам за увиденото. Ми значи што некој го препознава ентузијазмот на младите и нивната желба продуктот да го пласираат најдобро што можат. Сигурно огромна улога во тоа има и интернетот. Полесно е за пласирање, но потешко е да те препознаат и пронајдат во морето од секаков контент. Постарата генерација на хип-хоп артисти е генерација со која имам пораснато, која ме има научено и мотивирано, а голем дел од нив биле поддршка од најпрвата демо снимка и останале поддршка и до ден денес. Не се согласувам околу твродокорноста, мислам дека емоциите се нешто најхардкор што луѓето можат да го покажат. Мислам дека новите генерации на ова поле се похрабри, затоа што се поискрени, а често се претставуваат и ранливо, без да играат его игри и победуваат замислени ветерници. Конкретно за мојата огорченост, а мислам дека алудираш на песната „Арсен“ е само спортски поздрав до одредена критична маса на која најпрвин и е мило, дур подоцна не им стане криво за туѓиот успех. Тоа е изолиран случај, локален и воопшто не е некаква генерациска војна. Со оглед на тоа дека си препознатлив по силните лирични текстови, дали имаш можеби амбиција да пишуваш и надвор од рапот? Поезија, проза или нешто трето? Благодарение на факултетот, а особено предметот Креативно пишување, се запознав со многу техники и форми на изразување. И пред тоа имам пишувано кратка проза, есеи за одредени конкурси, имам неколку поеми кои се објавени и бајката за деца „Океанија“ која летото заедно со Арт-Манија ја поставивме на сцена, па имав можност за првпат да се бавам и со драматургија. Тој процес ми остави силен впечаток и мислам дека ако одреден момент паузирам од рапот, сигурно би пишувал драмски текст. Мартин Миљев беше вклучен со „Океанија“ во зборникот „Нови бајки од Македонија“ „Океанија“ на Мартин Миљев беше вклучена во збирката „Нови бајки од Македонија“ Зошто го избра насловот Арсен? Имаш и објаснување за тоа - но опомена (која јас ја изигнорирав)... објасни ја таа трозначност, triple entendre, за оние кои не знаат. Арсен најпрвин го доби своето име во чест на Арсен Дедич, бидејќи сите инструментали се семплови од негови песни. Убавината е значењето на неговото име кое ни отвори простор да влеземе уште подлабоко во симболиките на отровот, лекот, смртта и животот. Затоа и истоимената песна на албумот завршува со стиховите: Разлика од лекот и од отровот е дозата. Уште повеќе симболики вметнав во самата песната, па затоа го поврзав и со Арсен Венгер и Арсен Лупен. Морам да кажам дека Арсен Дедиќ и за мене беше некоја стара школа, за која требаше дообразување за да се разбере. Што значи тој за тебе, дали можеби повторно се враќаме на поезијата? Со Арсен Дедич најпрвин се запознав преку платинум изданијата на Jутуб, па се опседнав. Потоа успеав да опседнам и други луѓе. По некогаш одбивам да пуштам негова песна бидејќи знам да заглавам со недели и да го слушам само него. Арсен Дедич е велемајстор на зборот, но неговата музичка позадина и познавање, аранжманите на песните, пристапот, игривоста е нешто што според мене го става повисоко од останатите кантавтори на Балканот. Имав среќа што и Фундамент имаше навлезено во неговото творештво, па некако целиот албум се случи многу природно и со многу љубов. Мислам дека во моментот имаме резерва семплови за уште најмалку 2 албуми АРСЕН. Fundament (Филип Прокопенко) живее во Канада - каква е динамиката кога работиш со некој long distance? Фундамент го знам многу години, а првпат го запознав во живо годинава. Нашиот однос е истрениран да функционира long distance. Технологијата дозволува да се работи и на ваков начин, договорите се прават преку гласовни пораки, видео повици и WeTransfer линкови. Знаеме дека не е исто како да сме поминале часови заедно во студио, но сепак функционира. Временската разлика исто знае да биде проблем, бидејќи најдобро време во кое и двајцата сме слободни беше кога кај нас е веќе полноќ. Неколку месеци прво подочњаците стигаа на работа, па јас, но преживеавме :)) Што слушаш што не е рап? Си размислувал ли некогаш да експериментираш со други жанрови? Слушам неколку омилени YouTube канали, каде многу често има одлична музика од сите делови од светот. Топло го препорачувам Terminal Passage. Најчесто слушам нешто инструментално од типот на Clutchy Hopkins, Janko Nilovic, Shawn Lee, Мoondog и сл. Слаб сум на музика од Балканот, Јапонија и Бразил. Често се дружам со сурф рок и сурф панк, пост-панк, трип-хоп, world музика, дум и стоун метал. Сум пробал да правам фристајл на пост-панк инструментали и звучи неочекувано и интересно. Ќе ја оставаат таа врата отворена за во иднина. Имам впечаток дека како луѓето почнуваат да го слушаат албумот, и се сретнуваат со нешто посебно - реагираат со некоја еуфорија налик на заљубеност. На што се надеваш, која е твојата најхрабра желба, поврзана со успехот на „Арсен“, каде сакаш да стигне, каде сакаш да те одведе - а каде нас како публика? Ете кога веќе ми дозволи да сонувам и замислувам: би сакал да го настапам целиот албум со филхармонија, да искочи на винил, да направам уште една промоција на која ќе биде присутен и Фундамент и сите кои не беа овде физички. АРСЕН сакам да ја однесе публиката таму каде и е најубаво. Потајно надевајќи се дека тоа нема да биде комфор зона, бидејќи и јас не знам следниот проект како ќе звучи. neverAmore! беше многу мрачен, Буден Сонувам ведар, АРСЕН го доживувам како 50-50. Затоа мислам дека секој треба да пронајде она кое најмногу му се допаѓа од AРСЕН. Се надевам дека сите кои слушаат и сите кои учествуваа ќе ги добијат цвеќињата кои ги заслужуваат. Јас секојдневно добивам пораки полни со солзи радосници и тоа е доказ дека емоцијата е пренесена и стигнала таму каде што треба. Тоа е мојата храна и воздух во мојата боца...исто како и ова интервју. Ти благодарам . Ти благодарам јас на тебе Мартин, и ти посакувам да сонуваш, замислуваш а потоа и пловиш во тие предели - без виза и задршка! Албумот „Арсен“ на Martix и Fundament може да се најде на сите стриминг платформи. На Bandcamp може да се симне бесплатно, но сепак ве охрабруваме да ја поддржете младата полнокрвна уметност со оставање на донација по своја мерка и мерак ТУКА Разговорот со Martix (Мартин Миљев) го водеше Ана Чушкова.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





