top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Да Џака Накот со нов албум!, Да Џака Накот со нов албум!, да-џака-накот-со-нов-албум-1

    Најплодниот не само рапер, не само музичар, веројатно и во категоријата уметник Da Dzaka Nakot издаде уште еден албум, но од она што успеавме да чуеме не на сметка на производот. За заситеност во културно изгладнета средина не може да стане збор, но токму тој глад парадоксално се чини дека го храни лиричниот змеј. Да го преслушаме како што треба и следи ривју. Ова е само препорака да тркнете до Apple Music/Spotify/Youtube или која и да е вашата платформа и да дадете придонес на македонската сцена и нешто за себе.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Нина Симон беше радикална, Нина Симон беше радикална, нина-симон-беше-радикална

    Авторка: Шардин Тејлор-Стоун; „Никогаш не зборувавме за мажи или облека. Секогаш беше Маркс, Ленин и револуција — вистински женски муабети.“ — Нина Симон Забелешката на Нина Симон за тоа дека не разговарала за мода, туку за „Маркс, Ленин и револуција“ нуди увид во секојдневниот политички живот на Симон, подалеку од нејзината попозната приказна како активистка за граѓански права и музичарка. Овој „женски муабет“ се одвивал со нејзината пријателка и драматург Лорејн Хансбери — разговор меѓу две црни жени кој, како што вели Симон, не бил за мажи или облека, туку за креативната работа што ја создавале и како ја гледале нејзината улога во ослободувањето на нивната заедница. Повикувајќи се на автобиографската драма на Хансбери „Да се биде млад, надарен и црн“ (To Be Young, Gifted, and Black), Симон подоцна напишала песна со истиот наслов во чест на нејзината пријателка и другарка откако Хансбери починала од рак на панкреасот на трагично млада возраст од триесет и четири години. Ова пријателство и другарство покажува како интимните разговори меѓу политички ангажираните црни жени имаат моќ да инспирираат. Тие се одвиваат подалеку од погледот на мажите, подалеку од белите луѓе; тие можат да бидат места за одмор во кои може да се собере енергија и повторно да се приклучи на поширокото движење кое често ги маргинализира и брише политичките согледувања на црните жени. Да се каже дека Нина Симон е „избришана“ би било апсурдно. Таа е една од најславните музичари на дваесеттиот век. Нема потреба да се пишува уште еден напис, биографија или анализа на нејзините политички песни. Но, на годишнината од нејзината смрт, можеме да погледнеме како се раскажува приказната за политичкиот живот на Симон и кој ја раскажува; што избираат да вклучат, а што, всушност, „бришат“. За Нина Симон често се зборува како за активистка за граѓански права, и таа беше тоа. Но, движењето за граѓански права опфаќаше многу различни политички ставови за тоа како треба да изгледа ослободувањето. Некои, како NAACP (Национално здружение за унапредување на обоените луѓе), сакаа либерални реформи кои беа критикувани дека се корисни само за афроамериканската средна класа. Црните националисти бараа економска независност и нова црна држава, одвоена од расистичката бела Америка, иако беше дискутабилно нејасно како би изгледала таа нова држава, освен како црна верзија на капитализмот. Поради тоа, не сите активисти за граѓански права ги спомнувале Карл Маркс или Владимир Ленин како пример за разговорите што ги воделе со пријателите. За жена со жестока интелигенција, талент и брилијантност, која точно знаеше како сака да биде слушната преку нејзината музика и настап, можеме да го сфатиме ова како изјава за намера, а не како минлива забелешка. Нина Симон ни кажуваше дека е комунистка, другарка, револуционерка. Понекогаш, црните уметнички, а особено музичарки, кои покажуваат некаква форма на левичарска политика, се дерадикализираат во побезбедни верзии што ги прават белите слушатели поудобни, како што белиот комунистички фолк музичар Фил Окс хумористично пееше во неговата химна „Сакај ме, јас сум либерал“ (Love Me, I'm a Liberal). Либералните белци можеби одат на митинзи за граѓански права, пее Окс, „Но не зборувајте за револуција / Тоа оди малку предалеку.“ Симон сакаше да оди дотаму. Напишана како одговор на бомбардирањето на баптистичката црква на 16-тата улица во септември 1963 година — терористички напад на бели супремасисти во кој загинаа четири млади црни девојчиња на возраст меѓу единаесет и четиринаесет години — Симон пее во „Mississippi Goddam“: Се обидуваат да кажат дека е комунистички заговор Сè што сакам е еднаквост За мојата сестра, мојот брат, мојот народ и мене. Ова може да се чита како одговор на макартистичката „Црвена паника“, во која секој разговор за еднаквост се поистоветуваше со комунизам и „антиамериканско“ расположение. Но, кога ќе се прочита во светлината на нејзиниот „женски муабет“ со Хансбери и политиката на нејзиниот социјален круг, вклучувајќи ги Џејмс Болдвин, Стоукли Кармајкл и Ленгстон Хјуз — сите активисти кои се занимавале со социјализам — овие стихови се политичка изјава. Симон е на левицата бидејќи ја гледа како единствен пат до вистинска еднаквост; реформите „оди полека“ кои ја смируваат расистичката држава не се опција. Исто така, гледаме одраз на интернационалистичка политика во „Backlash Blues“, чии стихови се земени од песна напишана за Симон од Хјуз: Но, светот е голем Голем, светол и тркалезен И полн е со други луѓе како мене Кои се црни, жолти, беж и кафеави. Една од последните работи што Хјуз ги напишал, песната размислува за Виетнам и за афроамериканските мажи кои се испраќаат да водат империјалистичка војна додека дома се третирани како граѓани од втор ред. Симон му кажува на слушателот дека таа и другите расизирани групи кои се угнетувани од многуте инкарнации на „Г-дин Реакција“ (Mr Backlash) се, всушност, мнозинството во светот — изјава што го одразува политичкиот момент во кој организации како Партијата на Црните Пантери се обидуваа да изградат меѓународни коалиции со други луѓе ширум светот кои страдаат од последиците на американскиот империјализам. Политичката историја на црната американска левица е важна за контекстуализирање и разбирање на делото на Симон, но сакам да се вратам на „женскиот муабет“ меѓу Симон и Хансбери. За моето уво, како Црна жена, социјалистка, феминистка и музичарка, политиката на овие приватни и интимни разговори меѓу радикалните црни жени се појавува во музиката на Симон. Земете ја песната „Четири жени“ (Four Women). Често нарекувана феминистичка химна, песната ги опишува наметнатите класни и родови улоги и стереотипи во кои црните жени се нашле заробени: „мамичката“ (mammy); „трагичната мулаткиња“ (tragic mulatto); сексуалната работничка; лутата црна жена. За мене, песната оди подалеку од поедноставена анализа на ропството и ефектот на неговото наследство врз црните жени денес. Наместо тоа, ги замислувам Хансбери и Симон како зборуваат за сопствените животи и животите на другите црни жени користејќи марксистичка анализа која опфаќа раса, род и класа; тие би зборувале за тоа како расизмот и капитализмот ги создале животите на жените во песната, Тетка Сара, Сафронија, Свити (Sweet Thing) и Пичес (Peaches) — животите на црните жени кои постојано мораат да се борат, да преживуваат и да даваат отпор. Политичкиот живот на Нина Симон не може целосно да се опфати во еден краток напис. Таа беше вистинска сила која ја донесе пораката за слобода, еднаквост, правда и ослободување до сите што имаа задоволство да ја слушнат нејзината музика. Но, важно е да не ја ставаме во калапот само на активистка за граѓански права: таа беше револуционерка — жена која се занимаваше со делата на Маркс и Ленин, и која таа револуционерна пракса ја внесе во својата музика на начин кој продолжува да одекнува кај нас и денес. Извор:

  • Летото за некои е идиличен период а за други пеколни месеци кои едвај ги преживуваат, Летото за некои е идиличен период а за други пеколни месеци кои едвај ги преживуваат, летото-за-некои-е-идиличен-период-а-за-други-пеколни-месеци-кои-едвај-ги-преживуваат

    Летните месеци носат топлина, сонце и можност за активности на отворено. Но, сепак, реакциите на луѓето кои се однесуваат на овие услови се различни. За некои, летото е време на уживање и радост, додека за други е период кој тешко се поднесува. ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ ДОБРО ГИ ПОДНЕСУВААТ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ И УЖИВААТ ВО ЛЕТОТО А ЗА ДРУГИ - Е ИЗВОР НА СТРЕС? Физиолошки разлики: Човечкиот организам може да реагира различно на топлината во зависност од неговата физиологија. Некои луѓе имаат брз метаболизам и го поднесуваат повишената температура подобро, додека други имаат спор и брзо се загреваат. Културни и географски фактори: Луѓето што живеат во ладни или умерени клими, како на пример на северните делови на Европа или Северна Америка, може да имаат навикнато тело на помалку топлина и затоа тешко го поднесуваат големите високи температури. Степен на аклиматизација: Луѓето што се аклиматизирале на високите температури, како на пример, живеење во топли краеви или продолжителни периоди на високи температури, можеби ќе го поднесат летото подобро од оние што не се аклиматизирани. Здравствениот статус: Некои медицински состојби, како што се фибромијалгија, главоболка или биполарната состојба, може да влијаат на способноста на некои луѓе да се справуваат со високите температури и да уживаат во летото. Индивидуални склоности: Секој човек претпочитува различни лични интереси. Некои луѓе просто уживаат во сонцето, морето и летните активности, додека други повеќе се привлечени од зимските забави и ладниот воздух. Наследствени аспекти: Генетиката може да игра важна улога во тоа како луѓето реагираат на високите температури. Некои луѓе имаат природна склоност кон топлина поради нивната генетската структура. Нивната физиологија можеби подобро ја регулираат телесната температура, што им овозможува подобро поднесување на топлината. Психолошки аспекти: Индивидуалните склоности и психолошката состојба можат да влијаат на начинот на кој луѓето го доживуваат летото. Некои луѓе можеби имаат позитивни асоцијации со летото, како на пример спомени од детството или пријатни искуства на одмори. Тие може да се чувствуваат поинаку и подобро кога е топло. Насупроти тоа, други може да имаат негативни асоцијации или дополнителен стрес во летниот период, што може да го зголеми нивниот непријатен осет кон топлината Физиолошки аспекти: Реакцијата на телото кон високите температури може да зависи и од физиолошките разлики. Луѓето различно реагираат на топлината поради различни аспекти како метаболизамот, дебелината на кожата и секрецијата на пот. Оние со побрз метаболизам може да генерираат повеќе топлина, додека луѓето со потенок кожен тип може да имаат поголема потничка секреција, што може да го олесни ладењето. Лични предубедувања: Навиките и личните предубедувања можат да влијаат на начинот на кој луѓето ги доживуваат сезонските промени. Луѓето кои се навикнати на летните активности и можеби имаат природен љубопитен дух, можат да се чувствуваат подобро во летото. Откако тие се навикнале на топлината, тоа може да стане нивен природен режим на функционирање. Сè на сè, различните реакции на луѓето на високите температури се многу комплексни и зависат од многу фактори. Едно е сигурно - секој човек треба да се грижи за своето здравје и да преземе соодветни мерки за заштита од високите температури ако ги тешко поднесува летните услови. Важно е да се хидрирате доволно, да го користите заштитниот фактор, да избегнувате прекумерната изложеност на сонце и да се облечете соодветно за временските услови. КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ ТЕШКО ГО ПОДНЕСУВААТ ЛЕТОТО? - Летната депресија: Ова е состојба кога луѓето се чувствуваат тажни, безволни и безнадежни за време на летото. Некои од факторите што можат да предизвикаат летна депресија се: промена во ритамот на спиење и будење поради подолгите денови, изолацијата од пријателите и семејството поради годишните одмори или работа, финансиски стрес поради трошење на пари за патувања или забава, или недоволно изложување на светлина поради премногу време поминато внатре. - Летни алергии: Некои луѓе се алергични на поленот, прашината, животинските влакна или други алергени што се почесто присутни за време на летото. Ова може да предизвика кивање, течење на нос, чешање на очите, кашлица или дишни тешкоти и контактен дерматитис. Некои од начините за да се спречат или олеснат алергиските реакции се: избегнување на контакт со алергените, користење на антихистамински лекови или спрееви за нос, носење на очила или марами за да се заштитат очите и устата, или користење на клима уред или вентилатор за да се освежи воздухот. - Летна дехидрација: Ова е состојба кога телото губи повеќе течности од колку што внесува. Ова може да предизвика главоболка, вртоглавица, слабост, сувост во устата или кожата, или зголемена телесна температура. Некои од причините за летна дехидрација се: прекумерно потеење поради високите температури, недоволно пиење на вода или други течности, конзумација на алкохол или кафеин што имаат диуретички ефект, или изложеност на директна сончева светлина. Некои од начините за да се спречи или третира летна дехидрација се: пиење на доволно вода или спортски напитоци што содржат електролити, избегнување на пиење на алкохол или кафеин, носење на лесна и светла облека што дозволува потеењето, или барање на сенка или ладно место за да се одмори. Ова се само некои од причините зошто некои луѓе тешко го поднесуваат летото. Секако, има и многу позитивни страни на летото, како што се: витаминот Д (хе хе) , зеленилото, летниот зеленчук и овошје, забавите и релаксација. Сè зависи од тоа како гледаме на работите и како се прилагодуваме на околината НЕКОЛКУ ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТИ ЗОШТО ЛЕТОТО ЗА НЕКОИ Е ТЕШКО ДА СЕ ПОДНЕСЕ Топлински стрес и уживање на контролата: Некои луѓе може да имаат изразено негативни реакции на топлинскиот стрес поради чувство на губење на контрола. Високите температури можат да предизвикаат промени во телесната температура и настанување на незгодни услови како сонливост, замор и други непријатни симптоми. Луѓето кои се осетливи на губењето на контролата во такви ситуации може да искусат тешкотии и дискомфорт. Анксиозност и страв од топлината: Некои луѓе можат да имаат анксиозност или страв од топлината. Ова може да биде поврзано со некои негативни искуства од претходни лета, како на пример, здравствени проблеми поради високи температури или искуство на сунчев удар. Овој страв може да ги поттикне нивните негативни реакции на топлината и летото воопшто. Социјални и економски аспекти: Некои луѓе може да се соочат со социјални или економски предизвици поврзани со летото. На пример, некои може да немаат пристап до добра климатизација во своите домови или работни простории, што може да го зголеми нивниот страдалнички период во високите температури. Особено влијание може да имаат финансиските предизвици кај луѓе кои не можат да си дозволат одмори или придружување на активности кои би ги олесниле тешкотиите со топлината. Депресија и сезонски афективено психичко расстројство: Некои луѓе може да искусат депресија или сезонски афективен психички расстройство (SAD) што може да биде поврзано со сезонските промени во осветленоста и температурата. Овие психички состојби можат да ги влошат нивните реакции на летото и да го зголемат нивниот осет кон топлината. Социјални очекувања и притисоци: Летото често се поврзува со одмори, патувања и забавни активности. За некои луѓе, ова може да предизвика притисок или чувство на неусогласеност ако не можат или не сакаат да учествуваат во овие активности. Овој притисок може да создаде негативни емоции кон летото и да ги подобри нивните тешкотии во поднесувањето на високите температури. Важно е да се има во предвид дека секој човек е различен и причините за тешкотиите во поднесувањето на летото можат да варираат од личност до личност. Ако некој искусува сериозни проблеми со високите температури, се препорачува да се консултира со професионален здравствен стручњак за поддршка и совети

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page