top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Трансродовите лица во Скопје се подготвуваат за Марш за видливост | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%88-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан трансФорма, марш 14.11.24 г., 18:00 Во петок се одржува петтиот Марш за видливост на трансродовите лица Скопје, 29 март - Граѓанската иницијатива ТрансФормА и поддржувачи на транс заедницата го организираат петтиот по ред Марш за видливост на трансродовите лица во Скопје , со цел да се прослави Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица. Настанот, кој ќе се одржи на 29 март, стартува во 12 часот пред Владата на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред Собранието.Маршот, кој се одвива под слоганот "МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост" , има за цел да ја зголеми свеста и да се бори против насилството и дискриминацијата кон транс лицата. Организаторите истакнуваат дека видливоста е од критично значење за постигнување на социјалната и правната интеграција на трансродовите лица во општеството.ТрансФормА, која дејствува во заштита и унапредување на правата на трансродовите лица, со овој настан исто така потенцира потребата за постојана борба против стереотипите и предрасудите кои доминираат во македонското општество, кое често се опишува како конзервативно и затворено. Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, кој се одбележува на 31 март, првпат беше основан во 2009 година од американската транс активистка Рејчел Крндалд , со цел да се создаде ден кој ќе ги слави и ќе ја зголеми видливоста на трансродовите лица, во спротивност со Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, кој често е единствениот настан поврзан со транс заедницата. Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество. На 29-ти март гласно ја испраќаме пораката „МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост“ со што се обидуваме да ја зголемиме видливоста на трансродовите луѓе, која е од клучно значење за овие процеси со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Република Северна Македонија барем декларативно се залага. - ТрансФорма. Овогодинешниот марш во Скопје ги повикува сите членови на општеството, независно од нивниот полов и родов идентитет, да се придружат во поддршката и солидарноста со трансродовите лица, и да покажат дека секој има право да живее без страв и дискриминација.Се очекува значително присуство на активисти, поддржувачи, и граѓани кои ќе го изразат своето единство во борбата за рамноправност и признавање на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија. фотографии: Ванчо Џамбаски; марш за видливост 2023; следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Кога револуцијата не можеше да биде експлоатирана на телевизија, но заврши славена во кино салите, Кога револуцијата не можеше да биде експлоатирана на телевизија, но заврши славена во кино салите, кога-револуцијата-не-можеше-да-биде-експлоатирана-на-телевизија-но-заврши-славена-во-кино-салите

    Во 2015-та кога се објавија годинешните оскаровски номинации, хаштагот #oscarssowhite се рашири преку осудувачката смеа на твитерџиите - зарем можат „тие“ да бидат поочигледни во неразбраноста, културното слепило, и да ги игнорираат црните и малцинските креативци? Се чини дека „тие“ искрено беа засрамени и се обидуваа грчевито во следните години да го поправат впечатокот. 2022. Го водат три жени: комичарките Ванда Сајкс, Ејми Шумер, и Реџина Хол. Продуцент е Вил Пакер. Тој ги отвара Оскарите со Бијонсе, која е номинирана, и настапува од Комптон. Кралот Ричард, во кој глуми Вил Смит е филмот на вечерта уште пред и да почнат Оскарите. Конечно ја удираат онаа слатка точка на културолошки сензибилитет. И тогаш се случува инцидентот за кој се зборува до ден денес- Вил Смит во овој момент е на турнеја за извинување. Многу работи беа кажани ,како Вил Смит со шамарот го украде овој момент на црната креативност, но најмногу од сѐ му го украде моментот на Квестлов кој веднаш после шамарот го прими Оскарот за Лето на соулот - сите бевме во шок како екипата истапуваше на сцената. Можеби тие најмногу од сите. Скопскиот Џез фестивал нѝ го носи на проекција по втор пат во сабота, па можеби ќе може да му се врати вниманието и акцентот кој што е сосема заслужен. Го гледам филмот без никакво предзнаење. Сите наговестувања што ги имам се “документарец - лето - соул - квестлов“ . Како што почнуваат да се откриваат сликите на екранот почнувам да се преиспитувам. Чекај, дали е ова навистина Стиви Вондер. Зошто лицата кои ги гледам од 60-тите изгледаат толку живо, како да стојат пред мене? Зошто музиката е толку богата што можам да ја допрам...или вкусам? Дали се ова навистина автентични снимки? И одговорот, дознаваме како го гледаме филмот е: да, тие се автентични. Нема никакви интервенции. Камерманите и продуцентите импровизирале за да можат да го уснимат фестивалот најдобро што можат. И почнуваат едно по едно легендарно име да се нижат на сцената, и низ таа низа на црни бисери (главно) да го слушаме и учиме социолошкиот и културолошкиот контекст на Харлем на крајот на 60-тите, кришка на општествен живот, кој ревербира до ден - денес. Очигледно. Како што му ѕвони шлаканицата на Вил Смит во ушите на Крис Рок. Почнува со Стиви Вондер, а завршува со настапот на Нина Симон. Како e да гледаш митолошко суштество во очи? Moжеби нема никогаш да знаеме, но сигурна сум дека е прилично блиску до чувството додека ја слушаш Нина Симон како зборува помеѓу нумерите, и се обраќа на екстатичниот Харлем кој се измолкнал масовно на овој фестивал во истиот момент кога човекот стапнал на Месечината. Бели телевизиски куќи ги прашуваат посетителите што мислат за тоа и се навредени од одговорот: овој фестивал повеќе нѝ значи од тие прескапо платени неколку чекори. Како што авторите на документарецот забележуваат: на 100-на милји од Харлем е Вудсток. За Вудсток слушавме толку многу низ годините. ПРиказни, филмови, митови и легенди, но за Фестивалот на соулот каде настапија вистински џинови на музиката, и покрај грчевитите напори на оние кои го составиле - пропаднал во заборавот. Ситуација која трагично и трогателно можеме да ја препознаеме. Но дали можеме вистински да ја примиме пораката - дека навистина не мора да биде така? Филмот може да се гледа, и слуша и на друг начин. Можете сосема да го изземете социјалниот контекст на немири, цивилни права, будење на гордоста во идентитетот на едно американско малцинство и да го гледате филмот како концерт. И повторно ќе добиете нешто неверојатно вредно. Денес лесно е да дојдеме до филмови на интернет, но овој дефинитно е еден од оние филмови, токму поради настапите и музкиката, кој ќе даде многу повеќе на големо платно во кино. Чиста среќа во сабота (10.12), во 21:00 во Фросина ќе ја имаме таа шанса.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page