top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Грајмс и Елон Маск имаат второ дете-ќерка, Грајмс и Елон Маск имаат второ дете-ќерка, грајмс-и-елон-маск-имаат-второ-дете-ќерка

    Грајмс откри во интервјуто за Венити Фер дека имаат тримесечна ќерка, која ја викаат нагалено Вај(Y), која ја добиле преку сурогат. Полното име и ́ е Exa Dark Sideræl. Тоа е нивното второ дете, првото е син(веројатно - модерните родители се воздржуваат да го наметнат родот на своите деца) кој го викаат Екс( X) - а целото, владино име му е X Æ A-Xii, кое Грајм објаснува се изговара : „"како буквата X.А потоа A.I."(ЕјАј). . Таа ја викнала новинарката на Vanity Fair да разговараат за нејзиниот албум Book1 (во моментот кога го пишуваме ова го нема на стриминг платформите) кога се слушнало плач на бебе од горниот спрат(Икс бил со татко му). Новинарката првично го игнорирала,но морала да праша: - Дали имаш уште едно бебе во твојот живот, Грајмс? „Јас немам слобода да зборувам за овие тема. Што и да се случува со семејните работи, само чувствувам дека децата треба да се држат настрана. “ Но сега веќе воопшто не е тајна - тие добиле дете со сурогат, затоа што минатата бременост била исклучително комплицирана, не само што се соочувала со крварења, туку бебето притискало на нерв а тоа резултирало со паѓања кои во подоцнежните стадиуми на бременоста биле опасни и за нејзе и за бебето. Минатата есен Маск, откри дека тие веќе не се заедно, односно дека се наполу заедно, а кога новинарката на Vanity Fair ја прашала Грајмс да појасно дали се заедно таа одговорила : „ Да. Не. Што подразбирате под „заедно“? „Нема вистински збор за тоа“, започнува таа. „Веројатно би го нарекувала како мој дечко, но ние сме многу флуидни. Живееме во посебни куќи. Ние сме најдобри пријатели. Се гледаме цело време… Ние едноставно си имаме секој своја работа на која работиме и не очекувам другите луѓе да го разберат тоа..Сега сме во најдоброта ситуација во која што некогаш сме биле... Треба само да бидеме слободни“. Тие планираат да имаат и повеќе деца. „Отсекогаш сакавме барем три или четири“. За нивната врска вели дека таа е негов бот за задоволство: „ „Продолжуваме да го водиме овој разговор каде што Е вели: „Дали си вистинска? Или живееме во моето сеќавање, а ти си како синтетизиран придружник кој е создаден да биде мој и овде?“ Степенот до кој се чувствувам конструирано да бидам таква совршена придружничка е луд“. Признаваме дека се боревме со цела сила да не го гледаме ова со голема доза на цинизам и потсмешливост, и се потсетивме дека студентите на уметност (што Грајмс сакала да биде но немала пари) често си земаат слобода да си поигруваат со јазикот и начинот на кој ја перцепираат реалноста, а фактот дека тие и надвор од младешкиот ентузијазам (таа во своите 30ти а Маск во своите 50ти) се́ уште си даваат дозвола на себе да бидат креативни во комуникацијата на пример, е шармантно. За тоа како е да се гради фамилија со официјално најбогатиот човек на светот, вели „Мислам, кога луѓето велат дека сум класен предавник, тоа не е...неточен опис . Од припадник на крајната левица се претворив во суштински капиталистички демократ. Многу луѓе се разбирливо вознемирени“. Но таа сака да знаете дека тој не е олицетворение на расипнички луксуз „Како, братот не би добил ни нов душек“. Ова се однесува на заедничкиот живот во Лос Анџелес. Нејзината страна од душекот имала дупка во неа. Кога таа го покренала прашањето, тој предложил да го заменат неговиот душек со оној во нејзината куќа. Сега душеците се во ред. Сепак: „Братот не живее како милијардер. Братот живее на моменти под прагот на сиромаштија. Зарем не може да живееме во многу несигурна куќа од 40.000 долари, до степен до кој бев јас? Каде што соседите не снимаат, а нема обезбедување, а јас јадам путер од кикирики осум дена по ред?“ Баш ни́ е жал...дали има Go Fund Me да донираме, да застанат на нозе? :( На Илон Маск ова му е девето дете, а на Грајмс второ. р

  • Домашна канцеларија: традиционална шпанска куќа реконструирана во дом со канцеларија, Домашна канцеларија: традиционална шпанска куќа реконструирана во дом со канцеларија, домашна-канцеларија-традиционална-шпанска-куќа-реконструирана-во-дом-со-канцеларија

    Работата од дома и хибридната работа се трендови кои го обликуваат начинот на работа во иднина. Откако пандемијата на COVID-19 ја промени работната средина, многу компании и вработени ги открија предностите на работењето од дома и сега ја воведуваат како стандардна пракса. Работата од дома овозможува балансирање на флексибилноста и продуктивноста. Со помош на технологијата, вработените можат да работат од каде и кога сакаат, што им дава поголема флексибилност да ги организираат своите обврски и да го креираат својот сопствен работен ритам. Од друга страна, хибридната работа ги комбинира предностите на работата од дома со личните интеракции во канцеларијата. Овoј модел на работа овозможува тимска соработка и креативни средби, додека и понатаму ги користи бенефициите на работа од далечина. Секако, овие трендови им носат на вработените повеќе влијание и контрола над нивните работни услови. Во иднина, сѐ почесто работното место ќе биде онаму каде што е најпродуктивно и најудобно за секој работник, давајќи им можност за постигнување на порелаксиран и задоволителен професионален живот. Студиото кое ја дизајнираше и пренамени традиционалната валенсијанска куќа во семејна куќа во која има домашна канцеларија го објасни својот пристап на реконструкцијата: ,,Разбирањето на архитектурата и градот како потпора за животот, како сценарио кое генерира и овозможува различни врски и стилови на живот, е принципот по кој се водат интервенциите што ги правиме од Fent Estudi. Предлогот произлегува од континуираниот дијалог со овие два проектни елементи. Постоечката куќа, со своите наметнувања и можности, и семејството што ќе ја насели, со нивните обичаи, нивниот начин на живот, надежите и очекувањата. Под оваа призма, секоја интервенција ќе биде различна, како резултат на логиката на локацијата на куќата и на нејзините жители, Тони и Нуриа. Процес на постојана одлука за тоа што ќе остане и што е неопходно, што ќе се измени или не може да се спаси. Процес, исто така, на прогресивно разголување, на откривање и средба со структурите рутите, визуелните елементи, светла, струи, мириси, звуци, рефлексии, предмети... со сѐ што му дава идентитет и значење на местото. Предизвикот со кој се соочуваме е да произведеме висока вредност на една анонимна, народна градба, каде што нејзината искреност е конструктивна, а нејзината автентичност е депонирана во нејзините агли, керамика, патеки, сенки и седименти, покажувајќи го споменот на куќата што е почувствувана, која дишеше, живееше... Оваа логика на архитектонска интервенција е донесена со фотографирањето на куќата. Се определуваме за слики полни со живот, во кои е фундаментално присуството на жителите. Како што вели Ксавиер Монтејс во Casa Collage, ние се обидуваме да ги избегнеме „оние слики од домашни ентериери прикажани во архитектонски публикации кои се чини дека систематски го избегнуваат присуството на луѓето и нивните предмети; како овие ентериери да се веќе завршени, без потреба или без можност да бидат уредени или населени“. Во историскиот центар на Торент ја наоѓаме „Ca La Maña“, куќа изградена во 1920 година која е класифицирана како локален релевантен имот поради нејзината типологија на традиционална Валенсијанска куќа (живеалиште, двор, платформа). Оваа оригинална шема беше модифицирана со текот на годините со прилепување на одредени несоодветни надградби за сместување на кујната и бањата, значително намалувајќи ја површината на дворот. Проектот предвидува акција за рехабилитација која ја почитува типоморфологијата на имотот, неговата надворешност и елиминирање на несоодветните елементи кои постојат во внатрешниот двор. Кујната е проектирана како независен композициски елемент и формално за да се разликува од првобитната градба, решавајќи ја типолошката/функционалната структура релација со посовремен поглед. Целата интервенција има за цел да ја почитува типоморфологијата и карактеристиките кои ја карактеризираат традиционалната валенсијанска куќа."

  • Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?, Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?, зошто-се-жените-толку-маргинализирани-во-рокенрол-куќата-на-славните

    Јас се впуштив во овој бизнис за да пишувам одлични песни и да се журкам. Бев брз ученик. Го читав секое музичко списание што ќе ми дојдеше до рака и на 12 години, откако издигестирав многу изданија на Creem, решив да ја засновам мојата личност на Лестер Бенгс, рок-критичарот раскажувач; неговата постојана верба во трансформативната моќ на одлична рок песна се совпаѓаше со моето. (Исто така бев опседната со неговите непрестани расправии со Лу Рид – ме затекнуваа, но ги сакав). Уметниците и нивните песни го обликуваа мојот живот, моите верувања, мојата само-концепција како музичар – ‘ржечката Pissing in the River на Пети Смит, Barracuda на Heart, Dead End Justice на The Runaways, чии текстови уште ги знам од збор до збор. Но, она за што ниту едно списание или албум не можеше да ме научи или подготви е колку исклучителен треба да бидеш, како жена и уметник, за да ја држиш главата над вода во музичкиот бизнис. Прекрасниот Чак Ди рапуваше “Elvis is a hero to most, but he doesn’t mean shit to me” ( „Елвис е херој за повеќето, но тој за мене е срање“). Се согласувам. Биг Мама Торнтон за прв пат ја отпеа Hound Dog, напишана за неа (а, можеби и со неа) во 1952 година, што подоцна го стави Кралот на радио. Сестрата Розета Тарп ја препеа, исто така, нејзината верзија беше и најжестоката. Нејзината песна Strange Things Happen Every Day е снимена во 1944 година. Токму овие песни и нејзиното евангелско свирење гитара, ја сменија музиката засекогаш и го создадоа она што сега го нарекуваме рокенрол. Кога започна Куќата на славните на рокенролот во 1983 година, би помислиле дека можеби ќе сакаат да започнат со Сестра Розета, со оние први акорди што ја зазвучеа песнарката од која сега сите пееме. Првичните индуцирани, беа Чак Бери, Џејмс Браун, Реј Чарлс, Литл Ричард, Сем Кук, Фетс Домино, Еверли Брадерс, Бади Холи, Џери Ли Луис и Елвис Присли, ниту една жена на повидок. Сестра Розета не бепе примена, сѐ додека Рок куќата не беше јавно засрамена да ја додаде во 2018 година (таа беше на американска поштенска марка две децении пред Рок куќата да ја прифати). Биг Мама Торнтон, чија снимка на Ball’n’Chain исто така ја оформи оваа нова форма на музика? Сè уште не е примена. Денес, само 8,48% од индуцираните се жени. Номинациите за овогодинешната класа, објавени минатиот месец, понудија годишен потсетник за тоа колку една жена мора да биде извонредна за да влезе во клубот на старите момчиња (уметниците ги исполнуваат условите 25 години по објавувањето на нивната прва снимка). За една година беа номинирани повеќе жени отколку во кое било време во нејзината 40-годишна историја. Таму беа иконокластите: Кејт Буш, Синди Лаупер, Миси Елиот, две жени во бендови кои ја дефинираа сопствената ера: Мег Вајт од White Stripes и Џилијан Гилберт од New Order, и жена која го субвертираше клубот за момчиња, Шерил Кроу. Сепак, на овогодинешната листа, имаше неколку легендарни жени, кои мораа да се оладат, додека чекаат да бидат забележани. Ова беше четврта номинација за Буш, визионер, првата жена изведувач, што го освои првото место на топ-листата во Обединетото Кралство со песна што ја напишала (1979 Wuthering Heights) на 19 години. Таа стана подобна во 2004 година заслужено, во неговата прва година на подобност, заедно со Џексон Браун, ZZ Top, Traffic, Боб Сегер, Dells и Џорџ Харисон. Ко-основачот и тогашниот претседател на Рок куќата, Јан Венер (кој е исто така и ко-основач на Ролинг Стоун) беше примен и самиот. Но, Буш не успеа да се најде на гласачкото ливче до 2018 година - и таа сè уште не е вклучена. Не е важно што таа беше првата жена во историјата на поп музиката која ја напишала секоја песна на дебитантски албум, со продадени милиони примероци. Пионер на синтисајзери, и музички спотови, таа беше откриена минатата година од новата генерација обожаватели кога Running Up That Hill (A Deal With God) беше вклучена во хитот на Нетфликс Stranger Things. Таа сè уште прави албуми. А сепак нема гаранција дека таа ќе биде уфрлена оваа година. На Рок Куќата и́ беа потребни повеќе од 30 години за да ги воведе Нина Симон и Керол Кинг. Линда Ронштат го објави своето деби во 1969 година и стана првата жена која настапуваше на стадиони, но сепак беше примена заедно со Нирвана во 2014 година. Најневеројатно, Тина Тарнер беше примена како соло уметник, три децении откако ја доби номинацијата заедно со нејзиниот злоупотребувач Ајк. Зошто жените се толку маргинализирани од Рок куќата? Од 31 лице во одборот за номинации, само девет се жени.Според музичкиот историчар Евелин Мекдонел, гласачите на Рок куќата, составена од музичари и елитата на индустријата, се 90% од машкиот пол. Можете да ја отпишете Рок куќата како „гробница за бумери“ и да тврдите дека таа гради тотем на сопствената ирелевантност. Зошто да нѝ е гајле кој е примен, а кој не? Но, колку и да беа нејзините индукции за презир, Рок куќата е бедем против бришењето со кое се соочува секоја жена уметник без разлика дали копнее по честа, или сака да ја плукне. Сè уште е игра која ја препознава играта, историја создадена и забележана. Рок куќата е сила што создава кралеви во глобалната музичка индустрија (во САД се емитува на HBO). Индукцијата влијае на цените на билетите на уметниците, на нивните гаранции за изведба, на квалитетот на нивните кампањи за реизданија (ако воопшто се реиздадат). Овие можности се од оние кои го менуваат животот - ја прават разликата помеѓу турнеи во казина за секундарниот пазар, на кои настапуваат како предгрупи за комичари од втор ред; или да бидат хедлајнери на ценети фестивали. Рок куќата се прекри со сјај на гравитас, и долговечност што Греми наградите ги немаат. Особено за женските артисти - ветерани, индукцијата им дава статус што директно влијае на парите кои тие можат ги заработат. Тоа е еден од единствените начини, и секако највидливиот, за оставштината на овие жени, и влијанието, да се почитуваат со непосреден материјален ефект. „Ова не се песни, ова се химни“ (“These ain’t songs, these is hymns”), да го цитирам Џеј Зи. Цртата е демонстративно пониска, за мажите да можат да ја прескокнат (или да се лизнат под нејзе). Рок куќата, ги признаа Pearl Jam околу четири секунди откако беа квалификувани - а сепак Чака Кан, која ги исполнува условите од 2003 година, згаснува, со седум номинации. Сепак, не е сѐ изгубено - Рок куќата прави специјална програма за месецот на женската историја, на нејзината сценска облека... Она што го прави „секогаш-деверица“ (никогаш невеста) статусот на Кан, особено трагичен, е тоа што таа била, е, и секогаш ќе биде прародител. Едноставна фигура, таа е кралица на фанкот уште од кога едвај ја навршила тинејџерската возраст. Како што рече Рики Ли Џонс: „ Тука беше Арета, а потоа и Чака. Ќе чуевте како пеат и знаевте дека никој никогаш не го сторил тоа, претходно“. Сепак, Кан ја смени музиката. Кога беше на сцената во нејзиниот комплет со пердуви, изведувајќи ја Tell Me Something Good, носејќи ја на сите места каде што оди, таа отвори либиденален нов свет. Сензуалност, Црност, таа беше толку многу слободна. Тоа беше божествено. И никогаш повеќе ништо не беше исто. Но, и покрај сите нејзини исклучителни таленти и достигнувања - и ако постои нешто што жените во музиката мора да бидат, тоа е бескрајно исклучителни - Кан не ја убеди Рок куќата. Нејзините заслуги, нејзините Греми награди, нејзината долговечност, нејзиниот занает, нејзината упорност да преживее како млада Црна жена со сопствен ум во музичкиот бизнис од 70-тите, мостот пред рефренот за Close the Door- ништо од тоа не заслужува канонизација, или така вели Рок куќата. Креирањето канони на Рок куќата, не мириса само на сексистичко пазење на капијата, туку и наменска неупатеност и непријателство. Оваа година, еден од гласачите изјави за списанието Vulture дека едвај знаеле која е Буш - во годината кога таа имаше светски сингл број 1, 38 години откако првпат го објави. Потенцијалната индукција на Мег Вајт како половина од White Stripes (во нивната прва година на подобност) поттикна отворено презирлив дискурс на интернет, чувствувате дека доколку гласачите би можеле да го примат Џек Вајт без неа, тие би го направиле тоа денес. И сепак, таа ќе биде само третата тапанарка таму, по Џина Шок од Go-Go’s и Мо Такер од Velvet Underground. Каде е Шила И – ги исполнува условите од 2001 година? Не изгледа добро ниту за црните уметници. Beastie Boys беа примени во 2012 година пред повеќето црни хип-хоп изведувачи од кои научија да римуваат. A Tribe Called Quest, подобно од 2010 година чија музика создаде нова граница за хип-хопот, беа номинирани минатата година и повторно оваа година, како фрлање на коцките, наспроти белите рокери со кои се принудени да се натпреваруваат на гласачките ливчиња. Ако толку малку жени се примени во Рок куќата, тогаш комисијата за номинација е расипана. Ако толку малку црни уметници, толку малку жени од боја, се примени, тогаш процесот на гласање треба да се промени. Музиката е животна сила која постојано се развива и тие не можат да држат чекор. Срам да му е на HBO што ја поддржува оваа фарса. Доколку Рок куќата не е подготвена да ги погледне начините на кои го реплицира насилството на структурниот расизам и сексизам со кои се соочуваат уметниците во музичката индустрија, доколку не може соодветно да го почитува она што жените уметници - визионерки, го создале, иновирале, револуционизирале и придонеле за популарната музика. – па, тогаш нека оди по ѓаволите во чанта. Кортни Лав е пејачка, музичарка и актерка

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page