Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Мартина Спасовска со изложба „Прегрнати лузни“ | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%E2%80%9E%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BB%D1%83%D0%B7%D0%BD%D0%B8%E2%80%9C-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Мартина Спасовска, прегрнати лузни, изложба 14.11.24 г., 18:00 Изложба која размислува за длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање. Скопје, 3 септември 2024 – Центарот за современи уметности во Скопје ќе биде домаќин на изложба насловена „Прегранати лузни“ чиј автор е уметницата Мартина Спасовска. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 3-ти септември, во 20 часот во мобилната/монтажна галерија во паркот на Франкофонијата. Изложбата, која ќе биде отворена до 15 септември 2024 година, претставува инсталација од отпаден текстил, која истражува и претставува човечкото тело како главен елемент на уметничкиот израз. Спасовска продолжува да го проучува концептот на човечката идентификација преку мотивите на лузните – како физички и симболички белези кои ги обележуваат нашите тела и искуства. Со оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со длабочината и значењето на лузните како уметнички израз и средство за саморазбирање, размислување за улогата на лузните во нашето перцепирање на себе и на другите. Уметничко - просторната инсталација на Мартина Спасовска претставува проект што го истражува концептот на лузните како симболи на човечките искуства. Користејќи големи платна што висат од таван до под, уметницата создава интерактивен простор во кој публиката може да се соочи со своите лични и универзални искуства. Инсталацијата вклучува висечки скулптури од отпаден текстил кои се обработени на начин што им придава изглед на различни видови лузни. Преку оваа визуелна интервенција, Спасовска ги истражува како физичките така и емоционалните рани прифатени како дел од нашата животна приказна. Секоја лузна на платното носи со себе уникатна приказна – било да се работи за суетни флеки или изразени белези, кои симболизираат различни аспекти на нашите искуства и животни моменти. Инсталацијата не само што ги прикажува лузните, туку и ги истражува нивните длабочини и значења. Разновидноста на текстури, од мазни и еластични до груби и рапави, служат како метафора за различните начини на кои нашите искуства и предизвици го обликуваат нашиот идентитет. Интеракцијата на публиката со инсталацијата, поминувајќи помеѓу скулптурите, создава можност за размислување и прифаќање на сопствените несовршености. Спасовска преку својата работа не само што ја истражува уметноста на лузните како физички белези, туку и ја поттикнува публиката да размислува за начинот на кој тие лузни, било да се видливи или невидливи, играат клучна улога во обликувањето на нашите животи и идентитет. - Анита Ивковиќ Мартина Спасовска е млада визуелна уметница, дипломирана на Факултетот за Ликовни Уметности во 2023 година со насока сликарство. Нејзините дела се насочени кон истражување на емоционалните состојби на човекот, користејќи го човечкото месо како централен мотив. Со своите дела, таа ги испитува прашањата за идентитетот, комбинирајќи страв, емпатија, деликатност, ранливост и моќ. Мартина има учествувано на бројни групни изложби низ Македонија, Англија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција, а својата прва самостојна изложба ја реализираше во 2023 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Светло-зелениот мурал на Бенкси се појавува на Денот на Свети Патрик, Светло-зелениот мурал на Бенкси се појавува на Денот на Свети Патрик, светло-зелениот-мурал-на-бенкси-се-појавува-на-денот-на-свети-патрик
Нов мурал на Бенкси на фасада на станбена зграда на лондонскиот Хорнси Роуд се појави на Денот на Свети Патрик. Нов мурал на Бенкси се појави во лондонската населба Финсбери Парк во текот на викендот, на задоволство на жителите на Хорнси Роуд. На фасадата на, во моментов, празна станбена зграда, светло-зеленото дело се усогласува со искастрените гранки на дрвото со ограда за да личи на тажна врба, додека препознатливата фигура со стенсил, која држи црево, е свртено накај дреч-зелено, и од која капе зелена боја. Лондончаните но подеднакво и аутсајдерите, шпекулираа дека тоа е парче од Бенкси откако се појави на Денот на Свети Патрик, и излезе дека беа во право кога уметникот го објави делото на Инстаграм, само со слика но без натпис, на 18 март. Неколку граѓани од соседството изјавија за Гардијан дека тие веруваат дека муралот ја коментира моменталната климатска криза. Лидија Гуера, која живее на Хорнси Роуд, го сфати делото како порака за „борбата на природата“. Пред дополнувањето на Денот на Свети Патрик, претходно дело на Бенкси - антивоено дело додадено на знакот за стоп во Лондон во декември 2023 година - беше украдено неколку часа по потврдување на автентичноста на уметникот на Инстаграм. Помалку од еден месец пред да биде украден знакот стоп, муралот на Бенкси од 2017 година кој се однесува на Брегзит беше срушен во Довер, Англија, бидејќи беше на страната на осудената зграда. Коментарите на најновата објава на Бенкси на Инстаграм забележаа дека барем крадците нема да му го украдат муралот.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



